МИА ФлешПакети

МИА Флеш

18 март 2020

18 март 2020

Токио, 18 март 2020 (МИА) – Јапонецот од градот Гамагори, кој намерно го ширеше Ковид-19 почина во болница, каде што беше хоспитализиран.

Него на почетокот од месецов му беше дијагниостицарно дека е инфициран со новиот коронавирус, а лекарите му препорачаа самоизолација. Но, 57-годишниот маж намерно посетил два бара, за како што кажал, „да го шири вирусот“.

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница.

По завршувањето на седницата, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат соопштени заклучоците што ги донела Владата.

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Судници, ходници, санитарни јазли, шалтери и сите останати простори во новата и стара зграда на Кривичен суд – Скопје, денеска и во петок на 20 март ќе бидат темелно дезинфецирани, информираат од Кривичниот суд – Скопје.

– Согласно препораките на Владата на РСМ овие дезинфекци ќе се вршат секоја среда и секој петок се додека постои потреба. Воедно за заштита од ширење на корона вирусот како и здравјето на странките и вработените во институцијата, судот обезбеди средства за дезинфекција достапни на секој шалтер, а секој службеник кој има директен и непосреден контакт со странките е задолжен да носи стерилни ракавици и медицинска маска, се наведуваа во соопштението на Кривичниот суд.

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, во текот на денешниот ден ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија, соопшти Министерството за одбрна.

– Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени, се истакнува во соопштението.

Брисел, 18 март 2020 (МИА) – Претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајан изјави дека политичарите го потцениле степенот на опасност од епидемијата на новиот коронавирус.

– Мислам дека сите ние кои не сме експерти на почетокот го потценивме коронавирусот, истакна Лајан во денешното интервју за германскиот дневен весник „Билд“.

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Советот на Народната банка одржа вонредна седница на која во согласност со своите надлежности донесе неколку одлуки, коишто се во насока на ублажување на потенцијалните неповолни ефекти врз економијата, предизвикани од појавата на новата вирусна инфекција.

Советот,како што соопштуваат, донесе одлука за изменување на Одлуката за задолжителната резерва, со која, Народната банка повторно ја става во функција нестандардната мерка кај задолжителната резерва, со која се овозможува намалување на основата за обврската на задолжителната резерва во денари на деловните банки за износот на новоодобрените и реструктуираните кредити одобрени на претпријатија во дејности коишто согласно со информациите од Владата на Република Северна Македонија ќе бидат најпогодени од ширењето на ковид-19. Се очекува мерката да има поттикнувачко дејство за непречена кредитна поддршка по поволни услови од страна на банките за најпогодените сектори.

Атина, 18 март 2020 (МИА) – Група од околу 300 лица, во текот на ноќта се обидела кај Еврос, насилно, од турска да стигне на грчка територија и билa спречени од полицијата и силите на Фронтекс, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот „Катимерини“ пишува дека со поддршка од турските власти биле фрлени солзавци кон Грција и имало континуирани обиди за нелегален влез и коментира дека новите инциденти се „само неколку часа по неможноста да се постигне договор за бегалското прашање за време на телеконференцијата на Ердоган со лидерите на Германија, Британија и Франција“.

Пекинг, 18 март 2002 (МИА) – Препаратот против грип „Фавипиравир” (познат и како „Авиган”) се покажал клинички ефикасен при лекувањето на заболени од новиот вид коронавирус, соопшти шефот на Центарот за биотехнологии на кинеското Министерство за наука и техника, Чан Синмин.

-„Фавипиравир” веќе ги мина клиничките тестови, што покажаа добра ефикасност во лекувањето на коронавирусот, наведе тој.

Цирих, 18 март 2020 (МИА) – Швајцарскиот здравствен систем би можел да доживее колапс до крајот на месецот, ако новиот коронавирус продолжи да се шири со моменталната брзина, изјави претсатвникот на швајцарската Влада, Даниел Кох.

– Луѓето кои денеска се заразија ќе не контактираат дури за 10 дена. Мораме да бидеме сигурни дека растот на вирусот ќе забави уште денеска, бидејќи во спротивно, за 10 дена (швајцарските болници) нема да можат да се изборат со тоа, посочи Кох.

 

Back to top button
Close
Close