МИА ФлешПакети

МИА Флеш

7 април 2020

7 април 2020

Лондон, 7 април 2020 (МИА) – Нема промени во здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон, изјавија двајца извори, блиски до шефот на британската Влада, откако синоќа тој беше преместен на Одделот за интензивна нега во болницата „Свети Томас“ по влошувањето на симптомите од коронавирусот.

„Даунингстрит“ 10 информира дека Џонсон добил кислород, а бил хоспитализиран како мерка на претпазливост по влошувањето на неговата здравствена состојба, јави Би Би Си.

Но, според „Гардијан“ текот на настаните бил „чуден“, па дури и прашува дали се забошотувала вистината откако „Даунинг стрит“ упорно негираше дека е влошена состојбата на прмеиерот.

Мадрид, 7 април 2020 (МИА) – Шпански бизнисмен е осомничен за кражба на здравствен и санитетски материјал. Тој, наводно, го продавал истиот на компанија во соседна земја.

Полицијата вчера го уапсила осомничениот во градот Сантијаго де Компостела, северна Шпанија. Меѓу запленетата стока имало и два милиона заштитни маски, украдени од тамошната компанија којашто се занимава со производство на здравствен материјал. Вкупната вредност на стоката изнесува пет милиони евра.

Осомничениот, чие име не се соопштува, е фатен со помош на сведоци и безбеносните камери. Истрагата е во тек.

Берлин, 7 април 2020 (МИА) – Во Германија, во изминатите 24 часа, регистрирани се уште 3.834 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број заразени достигна 99.225.

Во текот на ноќта се потврдени 99 нови случаи, според Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

Бројот на смртни случаи се зголеми за 173 во измиантите 24 часа, вкупно досега 1.607 лица ги загубија животите од Ковид-19.

Брисел, 7 април 2020 (МИА) – Министрите за финансии во еврозоната, се очекува денеска да се обединат околу три брзи механизми за да и помогнат на економијата во момент на пандемијата на новиот коронавирус.

Во исто време, се водат и дискусии за идеи за долгорочни алатки за помош за обновување.

На 26 март, европските лидери побараа од министрите да излезат со предлози за да ги ублажат ефектите од пандемијата, за кои експертите очекуваат дека ќе ја втурне Европа во длабока рецесија оваа година.

Трите идеи што веројатно ќе добијат најголема поддршка се – да се користи Европскиот механизам за стабилизација (EМС), Европската инвестициска банка (ЕИБ) и шемата за вработување со скратено работно време на Европската комисија, наведува неименуван европски претставник.

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Туристичко-угостителска комора на Македонија денеска ќе ги презентира своите ставови и предлози за ублажување на последиците од коронавирусот врз овој сектор.

Угостителите, како што информираат од Сојузот на стопански комори, сметаат дека досегашните мерки не ги задоволуваат потребите за одржување на малите субјекти. За таа цел на прес конференцијата ќе биде соопштена колективната одлука, на повеќе од 1000 угостителски објекти во земјава. По стапувањето на сила на мерките за заштита од коронавирусот, голем дел од угостителите ги затворија своите објекти. Во овој сектор се вработени повеќе од 29.000 лица.

Њујорк, 7 април 2020 (МИА) – Советот за безбедност на ОН в четврток ќе одржи состанок за новиот коронавирус, првиот на кој ќе се разговара за можното влијание на пандемијата врз меѓународната безбедност.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе брифира 15 члена на виртуелниот состанок зад затворени врати, соопшти мисијата на Доминиканската Република, која моментно е претседавач со СБ.

Германија и осум други членови на Советот побараа тој состанок да се одржи, јави ДПА.

Вашингтон, 7 април 2020 (МИА) – Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша указ со кој се поддржува употребата на ресурси од Месечината и другите небесни тела.

Според Указот, „Американците треба да имаат право да спроведат комерцијално истражување, вадење и употреба на ресурси во согласност со важечките закони“.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close