МИА ФлешПакети

МИА Флеш

27 ноември 2020

27 ноември 2020

Штип, 27 Ноември 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска од Штип порача дека состојбата во детските градинки се уште е под контрола.

-Бројот на позитивни дечиња во градинките е со денешна бројка изнесува 35, а 279 возрасни вработени во градинките. Тоа е бројката, што ја добив пред да пристигнам, малку коригирана со утринските бројки. Тоа се возрасни вработени, меѓутоа воспитувачи, негователи, градинари, луѓе коишто работат во кујна, односно персоналот кој овозможува непречено функционирање на детските градинки, вели Шахпаска.

Велес,  27 ноември 2020 (МИА) – Трети ден преку Здравствениот дом во Велес се вршат бесплатни брзи Ковид тестови. Како што информира за МИА,Николче Димовски директор на ЈЗУ Здравствен дом тестот го работи нивна екипа на лаборанти и лекар во зградата на поранешното Основно училиште „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“ .

Скопје, 27 ноември 2020 (МИА) – Да не се пијат антибиотици неконтролирано. Има сосема доволна количина лекови за третман на пациенти со Ковид-19. Ова не е болест за која има еден специфичен лек, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека огромен број клинички студии се прават и се уште нема еден лек за третман на болеста.

Приштина, 27 ноември 2020 (МИА) – Косовскиот премиер Авдулах Хоти ги демантира информациите објавени во дел од медиумите во Косово и Србија дека постои некаков „договор на добра волја“ меѓу двете земји за посетите на српски официјални лица на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Хоти порача дека Владата го почитува договорот за слободно движење на граѓаните, но дека секое барање за посета на функционери од Србија се анализира од страна на надлежните институции во Приштина пред нивното одобрување или одбивање.

Загреб, 27 ноември 2020 (МИА) – Хрватската економија падна за 10 проценти во третиот квартал во споредба со истиот период во 2019 година, што најмногу се должи на падот на личната потрошувачка, покажа денешната прелиминарна проценка на Централното биро за статистика.

Овој пад, според агенцијата Хина, е помал во однос на рекордниот минус од 15,4 проценти во вториот квартал.

Аден, 27 ноември 2020 (МИА) – Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против Хутите во Јемен изврши низа воздушни напади врз касарни кои ги кориари бунтовничката група во и околинаѕа на Сана.

Се уште е непознато дали во нападите има жртви.

Нападите уследија откако Хутите во понеделникот истрелаа проектили врз саудиската нафтена постројка во Џеда.

Париз, 27 ноември 2020 (МИА) – Младите се „главни жртви“ на кризата предизвикана од епидемијата со Ковид-19, според Опсерваторијата за нееднаквости во Франција. Затоа владата одлучи овој петок на 400.000 млади корисници на помош за стан или стипендисти да им додели помош од по 150 евра, јави дописникот на МИА.

Во 2018 година, 5,3 милиони сиромашни луѓе живееја со помалку од 885 евра месечно пред кризата. Од нив 52 отсто биле на возраст под 30 години.

Минск, 27 ноември 2020 (МИА) – Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека нема да биде на чело на државата кога ќе биде усвоен новиот устав.

– Јас не донесувам никаков устав за себе. Јас нема да работам како претседател со новиот устав. Затоа, смирете се, мирно поднесете го тоа, ја пренесуваат руските медиуми изјавата на Лукашенко.

Вашингтон, 27 ноември 2020 (МИА) – Американската компанија за онлајн трговија Амазон на вработените кои ги пакуваат и испорачуваат производите ќе им исплати еднократен празничен бонус во износ од 300 долари, откако синдикатите и други организации ја критикуваа фирмата поради укинувањто на екстра надоместоците за работа во ризични услови поради пандемијата со Ковид-19.

Амазон соопшти дека на работниците со полно работно  време ќе им бидат исплатени бонуси од 300 долари, а на хонорарците по 150 долари, ако работат во текот на целиот месец декември.

Back to top button
Close
Close