МИА ФлешПакети

МИА Флеш

30 октомври 2020

30 октомври 2020

Анкара, 30 октомври 2020 (МИА) – Во земјотресот со јачина од 6,6 степени што се случи на отворени води во Егејско Море, кај местото Сеферхисар во Измир, загинаа 6, додека повредени се 202 лица, јави агенцијата Анадолија.

Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Управата за вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Турција.

Приштина, 30 октомври 2020 (МИА) – Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) попладнево објави дека минатото деноноќие во земјата се потврдени 418 нови случаи на заболени од Ковид-19, што претставува највисока бројка на новозаразени од коронавирусот од појавата на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вкупно досега, според официјалните статистики на косовските здравствени власти, вирусот е откриен кај 19.328 лица тестирани со методот РТ-ПЦР.

Скопје, 30 окотмври 2020 (МИА)Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски со кого разговараше за досегашните, тековните и идни проекти на Општината и нивната заедничка соработка.

Министерството за труд и социјална политика информира дека во рамките на своите надлежности со Општина Гази Баба соработува на повеќе заеднички проекти како изградба на нови и реконструкција на постоечки градинки и нивно опремување со цел проширување на капацитетите за поголем опфат на деца во предучилишна возраст и обезбедување на подобри услови за престој на децата во нив.

Белград, 30 октомври 2020 (МИА) – Во услови кога Србија бележи нов црн рекорд на заразени со коронавирусот, или 1545 колку се регистрирани денес, според истражувањето на Демостат кај граѓаните постои голема недоверба на информации за коронавирусот што ги даваат надлежните актери, а довербата е поголема од недовербата само во случај на лекарите и научниците, што доведува до конфузија, па значителен процент сметаат дека мачките што се чуваат во домовите штитат од оваа зараза или „мислат дека има нешто во таквото тврдење“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Процентот кој им верува на лекарите и научниците е 44 отсто, наспроти 14 проценти кои не им веруваат, додека останатите се неодлучни, изјави социологот Среќко Михаиловиќ, на презентацијата на истражувањето на Демостат направено кон средината на септември, на примерок од 1.200 испитаници.

Женева, 30 октомври 2020 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан денеска пристигнаа во Женева на разговори за решавање на конфликтот во Нагорно Карабах, каде стотици луѓе се убиени во судирите кои траат повеќе од еден месец.

Министрите треба да се сретнат со претставници на Франција, Русија и САД, копретседавачот со групата од Минск на ОБСЕ задолжена за решавање на конфликтот што ескалираше во последните неколку дена, изјавија дипломати во швајцарскиот главен град.

Амстердам, 30 октомври 2020 (МИА) – Бројот на лица заразени со коронавирусот во Холандија во изминатите 24 часа се зголеми за 11.119, што е нов најголем број на нови случаи за еден ден, покажуваат податоците на холандскиот Национален институт за јавно здравје.

Вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 341.374.

Букурешт, 30 октомври 2020 (МИА) – Бројот на новозаразени со коронавирусот во Романија се зголеми за 6.546, на вкупно 235.586, соопшти денеска Стратешката комуникациска група (ГЦС).

Од Ковид-19 во последните 24 часа починале 103 лица, со што вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 6.867.

Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата.

– Исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година предвидена со Закон за заштита на децата. Висината на додатокот за образование изнесува 700 денари месечно за ученик во основно образование и 1.000 денари месечно за ученик во средно образование во текот на учебната година, појаснуваат од МТСП.

Љубљана, 30 октомври 2020 (МИА) – Словенечката Влада ги прошири клучните мерки осмислени да го запрат ширењето на епидемијата на коронавирусот, во согласност со нејзината политика за периодично проверување на ефикасноста на мерките заснована врз проценка на стручна работна група за коронавирус.

Словенечката агенција СТА јави дека мерките за затворање на продавниците и ограничувањата за собирање на најмногу шест лица се продолжени за една недела.

Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) – Отворен е повик  за пристап до лабораторијата за нанобиотехнологија  во рамки на Заедничкиот истражувачки центар (Joint Research Center-JRC) на Европската комисија во Испра, Италија. Лабораторијата е отворена за соработка со универзитетите, истражувачките организации и бизнис-секторот.

Лабораторијата за нанобиотехнологија содржи најсовремени опремени објекти дизајнирани да поттикнуваат интердисциплинарни студии. Посебен акцент се става на карактеризацијата на наноматеријалите, микро (нано) пластиката, наномедицината, напредните материјали и нивните интеракции со биолошките системи, како и на откривањето, идентификувањето и карактеризацијата на наноматеријалите во храната и потрошувачките производи. Во повикот кој е објавен на веб-страницата на МОН се наведени приоритетните теми.  

Измир, 30 октомври 2020 (МИА) – Во земјотресот со јачина од 6,6 степени што се случи во отворени води во Егејско Море, кај местото Сеферхисар во Измир, загинаа четири, а повредени се 120 лица, јави агенцијата Анадолија.

Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Управата за вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Турција.

 

Back to top button
Close
Close