МИА ФлешПакети

МИА Флеш

27 октомври 2020

27 октомври 2020

Скопје, 27 октомври 2020 (МИА) – Според извештајот на Институтот за јавно здравје, за период од 19 до 25 октомври, тестирани биле вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Забележано е зголемување од 5,9 проценти во однос на минатата недела, информираа денеска од Министерството за здравство.

Регистрирани биле 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 27,4 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000.

Скопје, 27 октомври 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на министерскиот состанок „Интеграција на Ромите“ во Тирана, Република Албанија. Таа преку видеообраќање ги пренесе главните пораки поврзани со темата на министерскиот состанок.

-Република Северна Македонија е дел од Меѓународната иницијатива Декада за вклучување на Ромите 2005-2015, со цел намалување на јазот помеѓу Ромите и другите заедници преку креирање на посебни политики, стратегии, програми за нивна целосна интеграција во општеството, а со поддршка на Светска Банка и Фондацијата Отворено Општество. Концептот Едно општество за сите значи вклучување на сите граѓани во креирањето на политиките и носење на одлуки кои обезбедуваат еднакви можности за личен развој и напредок, меѓутоа и создавање на општество кое интегрира, а не создава поделби, истакна министерката Шахпаска.

Скопје, 27 октомври 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска имаше видео средба со министерот за надворешни работи на Република Естонија, Урмас Реинсалу, која е дел од дипломатските активности на министерот Османи во пресрет на претстојните европски самити на Европската Унија кога се очекуваат клучните одлуки за финализација на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција до крајот на годинава како официјален старт на преговорите.

Османи, како што информираат од неговиот кабинет, на видео средбата, ја поздравил силната поддршка која ни ја испраќа Естонија за нашата посветеност во остварувањето на европските стандарди во сите области.

Тирана, 27 октомври 2020 (МИА) – Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, го нарече премиерот Еди Рама непријател на Албанците.

Додаде дека Рама си игра со животот на Албанците, и го обвини дека е заложник на мафијата.

Белград, 27 октомври 2020 (МИА) – Според официјалните податоци, во Србија во последните 24 часа се регистрирани 1.053 нови случаи на заразени со коронавирусот. Од Ковид-19 починале пет лица, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 798, објави Министерството за здравство на веб-страницата covid19. rs. На респиратори се наоѓаат 38 лица. Тестирани се 9.430 лица.

Атина, 27 октомври 2020 (МИА) – Важноста на трилатералната соработка и комуникација за зајакнување на односите меѓу трите земји ги истакнаа шефовите на дипломатиите на Грција, Израел и Кипар, Никос Дендиас, Габи Ашкенази и Никос Христодулидис, по нивната средба во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Разговорите биле фокусирани на случувањата во поширокиот регион, односно во Источниот Медитеран и на Блискиот Исток.

Сараево, 27 октомври 2020 (МИА) – Во последните 24 часа во БиХ, детектирани се 1.555 лица позитивни на коронавирус од вкупно направени 3.158 биле тестирани, што значи дека секое второ лице е заразено. Во последното деноноќие пријавени се и 21 смртен случај.

Тоа е најголем број на новозаразени за еден ден досега, пренесува порталот Кликс.

Мадрид, 27 октомври 2020 (МИА) – Шпанската Влада денеска објави планови за зголемување на даноците за големите компании и луѓето кои најмногу заработуваат, со цел да ги инвестира овие пари во социјална заштита и инфраструктура, како дел од планот за буџетот за 2021 година.

Шпанската економија претрпе тежок удар поради пандемијата на коронавирусот и годинава се очекува да падне за 11,2 проценти, но Владата планира следната година да го зголеми буџетот за 6,8 милијарди евра, што ќе ѝ даде поголема моќ да најде излез од кризата.

Стокхолм, 27 октомври 2020 (МИА)Шведска, чија „порелаксирана“ стратегија за борба против Ковид-19 привлече големо внимание, на 23 октомври регистрираше 1.870 нови случаи на коронавирус, најмногу од почетокот на пандемијата, покажа денешната статистика на здравствената агенција.

Претходниот рекорд беше 1.698 дневни случаи забележани кон крајот на јуни. Здравствената агенција наведе дека врвот во текот на пролетта веројатно бил многу поголем, но дека не бил забележан поради помалку тестирања.

Малага, 27 октомври 2020 (МИА)Секоја година 229.000 тони пластика стигнуваат до Средоземното море, што е еднакво на повеќе од 500 бродски контејнери секој ден, објавено е во најновата студија на шпанската Меѓународна унија за зачувување на природата (ИУЦН).

Се наведува дека ако нешто не се направи итно, до 2040 година, таа количина пластика ќе се зголеми двојно.

Исламабад, 27 октомври 2020 (МИА) – Најмалку осум ученици загинаа, а 136 се повредени при експлозијата на бомба што се случи денеска во исламско верско училиште во Пешавар, северозападен Пакистан.

Полицијата соопшти дека првичните истраги покажуваат дека бомбата експлодирала неколку минути откако торбата била оставена.

Њујорк, 27 октомври 2020 (МИА) – Туристичките патувања во светот се намалија за 70 отсто во првите осум месеци од оваа година во споредба со истиот период во 2019 година. Загубите достигнаа 730 милијарди долари, соопшти Светската организација за туризам (СТООН).

Во јули, патувањата беа намалени 81% отсто, а во август – 79 проценти, се наведува во соопштението на организацијата.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close