МИА ФлешПакети

МИА Флеш

26 ноември 2020

26 ноември 2020

Скопје, 26 ноември 2020 (МИА) – Сметам дека односот меѓу Бугарија и Македонија, во времето додека Македонија беше во рамките на Југославија, одамна е апсолвирано прашање и дека тука не смее да има никакви проблеми. И сите оние што сега го потегнуваат таквото прашање очигледно можат само да им пречат на односите меѓу Македонија и Бугарија, но и на мирното решавање на проблемите во целиот регион, вели поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ во интервју за МКД.мк.

Тај нагласува дека бугарското вето кон Северна Македонија не е во согласност со европските вредности, ниту во европски интерес.

Скопје, 26 ноември 2020 (МИА) – Намалена посетеност на кино салите, системски проблеми, пиратско симнување филмови, заборавена од државата и ставена на исто ниво со кафулињата, кафеаните и обложувалниците, се само дел од предизвиците и проблемите со кои се соочува филмската индустрија во нашата држава, а кои беа изнесени денеска на дебатата на тема „Кинодистрибуција во време на глобална пандемија“.

Дебатата, што се одржа во Џебното кино на Младинскиот културен центар во Скопје, ја органзираше Асоцијацијата на филмските дистрибутери на Северна Македонија во рамките на CINEIndustry филмскиот маркет.

Скопје, 26 ноември 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Италија Андреа Силвестри.

Спасовски, како што информираат од МВР, на средбата ја нагласил досегашната одлична  соработка  помеѓу двете Министерства за внатрешни работи, како и областите во кои истата би можела да се продлабочува во иднина. Истовремено биле посочени приоритетите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија меѓу кои и борбата против организираниот криминал, тероризмот и  илегалната миграција.

Скопје, 26 ноември 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорите на детските градинки со кои разговараше за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија, важноста од строгото почитување на Протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот како основен заштитен механизам и други прашања важни за непречено функционирање на детските градинки, соопшти МТСП.

На средбата која заради пандемијата од КОВИД 19 се одржа онлајн и на која учествуваа околу 70 директори, било констатиран дека состојбата во градинките е стабилна како резултат на почитување на мерките за заштита од ширење на вирусот, а потврда за тоа, како што било речено, се и бројките на позитивни случаи на КОВИД 19, на вработени и деца кои не се загрижувачки.

Софија, 26 ноември 2020 (МИА) – Интервјуто на премиерот Зоран Заев за агенцијата БГНЕС, претставува мал чекор во вистинската насока, изјави денеска во Велико Трново бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

– За ова му честитам на Заев. Тој собра храброст, поради што некои од неговите противници го критикуваат. Ако се продоложи вака, мислам дека следната година можеме да зборуваме за започнување на преговарачкиот процес, изјави Каракачанов при посетата на Националниот воен универзитет „Васил Левски“ во Велико Траново, кој одбележува 142 години од почетокот на военото образование во Бугарија.

Атина, 26 ноември 2020 (МИА) – Под слоганите „Мерки за заштита на здравјето и приходите“; „Бесплатно здравство за сите“; „Дајте пари за здравството“, денеска во Атина се одржаа неколку одвоени собири, организирани од различни федерации и здруженија што учествуваат во генералниот 24-часовен штрајк на Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестите беа мирни, со учество на мал број лица, кои се трудеа да ги одржуваат превентивните мерки за заштита од коронавирусот и сите носеа маски.

Приштина, 26 ноември 2020 (МИА) – Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека барањата на српските официјални лица за посета на Косово ќе се третираат „согласно чувствителноста на актуелната ситуација низ која минува земјата“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ваквиот став на Хоти уследи по писмото од специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, кој изрази загриженост поради неиздавањето дозвола од страна на косовското Министерство за надворешни работи на српскиот претседател Александар Вучиќ за посета на косовскиот север, населен со мнозинско српско население.

Атина, 26 ноември 2020 (МИА) – Постоечките рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот се продолжуваат до понеделник 7 декември во шест часот наутро, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Според тоа, карантинот во Грција, наместо на 30 ноември, ќе заврши една седмица подоцна, а Пецас објасни дека оваа одлука на Владата се наметнува поради епидемиолошката слика во земјата.

Хаг, 26 ноември 2020 (МИА) – Во Холандија во изминатите 24 часа регистрирани се 4.470 новозаболени лица од Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани се искачи над половина милион луѓе.

Бројот на новозарзени денеска е помал од вчера регистрираните лица.

Исламабад, 26 ноември 2020 (МИА) – Училиштата во Пакистан од денеска се затворени, а испитите се одложени со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Додека се очекува студентите од држаните и приватните факултети ќе продолжат со настава до 24 декември, кога почнува зимскиот распуст, што ќе трае до 11 јануари.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close