МИА ФлешПакети

МИА Флеш

10 април 2020

10 април 2020

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – По сознанието дека во Истражниот затвор во Шутка почина еден притвореник кај кого постмортем е докажано присуство на коронавирус, во текот на вчерашниот ден во истражниот затвор се направени прегледи и земени брисеви од 30 притвореници, соопшти Министерството за здравство.

-Денеска, во истражниот затвор во Шутка се испратени појачани медицински екипи на здравстениот дом кои ќе направат прегледи и ќе земат брисеви од сите кои престојувале во истото одделение со починатиот, а прегледани и тестирани на Ковид -19 ќе бидат и вработените во одделението, велат од Министерството за здравство.

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 20 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од ОЈО Скопје.

– За 19 обвинети Обвинителството поведе постапка затоа што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, соопштија од обвинителство.

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР забраната за движење на ниво на целата држава не ја почитувале 90 лица, при што приведени се 57, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистичките податоци на 20 лица им се издадени решенија за изолација, а 241 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.607.595 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 95.785, а оздравеле 357.164 луѓе.

– Велика Британија организираше 12 летови од Индија за да врати 3.000 свои државјани во татковината, соопшти Би Би Си. Се очекува наскоро да бидат организирани уште пет лета, со што бројот на Британци кои ќе се вратат во својата земја ќе изнесува 5.000.

Мостар, 10 април 2020 (МИА) – Статуата на Брус Ли во Мостар, Босна и Херцеговина, осамна опремена со заштитна маска и ракавици… Инстраграм-страницата посветена на овој мајстор за боречки вештини наведува дека на тој начин, тој повторно станал симбол на борбата, овојпат против коронавирусот.

Ќерката на Брус – Шенон Ли пак, се потсети на неговата изрека: „Добриот борач никогаш не е гневен, туку подготвен“.

Њујорк, 10 април 2020 (МИА) – Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги предупреди членките на Советот за безбедност на Светската организација дека пандемијата на коронавирусот се заканува на меѓународниот мир и безбедност и потенцијално води кон зголемување на социјалните немири и насилства, што во голема мерка може да ја загрози можноста за борба против болеста.

Гутереш, на првиот состанок на СБ на ОН за пандемијата на коронавирусот, го повика телото да се обедини во борбата против болеста, посочување дека неговото учество ќе биде клучно за ублажување на ефектите од пандемијата врз мирот и безбедноста.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close