МИА ФлешПакети

МИА Флеш

7 април 2020

7 април 2020

– Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни и селективни и ќе придонесат за нивно дополнително задолжување.

– Во пораката по повод одблежувањето на Светскиот ден на здравјето кога се соочуваме со глобалната закана #COVID19, претседателот на државата Стево Пендаровски уште еднаш ги повика граѓаните да бидат одговорни и дисциплинирани.

– Студентите кои имаат потреба да ги посетат студентските домови за да подигнат оставени лични работи ќе може да го направат тоа во следните четири дена почнувајќи од денеска, во одредени периоди од деновите согласно со вонредниот полициски час и дополнителните ограничувања во слободата на движење.

– Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 14:00 часот ќе одржи седница.
Од владината прес-служба информираат дека за сите заклучоците што ќе бидат донесени ќе биде испратено соопштение, веднаш штом ќе заврши седницата.

– На одбележувањето на Светскиот ден на здравјето, премиерот Оливер Спасовски денеска им порача на здравствените работници да се чуваат себеси за да можат да ги чуваат граѓаните и јавното здравје.

– Денес е Светски ден на здравјето, кој оваа година Светската здравствена организација целосно го посветува на здравствените работници и во тој контекст сакам да им порачам да се чуваат себеси за да можат да не чуваат нас, нашите семејства и јавното здравје, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Спасовски.

– Во Албанија, во последните 24 часа регстрирани се шест новозаразени со коронавирус, од тестираните 182 сомнителни случаи.

Бројот на новозаразени денеска е најмал во последните денови, што влева надеж дека состојбата се стабилизира, оценуваат надлежните и апелираат на строго почитување на мерките и препораките на Владата.

-Еврокомесарот за финансии Јоханес Хан изрази загриженост во врска со итните закони донесени во Унгарија, со кои на премиерот Виктор Орбан му се даваат особено широки овластувања.

Хан, кој е потпретседател на Европската народна партија (ЕПП), за австриското радио „Ое1“ изјави дека со голема загриженост ги следи случувањата.

– Индија соопшти дека клучните лекови што се тестираат како потенцијални медикаменти против Ковид-19 ќе ги обезбеди за државите кои се тешко погодени од пандемјата, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп навести „одмазда“ доколку Њу Делхи не ја укине забраната за извоз.

Индија во саботата го забрани извозот на хидроксихлороин, евтин лек против маларија, за кој се верува дека би можел да биде пресвртница во борбата против пандемијата.

– Јапонскиот премиер Шинѕо Абе прогласи вонредна состојба во Токио и шест други области во земјата во период од еден месец, поради пораст на заболени од коронавирус.

– Тоа што го одлучив, бидејќи имаме ситуација од која се плашевме, ќе има сериозно влијание врз животот на луѓето и економијата… Прогласувам вонредна состојба, рече Абе.

Back to top button
Close
Close