МИА ФлешПакети

МИА Флеш

24 ноември 2020

Скопје, 24 ноември 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска на владина седница ќе побара од нејзините колеги од другите ресори за седум дена да достават мислења за драфт верзијата на измените на Законот за работни односи, што се однесуваат на предлогот недела да биде неработен ден.

Шахпаска во одговор на новинарско прашање, не соопшти прецизно какви биле сугестиите на МТСП во кои сектори или дејности недела да биде неработен ден, туку кажа дека главната измена е во Законот за работни односи во членот 134 каде што се дефинира дека недела е неработен ден доколку со друг закон или колективен договор поинаку не е решено, а другите министерства треба да ги направат измените во нивните материјални закони и да ги преточат во решенија понатаму.

Скопје, 24 ноември 2020 (МИА) – Гимназијата „Орце Николов“-Скопје и Амбасадата на Франција денеска организираа вебинар за билингвалните паралелки во државата, на кој учествуваше и министерката за образование и наука Мила Царовска.

Како што соопшти Министерство за образование и наука, Царовска се заблагодари на Француската амбасада која поддржа низа проекти креирани од наставниците и учениците со кои создадоа франкофонска мрежа од активни млади лица и идеи за подобра иднина на сите.

Скопје, 24 ноември 2020 (МИА) – На сметките на 6 755 сточари се префрлени повеќе од 152 милиона денари за произведено и предадено овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза, соопшти денеска Платежната агенција.

Според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, средствата од оваа мерка се свеж капитал што треба да им помогне на сточарите да ја обезбедат потребната количина храна за презимување на стоката.

Скопје, 24 ноември 2020 (МИА) – „Здравје“ е клучен збор за предлог-буџетот за 2021 година, бидејќи она што е најважно и најприоритетно е  здравјето на граѓаните, здрава економија и здрави финансии и општество воопшто.

Ова го посочи министерот за финансии, Фатмир Бесими кој го образложи Предлог-буџетот за 2021 година пред матичата Комисијата за финансирање и буџет, посочувајќи дека Предлог-буџетот е еден од најважните и најсеопфатни документи кои ги носи Собранието, а кој ги содржи сите политики и мерки кои ќе се преземаат во идниот период.

Скопје, 24 ноември 2020 (МИА) – Словенија, која по површина и број на жители е слична на Северна Македонија, претставува одличен пример на земја која применува стратегија на долгорочно планирање и спроведува политики за рамномерен регионален развој. Очекуваме зголемена трговска размена во пост ковид периодот, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на денешната средба во Скопје со новоименуваниот словенечки амбасадор Милан Предан, со кого разговараа за мерките за справување со економската криза предизвикана од коронавирусот, економската соработка помеѓу двете земји и европските интеграции на нашата земја.

Делчево, 24 ноември 2020 (МИА) – Инвестираме 50 милиони евра во патната инфраструктура за поврзување со Бугарија, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при увидот на активностите за обнова на патот Трстија -Бигла.

Бочварски истакна дека со инвестициите во нови патишта во источниот регион се инвестиции во добрососедство и оти ќе овозможат подобро поврзување и соработка на општините, бизнисите и граѓаните од двете страни на границата.

Љубљана, 24 ноември 2020 (МИА)Во Словенија, 59 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, што е рекорден број, а потврдени се нови 1.302 случаи.

Како што беше објавено на Твитер профилот на словенечката Влада, во болниците има 1.299 пациенти, од кои 204 се на интензивна нега, пренесува агенцијата СТА.

Тирана, 24 ноември 2020 (МИА)  – Албанскиот државјанин Бујар Сејдини, кој во криминалната италијанска организација Ндрагета е попознат под прекарот „џаџаи“ (вујко), екстрадиран и е на  Италија, која го бара за трговија со дрога.

Сејдини, кој беше уапсен уште во јули во Тирана, вчера и беше предаден на италијанската полиција, а тамношните институции го сомничат дека бил инволвиран во шверц на кокаин и дека од Италија патувал за Шпанија за да купи 20 килограми дрога, пренесува порталот „Егзит“.

Лондон, 24 ноември 2020 (МИА) – Британските власти ја разгледуваат опцијата да ги повлечат своите судии од Врховниот суд во Хонг Конг затоа што Кина продолжува да ги крши своите меѓународни обврски на оваа територија, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Обединетото Кралство, кое повеќе од 150 години владееше со Хонг Конг, се додека во 1997 година градот не се врати под кинеска јурисдикција, предупредува дека новиот Закон за безбедност, од 30 јуни минатата година, ја крши заедничката кинеско-британска декларација со која се отвори патот за враќање на Хонг Конг во Кина, јавуваат британските медиуми.

Њујорк, 24 ноември 2020 (МИА) – Глобалните вредности на јаглерод диоксид (СО2) во атмосферата остануваат на рекордно високи нивоа и покрај затворањето на економиите и општествата заради пандемијата на коронавирусот, се наведува во последниот извештај на Светската метеоролошка организација (СMO).

Извештајот сугерира дека последен пат нивоата на јаглерод диоксид биле толку високи пред три до пет милиони години.

Вашингтон, 24 ноември 2020 (МИА) –   Американската администрација за безбедност во сообраќајот минатиот викенд прегледа повеќе од три милиони патници во воздушниот сообраќај во пресрет на Денот на благодарноста, кој беше најпрометниот викенд по средината на март, а многу патници го игнорираа повикот на Центрите за контрола на болести да не патуваат. Сепак, бројот на патници покажува пад од 60 проценти во споредба со истиот период минатата година

Центрите кон крајот на минатата недела ги повикаа Американците да не патуваат за време на продолжениот празничен викенд за да се избегне ширење на пандемијата на коронавирусот, која е на својот врв во најголемиот дел на САД.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close