МИА ФлешПакети

МИА Флеш

10 април 2020

10 април 2020

Париз, 10 април 2020 (МИА) – Во Катедралата Нотр Дам, која пред една година беше оштетена во пожар, парискиот надбискуп Мишел Упети ќе ја предводи службата по повод Велики петок според грегоријанскиот календар.

За време на церемонијата, планирани се молитви, читање религиозни текстови и музика, но без поголемо присуство на верници.

Службата, на која ќе учествуваат само мал број луѓе, бидејќи катедралата е затворена за јавност, ќе биде пренесувана во живо.

Тирана, 10 април 2020 (МИА) – Од италијанското пристаниште Бари,со траект кој испловил синоќа, се пренесуваат телата на 12 албански државјани, кои починале од новиот корнавирус.

Траектот ќе вплови во албанското пристаниште Драч,по што возилата со посмртните останки ќе продолжат до родните места на починатите, каде ќе бидат погребани само со неколку најблиски роднини.

„Поради состојбата со коронавирусот, во Албанија, на погребите присуствуваат само по едно до две лица најблиски роднини, а се случува доколку најблиските се во странство, погребот да помине и без присуство на роднини,како што беше случајот со неколку постари жени.

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 24 април, откако денешното рочиште беше одложено поради состојбата со корона вирусот во Затворот Шутка.

Случајот се наоѓа во фаза на дополнение на доказна посапка, а на денешното рочиште требало да се презентираат вештачења на ЈО.

– Денешното рочиште се одложи поради состојбата со коронавирусот во Затворот Шутка и треба да продолжи на 24 април. Во фаза сме на изведување на докази од ЈО – вештачења за кои треба да се потврди дали тие вешти лица имаат лиценци и да се пристапи кон изведување на тие вештачења, информираше за МИА, адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев.

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Директорот на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабоски денеска истакна дека субвенциите за тутунот, по програмата за 2019 година ќе бидат исплатени во најскорен можен рок, веднаш штом за тоа се создадат услови.

Тој информира дека за 28.070 корисници на оваа финансиска поддрша веќе се изготвени решенијата и во многу брз период ќе бидат исплатени. Сите останати основни мерки предвидени по оваа програма, како што појасни Бабовски, веќе се исплатени.

Љубљана, 10 Април 2020 (МИА) – Здружението на новинари на Словенија (ДНС) остро реагираше на писмото на Владата кое како одговор на критиките за притисок врз медиуми и новинари, во вторникот го испрати до Советот на Европа.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана,Здружението на новинари на Словенија испрати соопштение до јавноста во кое пишува дека со содржината на владиното писмо, во кое се тврди дека медиумите се пристрасни, десничарската Влада предвидена од партијата на Јанша, „се одржуваат идеолошките стојалишта на Словенечка демократска партија (СДС)” и дека со истото се нарушува угледот на државата во странство.

Тирана,10 април 2020(МИА) – Во Албанија и понатаму опаѓа бројот на новозаразени со коронавирус, а се зголемува бројот на излекуваните.

Во последното деноноќие новодијагностицирани се само седум случаи, со што вкупната бројка на заразени изнесува 416 лица. Во исто време излекувани се 17, со што вкупната бројка се зголеми на 182 лица.

-Во последните 24 часа извршени се 162 тестирања, при што само седум од нив се со позитивен резултат. До сега тестирани се вкупно 3.385 сомнителни случаи, а Ковид-19 е дијагностициран кај 416 од нив.

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Членови на Владата имале контакт со претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој е тестиран за Ковид19, откако имал контакт со заболено лице. Неговите резултати се чекаат, а дали ќе бидат тестирани ќе добијат информација од министерот за здравство.

Ова го истакна минисерката за финансии Нина Ангеловка одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфренција по средбата со претставници од угостителскиот сектор.

Белград, 10 април 2020 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе започне со производство на нешто што наликува на хлорокин.

– За еден месец ќе имаме 50.000 кутии, што е доволно за Србија, рече Вучиќ.

Во меѓувреме, српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ рече дека земјата се наожа во тешка седмица и дека бројот на болни и мртви ќе се зголеми до Велигден.

– По Велигден, прогнозата е дека бројот на пациенти ќе почне да опаѓа, а потоа ќе имаме пад до крајот на април, вели Тидоровиќ.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close