МИА ФлешПакети

МИА Флеш

25 ноември 2020

25 ноември 2020

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите Нации, чија цел е подигање на свеста за заштита и спречување на насилство врз жени и девојчиња и родово базираното насилство.

-Нужно секој од нас да има нулта толеранција на сите форми на родово базирано насилство, во секоја сфера – во семејствата, во училиштата, во институциите, на работните места, на интернет, во медиумите, на јавните простори, вели претседателот Пендаровски во пораката по повод кампањата.

Скопје – Сите ние, а особено, ние мажите, имаме општествена одговорност да создаваме атмосфера во која насилството врз жените е неприфатливо и срамно, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“ по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените.
Во фејсбук статусот, Заев апелира до жртвите на семејно насилство да не молчат и случајот да го пријават во надлежните институции.
– Една од моите лични заложби е мирното решавање на сите конфликти низ разговор, низ дијалог, на достоинствен начин и со почит кон другите во политиката и во мојот приватен живот. Во период кога поради кризата со пандемијата од КОВИД-19 сите повеќе седиме дома, регистрирано е зголемување на насилството врз жените. Затоа, многу е важно жените да не молчат, да кажат НЕ на насилството и веднаш да пријават: www.mtsp.gov.mk/prijavi-semejno-nasilstvo.nspx. , пишува Заев.

Скопје – Едукација, зголемување на дигиталните вештини, намалување на сивата економија, како и субвенции и даночни олеснувања се дел од активностите што се потребни за поттикнување на е-трговијата. Воедно,  потребно е модернизирање и дигитализација на институциите за елиминирање на комплексните административни процедури, промотивни активности за зголемување на свеста, како и обновување на регулативата.

Тие препораки се дел од анализата за е-трговијата во државава што беше презентирана на отворањето на дводневната конференција за е-трговија „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“, што се одржува онлајн со над 300 учесници.

Скопје – Првиот заменик претседател на Владата Артан Груби денеска ќе престојува во посети на Косово.

Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, Груби во Приштина.ќе има работен
состанок со заменик-претседателката на Владата на Република Косово, Албулена Балај-Халимај.

Скопје – Првото рочиште по предметот „Моќник” се одложи за 23 декември поради неприсуство на повеќе од обвинетите, дел поради неуредно добиено известување, а дел поради КОВИД-19.

Обвинетиот Томе Аџиев, со уредна документација го известиле судот дека е позитивен на КОВИД-19, додека обвинетиот Миосим Војнески дека има наредба за самоизолација поради контакт со заболен. Тројца од обвинетите не присуствуваа поради неуредна покана.

Скопје – Министерката за образование и наука Мила Царовска во видеообраќање по повод одбележувањето 16 дена активизам рече дека за родово базираното насилство треба гласно да зборуваме постојано, а не само во деновите кога трае кампањата.

Како што соопшти МОН, Царовска која е и долгогодишна активистка во борбата и јакнењето на женските права, рече дека Владата, но и Министерството за образование и наука посветено работат на искоренување на насилството врз жените и девојчињата, а тоа се прави во сите сегменти во општеството и низ образованието.

Скопје– Првото полугодие на учебната 2020/2021 ќе заврши на крајот на годинава, а второто ќе почне на 21 јануари 2021. Предвремен зимски распуст не е потребно зашто во училиштата нема ширење на вирусот, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на прашање за предлогот  од опозицијата распустот да почне порано.

Царовска рече дека не слушнала аргументи од опоцизијата со кои тој предлог би бил оправдан, наведувајќи дека бројот на заразени ученици и наставници во наставата со физичко просуство во целата држава е помал од 1 процент.

Скопје – Поради дефект на шибер-затварач Ф 150 “на Бул.Јане Сандански бр.104, денеска без вода ќе бидат корисниците од Јане Сандански од бр.86 до 104.

Како што соопти ЈП Водовод и Канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на дефектот.

Скопје – Корисниците од улиците „Владимир Каваев“, „Кленоец“, „Ангел Динев“, „Бабуна“ и „Пресека“ во населбата Влае денеска од 11:30 часот ќе останат без водоснабување.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на приклучна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Владимир Каваев“ бб.

Скопје – Општествената заедница во целина, ние како претставници на клучните институции надлежни за овозможување на услови за практикување на сите човекови права и слободи, работиме во насока на препознавање на родово базираното насилство и насилството врз жената, негово навремено детектирање и активен однос при преземање мерки за негова превенција.

Ова го порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на онлајн настанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“, кој има за цел подигање на општествената свест и поттикнување на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, во организација на Министерството за труд и социјална политика.

Скопје– КОВИД-19 влијаел на промената на потрошувачите навики на македонските е-купувачи и 36 проценти од нив го зголемиле обемот на онлајн купување. Од почетокот на кризата е забалежан раст од 177 проценти во онлајн трансакциите кон домашните е-трговци. Најголем предизвик за е-трговците е ниското ниво на дигитални вештини на населението, а потоа наоѓањето квалификуван кадар, беше истакнато денеска на конференција за е-трговија „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“, што се одржува онлајн, во организација на Македонската асоцијација за е-трговија.

Е-трговците дале просечна оценка 4.2 за тоа дека КОВИД-19 отвори можности за раст и развој на е-трговијата, а 3.6 за тоа колку ги искористиле можностите. Како резултат на кризата 10 проценти го намалиле бројот на вработените, 22 проценти го зголемиле, а 15 проценти затвориле дел од физичките локации. Вкупната продажба се зголемила кај 46 проценти, а се намалила кај 29 проценти од е-трговците.

Приштина – Публицистот Ветон Сурои вели дека повеќе не се дискутира дали ќе има избори во Косово, туку кога тие ќе се одржат во следните три месеци, јави Клан Косова.

Иако во јавноста се доби впечаток дека во случај на избори, победник ќе биде Самоопределување во коалиција со друга партија, Сурои вели дека не е сигурен како ќе се одвиваат изборите, пренесува Танјуг.

Атина – Осум од десет жени кои пријавиле насилство во Грција, како во периодот од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2020 година, така и за време на првиот карантин, биле жртви на семејно насилство, а во повеќе од половината случаи, пријавата се однесувала на нивниот сегашен или поранешен сопруг, согласно податоците од годишниот извештај за насилството врз жените од Генералниот секретаријат за семејна политика и родова еднаквост на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Семејното насилство, со 84 отсто е најзастапениот вид на насилство врз жените во Грција за измината година, кое во 33, 5 проценти од случаите било манифестирано со психолошко насилство, 29,6 отсто вербално, а 28,8 проценти физичко.

Атина – Синдикатот на вработените во јавниот сектор, за утре закажа генерален штрајк во Грција, барајќи суштински мерки во справувањето на пандемијата, додека пак денеска, има проблеми во летовите од и кон Грција поради неколкучасовниот прекин на работата на контролорите на летање, јави дописничката на МИА од Атина.

Во утрешниот генерален штрајк ќе учествуваат и Федерациите на вработените во државните болници и на просветните работници во средните училишта.

Лос Анџелес – На бреговитe на архипелагот Чатам, 680 километри југоисточно од Нов Зеланд, 100 делфини се најдени насукани и угинати, јави радио „Нов Зеланд“.

Според податоците, редарите кои пристигнале на местото пронашле мртви 97 црни делфини и три клунести делфини. Други 26 единки биле живи, но спасувачите морале да ги еутаназираат, бидејќи биле премногу долго на копно и не било можно да се вратат в море.

Берлин – Едно лице е повредено во инцидентот кога автомобил се заби во оградата на влезот на  канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, јави ДПА. Лекарите со брза помош и помагаат на жртвата.

Според германската агенција, оградата на објектот не претрпе сериозни штети.

Адис Абеба – Етиопскиот премиер Абиj Ахмед денесka ги отфрли меѓународните повици за дијалог за запирање на борбите во регионот Тиграј, нарекувајќи ги „мешање“ во внатрешните работи и рече дека неговата земја сама ќе се справи со конфликтот.
Етиопија „ја цени добронамерната грижа на нашите пријатели, но ние отфрламе какво било мешање во нашите внатрешни работи“, соопшти кабинетот на етиопскиот премиер Абиј Ахмед, непосредно пред истекот на неговиот 72-часовен ултиматум до регионалните водачи на Тиграј да се предадат.

„Меѓународната заедница треба да се држи настрана се додека етиопската влада не поднесе барање за помош до заедницата на држави. Ние со почит ја повикуваме меѓународната заедница да се воздржи од какви било несакани и незаконски акти на мешање”, се вели во соопштението.

Њујорк – Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш посочи дека насилството врз жени и девојчиња ширум светот стои на патот на остварувањата на човековите права и дека пандемијата на коронавирусот го направи овој проблем уште појасен, како и потребата од итно преземање мерки за борба против него.

Во писмената изјава доставена до медиумите по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, Гутереш истакна дека социјалните и економските последици од пандемијата во поголема мерка се рефлектираат кај жени и девојчиња кои ги туркаат во сиромаштија, а ризикот од насилство врз нив станува поголем.

Торино – Натпреварот од 4. коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Ференцварош (2:1) беше уникатен за Јувентус. За прв пат по 123 години и 4371 натпревар од својата историја, клубот од Торино играше без Италијанци во одбранбената линија и на голот.

Голман на синоќешниот меч беше полскиот интернационалец Војчечх Шчесни, додека во дефанзивната линија се најдоа Бразилците Алекс Сандро и Данило, Колумбиецот Хуан Квадрадо и Холанѓанецот Матијас де Лихт.

Мајами – Центарот Едрис Адебајо ќе го продолжи договорот со Мајами, објавија медиумите во САД.

Според новиот договор, кошаркарот ќе заработи 163 милиони долари за пет години. Ова ќе биде најголемиот договор во историјата на клубот.

Ливерпул – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите очекувања од натпреварот од 4. коло во Лигата на шампионите против Аталанта.

– Има уште многу натпревари, и ќе се обидеме да го прикажеме нашиот најдобар фудбал со силните противници. Составот треба претрпи измени, ништо не може да се стори околу тоа. Не успеваме во сè на теренот, бидејќи распоредот не остава доволно време, изјави Клоп.

 

Back to top button
Close
Close