МИА ФлешПакети

МИА Флеш

30 октомври 2020

30 октомври 2020

Скопје– Македонските граѓаните во банките во земјава чуваат 418,644 милиони денари. Поголемиот дел од депозитите се на физички лица, а помал на корпоративниот сектор.

Податоците на Народната банка покажуваат дека граѓаните во банките заклучно со септември 2020 година имаат 278,469 милиони денари, од нив денарски се 145,806 милиони денари, а во странска валута 132,663 милиони денари.

Скопје– Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) денеска истовремено во Скопје, Белград, Приштина,Тирана, Подгорица и Сараево, ќе ја ја започне иницијативата „Дрво на пријателството“ со садење на 400 дрва во сите регионални главни градови.

Во Скопје, ко-организатори на настанот се македонската компанија Treebanks, заедницата на еко-активисти Скопје Смог Аларм и платформата AirCare (Мој Воздух), кои ќе засадат 60 дрва од видот платан во Општина Аеродром, во паркот на булевар „Србија“ наспроти полициската станица во Аеродром.

Скопје – Нови 862 случаи на заразени со Ковид-19 беа регистрирани вчера кога и официјално стапија во сила новите мерки кои вклучуваат носење маска и на отворено, забрана за групирање на отворен простор, како и задолжителна самоизолација во период на тестирање.

Расте бројот на заразени, како и на починатите, а се исполнуваат и болничките капацитети. Во болниците вкупно се хоспитализирани 669 лица, на кислородна по поддршка се 110, а двајца се на респиратор.

Скопје – По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност по трет пат годинава, ќе ја реализира мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ која ќе се одржи под покровителство на Град Скопје, а со поддршка од Канцеларијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Годинашната програма, како што соопштија организаторите, во малку поразлични услови од претходните, ќе започне денеска во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ со мултимедијален омаж за хроничарот на Скопје Данило Коцевски.

Скопје – Ребалансот на Буџетот за 2020 година, кој е втор годинава, поради корона-кризата, веќе е на пленарна седница од вчера. Неговото носење ја чека реализацијата на мерките од четвртиот пакет, кој значи поддршка за граѓаните и стопанството, а дополнително со амандманска интервенција е обезбедена и финансиска поддршка за децата без родители.

Расправата треба да продолжи и денеска во Собранието, а најмногу може да трае пет работни дена. Предлогот пред пратениците го образложи министерот за финансии Фатмир Бесими кој потенцира дека стотици илјади граѓани и илјадници фирми очекуваат од Собранието да го донесе овој Ребаланс, за да можат да ги ползуваат мерките од четвртиот пакет.

Скопје – Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има средба со претставници на младите од различни институции и организации во Република Северна Македонија.

Како што соопштуваат од МНР, оваа средба се одржува со цел размена на мислења и отворање дискусија за младинските политики и нивната инклузија во актуелните процеси на национално и регионално ниво.

Скопје – Во рамки на Деновите на медиумска писменост, во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска ќе се одржи дискусија на тема „Дали ни е потребна медиумска диета?“.

На настанот, информираат организаторите, меѓу другото ќе се дебатира за што најмногу младите го користат интернетот, како да се зачува менталното здравје во дигиталната ера, а ќе бидат презентирани и наодите од последното истражување на ИКС за навиките на корисниците на социјални мрежи.

Скопје – Францускиот институт во Скопје во соработка со Правниот факултет во Битола, АЛДА Скопје и Програмата за мир на регионот Нормандија денеска организира еднодневна онлајн научна конференција на тема „Фронтот во Првата светска војна: Историја, сеќавање и книжевност“.

Главните тематики, информираат организаторите, ќе бидат последиците од Првата светска војна врз општествата во Франција, Германија и на Балканот, процесот на помирување и воспоставување мир во 20-те години на минатиот век и присутноста на оваа војна во книжевноста.

Скопје – Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21-Скопје“ со студентите од Филозофскиот факултет при УКИМ неделава на настанот насловен Игри без граници“ испратија порака дека лицата со Даунов синдром треба да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството.

Настанот е организиран по повод одбележување на месец октомври како месец за подигање на свеста кај пошироката јавност за лицата со Даунов синдром.

Букурешт – Земјотрес со интензитет о4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа пред полноќ е регистриран во Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на пет километри југоисточно од градот Негрешти, на длабочина од два километра.

Подгорица – Митрополитот  црногорско приморски Амфилохије утрово почина во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, соопшти Митрополијата.

Митрополитот Амфилохије почина во осум часот и 20 минути, а Митрополијата наведе дека дополнително ќе биде известена јавноста за деталите за погребот.

Атина – Регионите на Солун, Лариса и Родопи во северниот дел на Грција од рано утрово се во црвената (и највисока) фаза според степенот на опасноста за ширење на коронавирусот и влегуваат во мини карантин, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе соопшти нови рестриктивни мерки за спречување на дополнително ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Освен полицискиот час од 00.30 до пет часот, се затвораат кафулињата, рестораните, кино салите, театрите, судовите, археолошките локалитети и музеите, фитнес центрите, се прекинуваат спортските тимски активности, дозволено е само индивидуално спортување, а отворени ќе бидат продавниците, фризерските салони и училиштата.

Париз– Маж на возраст од 47 години е уапсен денеска поради сомнеж дека бил поврзан со напаѓачот кој вчера уби тројца, а повреди неколку луѓе, во Ница, објави француската телевизија БФМ, повикувајќи се на полициски извори.

Мажот е осомничен дека бил во контакт со напаѓачот еден ден пред нападот.

Париз – Според новите мерки за карантин, кои од денеска стапуваат во сила и ќе траат до 1 декември, границите на Франција ќе бидат затворени за сите земји кои не се членки на ЕУ.

Францускиот премиер Жан Кастекс, објаснувајќи ги новите мерки, истакна дека граѓаните ќе можат да излезат од своите домови само за пазарење храна, заминување на работа или од здравствени и итни семејни причини.

Велингтон – Граѓаните на Нов Зеланд изгласаа легализација на еутаназијата, покажуваат денеска објавените прелиминарни резултати од референдумот што се одржа во средината на октомври.

Според првичните резултати 65,2 отсто од граѓаните го поддржаа Законот за еутаназија, со кој им се овозможува на смртно болните луѓе, кои немаат повеќе од шест месеци живот да умрат со асистенција, ако тоа го одобрат двајца лекари.

Вашингтон – Кандидатката за потпретседател на САД од Демократската партија, Камала Харис,  почесто е мета на дезинформации од Џо Бајден, кандидат за претседател на САД од истата партија, или останати политичари мажи.

Според податоците на аналитичката фирма „Zignal Labs“, споделени денеска со некои американски медиуми, обемот на лажни наводи за Харис е четирипати повисок од обемот на дезинформации за мажите, кои од 2016 година претендирале да се номинираат за претседател.

Париз – Организаторите на тенискиот Мастерс во Париз повторно го намалија наградниот фонд. Износот што ќе го заработат учесниците во првиот круг останува ист во споредба со претходниот пад, а промените се случија во останатите фази.

Сега шампионот ќе добие само 23% од паричната награда за 2019 година, додека финалистот – 30%.

Сан Себастијан – Екипата на Наполи синоќа го победи Реал Сосиедад на гостувањето во Шпанија со 1:0 во 2. коло од групната фаза во Лигата на Европа. Натпреварот го одбележа успехот на калчолигашот, иако имаше само 34% посед на топката.

Наполитанците победија за прв пат во повеќе од пет години во сите натпреварувања со помалку од 35% посед.

Барселона – Голманот Марк-Андре тер Штеген одржа тренинг со главниот тим на Барселона, се наведува на официјалната веб-страница на клубот.

Голманот не влезе на теренот откако беше поразен од Баерн во четвртфиналето од Лигата на шампионите (2:8) на 14 август.

Антверп – Голманот на Тотенхем Хуго Лорис синоќа против Антверпен во 2. коло од Лигата на Европа го одигра својот 100. натпревар во европските фудбалски купови.

Според „Опта“, Лорис е првиот француски голман со вакво достигнување.

Скопје – Времето претпладне ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од 13 до 21 степен.

Back to top button
Close
Close