МИА ФлешПакети

МИА Флеш

29 октомври 2020

29 октомври 2020

Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) – Премиерот Зоран Заев изјави дека Владата е целосно посветена со сите свои капацитети на справување со ковид-кризтаа и во здравствениоит и екононскиот сегмент, и смета дека со целосно почитување на новите мерки кои синоќа ги усвои Парламентот и одговорно оденсување на сите, мерките ќе дадат резултати во справување со кризата.

-Огромен процент ако не скоро и целосно нашето време е посвтено на ковид-кризата со сите наши капацитети што постојат како Влада. Денеска реферирав пред Советот за безбедност и ги запознав за сите аспекти и можности кои Владат ги има на располагање пред се од аспект на финансиска поддршка на здравствениот, но и на економскиот аспект на кризата. Контактираме експерти, постојано сме во комуникација со регионот и Европа, разменуваме информации. Јак бран го има зафатено целиот свет. Ова е истовремено многу силен бран во Европа кој не нема ни нас одминато, рече Заев одговорајќи на  прашање на МИА на заедничката прес-конференција по седницата на Советот за безбедност.

Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) – Уредбите кои се со законска сила донесени во вонредната состојба, измената на законите, односно вчера донесените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, одлуките на Владата кои се донесоа по препорака на Комисијата за заразни болести во целокупниот изминат период се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните како врвен приоритет без при тоа да калкулираме со каква била друга протекција во однос на економските или некои други социјални аспекти во државата.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче по седницата на Советот за безбедност.

Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) – Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

По состанокот на Советот за безбедност, претседателот Пендаровски изјави дека за ова не е разговарано денеска и оти вонредната состојба не е опција бидејќи нема сознанија и проценки дека доколку се прогласи ваква состојба, ќе се победи вирусот. Останува на мислењето дека вистинско место за дискусија за оваа тема треба да биде Парламентот.

Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) –Собранието ја почна распоравата по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, кој ги содржи и амандманите  од комисиската расправа. Согласно Деловникот расправата трае пет работни дена.
Предлогот пред пратениците го образложува министерот за финансии Фатмир Бесими.
-Денеска пред вас се наоѓа документ, на кој чекаат многу засегнати граѓани и фирми да се усвои. Ефектуирањето на четвртиот пакет антикризни мерки зависи од усвојување на овој ребаланс. Со него се обезбедуваат средства за реализација на мерките од четвртиот пакет, рече Бесими.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, имајќи предвид дека со предходните измени и дополнувања на Буџетот истите беа планирани на ниво пониско за 11,5 отсто во однос на иницијалните проекции на Буџетот.

Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) – Се работи на сите анализи за спојување и намалување на бројот на институции и 2021 ќе биде година во која ќе ги намалуваме или укинуваме чекор по чекор институциите кои сметаме дека може да бидат споени со останати институции, агенции, фондови и слично, изјави денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Прашан до каде е процесот на намалување на јавните претпријатија и државни органи со нивно спорјување со некои министерства, Николовски рече дека процесот на намалување на самите министерства е веќе започнат со самото формирање на владата, која има седум помалку министерски места од претходно.

Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) – Градот Скопје беше прва локална самоуправа во Европа која реализираше проект „Култура во време на корона“, рече градоначалникот Петре Шилегов, додавајќи дека од една страна проектот бил финансиска поддршка за културните работници кои немаат некаков формален работен однос со институција, а од друга страна им се овозможиле забавни содржини на граѓаните во време на забрана за движење.

На денешната 58.седница на Советот на Град Скопје, на која советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи во надлежност на Градот, Шилегов рече дека  реализацијата на овој проект била на исклучително високо ниво – се организираа над 50 настапи со повеќе од 200 изведувачи, а проследени од над 500 000 гледачи на социјалните мрежи и на балконите во осум различни општини во Скопје.

Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по седницата на Советот за безбедност, истакна дека дека проблемот кај сите земји во регионот не само кај нас и во Европа е во локалната трансмисија на Ковид 19 и затоа сили и мерки се фокусирани таа да се спречи.

– Ги анализиравме епидемиолошките анкети и начинот на трансмисијата на вирусот. Ниту во моментите кога беше мирна епидемиолошката ситуација, ниту пак сега нема голем број случаи кои значат внес на коронавирусот од надвор односно трансмисијата заради тоа што некој престојувал во странство или од страна на странски граѓани, изјави министерот Филипче.

Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ко-претседаваше со 5-от состанок на Секторскиот мониторинг комитет за животна средина во рамките на ИПА II.
Како што соопшти СЕП, повеќегодишната оперативна програма за 2014-2020 во секторот животна средина и климатски акции беше во главниот фокус на состанокот. Станува збор за портфолио од 47 проекти и приближно 135 милиони евра ИПА средства кои државата треба да ги искористи, а проектите да ги стави во функција најдоцна до 2025 година.

Будимпешта, 29 октомври 2020 (МИА) – Унгарија смета дека европската интеграција на Западен Балкан е нејзин стратешки интерес, изјави денеска министерот за надворешни работи на таа земја, Питер Сијарто.

– Мирот и напредокот на Западен Балкан се во интерес на Унгарија. Ако се случи спротивното, тоа е лошо за Унгарија. Што и да се случи во регионот, ќе има непосредно влијание врз Унгарија, рече Сијарто по средбата со косовската министерка за надворешни работи Мелиза Харадинај Стубла.

Париз, 29 октомври 2020 (МИА) – Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена јакна и мафтал со нож. Неговото апсење очигледно спречи друга трагедија, јави дописникот на МИА.

По неколку повици до полицијата од страна на минувачите, полицијата пристигнала на местото на настанот и го уапсила лицето, на аголот од улицата „Рмпарт д’Анеј“ и улицата Виктор Иго според весникот „Ле Прогрес де Лион“.

Лондон, 29 октомври 2020 (МИА) – Новинарот на ЕСПН, Адал Франко објави дека Мексиканскито возач во Формула 1, Серхио Перез кој оваа сезона вози за Рејсинг Поинт, е близу до трансфер во Ред Бул.

– Морам многу внимателно да ве известам за информациите што ги добив. Додека немам целосна потврда, што не ми дава целосна самодоверба, но според моите информации, трансферот на Серхио Перез во Ред Бул изгледа неизбежен. Ми велат дека шансите да се случи транзицијата се проценуваат на 90 проценти, напиша Франко на Твитер.

Back to top button
Close
Close