МИА ФлешПакети

МИА Флеш

28 октомври 2020

28 октомври 2020

Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во својот кабинет се сретна со амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов со кого разговарале, меѓу другото,  и за добрососедските односи, кои се вредност за земјава, но и за регионот.

Како што соопштија од кабинетот  на првиот вицепремиер, заедно, двајцата потврдија дека е потребна уште поголема посветеност во оваа насока со цел да се постигне уште поголемо приближување меѓу нашите две земји.

Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) – Поради дефект на огрлица ф-80 на Дебарца 37, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Дебарца, Антоние Грубишиќ и Мирослав Крлежа. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот.

Минхен, 28 октомври 2020 (МИА) – Раководствотo на германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен, повторно не успеа да се договори за продолжување на договорот со дефанзивецот Давид Алаба, објави новинарот на „Билд“, Кристијан Фолк.

Според изворот, и третиот обид за преговори со 28-годишниот Австриец не успеал.

Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари видео-конференциски состанок со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, а тема на разговорот беа крупните инфраструктурни проекти што се реализираат во Републикава со поддршка на ЕУ.

-Пред сè, акцент се стави на железничкото поврзување со Република Бугарија и доизградбата на Коридор 8. Притоа, министерот изрази силно уверување дека изградбата на пругата е примарен фокус на Владата на Република Северна Македонија и се преземаат сите неопходни чекори за нејзино завршување, соопштуваат од Министерството за транспорт и врски.

Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) – Вакцините против сезонски грип кои се производ на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“ се очекува идната недела да пристигнат во државава. Согласно препораките на Комитетот за имунизација, временската рамка за вакцинација е почетокот на ноември, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Посочуваат дека вкупно се набавени 40.000 дози на четири типни вакцини кои се наменети за бесплатна вакцинација на следните дефинирани ризични групи: лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од шест месеци до пет години.

Брисел, 28 октомври 2020 (МИА) – Податоците од Центрите за контрола и превенција на болести покажуваат дека коронавирусот брзо се шири низ цела Европа, и ние сме длабоко во вториот бран. Во моментов, сè повеќе луѓе се заразуваат, изјави шефицата на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен. -Очекуваме овие бројки да се зголемат во следните две до три недели и тоа брзо ќе се зголемат, рече таа.

Фон дер Лајен, поддржана од својот научен советник Питер Пајот, рече дека ќе ги повика лидерите на земјите-членки да обезбедат подобро споделување на податоците преку платформата формирана од Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) – За три свадби организирани во угостителски објекти во Тетово, Боговиње и Арачиново, Државниот пазарен иснпекторат по спроведена контрола има поднесено кривична пријава за прекршување на протоколите за работа. Со новите измени што веќе се во собраниска процедура, инспекторатот ќе може и да издаде решение за забранана дејност од 10 до 30 дена и како и глоба која ќе зависи од големината на правниот субјект.

Овие кривични пријави се дел од извршените 2523 контроли и дополнителните 613 вонредни инспекциски надзори што ги извршил Државниот пазарен иснпекторат во период од 19 до 25 октомври годинава, а ги соопшти на прес-конференција денеска претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филипоска-Грашковска.

Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) – Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска истакна дека работите околу новите вработувањата се тргнати од мртвата точка и дека за наредната година ќе добијат 20 нови вработувања.

– Одговорно ви кажувам дека работите тргнаа од мртва точка. Преку Инспекцискиот совет, не само за пазарниот, туку и за другите инспекторати, направена е анализа за потреба на нови инспектори. Ние можеби имаме вишок администрација, од која не можеме да земеме кадар за инспекцискиот оддел. Она што Владата го презема е дека наредната година ќе ни излезе во пресрет и ние ќе ги добиеме барем тие 20 нови вработувања, претежно на инспектори, истакна Пауновски.

Скопје, 28 октомври 2020  (МИА) – На две локации во Скопје, односно во Карпош и Лисиче, денеска се поставени уреди кои ќе собираат примероци за квалитетот на воздухот 24 часа на ден во текот на секое деноноќие во наредните 12 месеци. Со анализа на овие податоци попрецизно ќе се откријат поединечните извори на загадување на воздухот во градот.
Ова означува почеток на теренските истражувања во рамки на Студијата за пропорционирање на загадувачите, а како дел од проектот „Справување со загадувањето во Скопје“, финансиран од Владата на Шведска, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) – Повеќе од два и пол часа пратениците – членови на собраниската Комисија за здравство расправаа за само еден амандман поднесен на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. За овој Закон, што се носи по скратена постапка и чии измени се поврзани со мерките за справување со коронавирусот, пратениците од владејачкото мнозинство поднесоа пет амандмани, а амандмани имаат и Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Расправата на Комисијата, во која власта и опозицијата влегоа во дебата за справувањето со коронавирусот и причините за зголемување на бројот на починати и болни, се очекува да продолжи по получасовната пауза поради почитување на протоколите за превенција од Ковид-19.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close