МИА ФлешПакети

МИА Флеш

26 октомври 2020

26 октомври 2020

Скопје – Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил напиша дека ја прифаќа препораката дадена во рамки на Меѓународната недела на медиумска писменост да се размисли пред некоја содржина да се сподели, бидејќи, како што нагласува, споделувањето неточни или лажни информации може да предизвика сериозни, па дури и фатални последици.
– Ја прифаќам препораката да размислам пред да споделам, како иницијатива по повод Меѓународната недела на медиумската писменост. Споделувањето неточни или лажни информации може да предизвика сериозни, па дури и фатални последици. Да се здружиме и да ги запреме дезинформациите онлајн, напиша премиерот Заев на ФБ.

Скопје – Новата Рамка за соработка за одржлив развој на ОН (УНСДЦФ) за периодот 2021-2025 денеска во холот на МНР ја потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и резидентниот координатор на Обединетите Нации во земјава Росана Дуџиак.

Шефот на дипломатија Османи на потпишувањето на Рамката, што, како што посочи, симболички се совпаѓа и со Денот на ОН, 24 октомври и 75-годишнината од основањето на најважната мултилатерална организација во светот, истакна дека станува збор за документ што ќе претставува насока на работата на системот на ОН во нашата земја за претстојниот петгодишен период.

Скопје  – Имавме седница на главниот кризен штаб и сè уште немаме нови препораки кои подразбираат порадикални мерки. Но ништо не се исклучува, изјави во „Утрински брифинг“  на „Слободна ТВ“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Во ниту еден момент нема да правиме да се нарушува неприкосновеното право на домот, но контроли ќе мора да има. Дали со пријави, или по допрен глас, полицијата ќе може да отиде и да интервенира кај сопственикот и да провери дали има нарушувања или не, вели Спасовски.

Скопје – Министерот за надворешени работи Бујар Османи е оптимист дека Северна Македонија ќе почне преговори за членство во Европската унија. Сите вклучени во овој процес, вели тој, се свесни за влогот, за тежината и последиците од неуспех на процесот.

– Одлука за почеток на преговори ЕУ има донесено во март со консензус на 27 земји членки. Сега зборуваме за консензус за текстот во однос на преговарачката рамка за формално започнување на преговорите. Тоа што ми дава оптимизам е дека сите страни во процесот сме свесни за влогот, за тежнината и за консеквенциите од неусоех на овој процес. Исто така можам да кажам дека разговараат во овој период и работните групи и јас, но и другите колеги, мислам дека дефиниравме простор во кој може да се најде заедничко решение, рече Османи на прес-конференнцијата со резидентниот координатор на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак.

Скопје – Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници, преку соопштение упатува aпел до нив празнувањата да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.

Ескалирањето на состојбата со коронавирусот, како што се посочува, е пропратена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање на луѓе може да биде погубно.

Скопје – Прекин во водоснабдување денеска од 09:50 часот имаат корисниците од селото Усје.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличниот дефект ф-150мм на улицата 1/бб с.Усје.

Скопје –  Без вода утре ќе бидат корисниците на дел од улиците „Ацо Караманов“, „Питу Гули“, дел од  улицата „Партение Зографски“, „Димитар Пандилов“, Капиштец, „Ганчо Хаџипанзов“, дел од  улица „Загребска“ и објектите на основното училиште и детската градинка „Кочо Рацин“.

Прекин на водоснабдувањето ќе има поради промена на два затворачи ф-80мм и ф-150мм  на крстосницата Ацо Караманов/ Питу Гули.

Атина – Упатства за демарш до Турција дал министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, по новата турска навигациска информација Навтекс за истражувања во Источниот Медитеран, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно ќе бидат информирани и сојузниците и партнерите на Грција за турското однесување.

Белград – Претседателот на Собранието на Србија и лидер на социјалистите, Ивица Дачиќ, изјави дека се што се прави сега при формирањето на Владата на Србија е со цел да се постигне стратешки договор за 2022 година, односно заеднички настап на СПС и СНС на вонредните градски и парламентарни и редовните претседателски избори, јави дописникот на МИА од Белград.

На прашањето дали претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го „отстранил“ во Собранието или, пак, сам одлучил, Дачиќ за ТВ Прва изјави: „Јас не сум „отстранет“, туку заедно со Вучиќ одлучивме дека таа институција мора да се зајакне. Никогаш ниту еден лидер на партија не бил претседател на Собрание, бидејќи сите гледаа да ја измерат својата моќ преку извршната власт“.

Берлин – Потпретседателот на германскиот Бундестаг, Томас Оперман ненадејно почина, откако му се слоши синоќа за време на снимање за телевизијата ЗДФ.

На 66-годишниот политичар од редовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) му се слоши и изгуби свест за време на снимањето за ЗДФ, и итно беше пренесен во болница.

Манила – Силниот тајфун Молави ги погоди Филипините и принуди илјадници селани да се евакуираат кон безбедните зони во покраините јужно од главниот град Манила.

Невремето предизвика поплави во селските подрачја и откорна покриви од куќите, но засега нема информација за евентуални жртви, иако властите тврдат дека едно лице се води како исчезнато, а надлежните служби успеале да спасат седум лица откако нивната јахта се превртела во водите во близина на покраината Батанга.

Ереван – Ерменија и Азербејџан взаемно се обвинуваат за прекршување на договоренто трето примирје во Нагорно-Карабах, што денеска стапи во сила.

Претставници на Ереван и на Баку во Вашингтон договорија примирјето да почне денеска во осум часот по локално време (шест часот по средноевропско време).

Лондон – Тренерот на Арсенал, Микел Артета не може да се помири со поразот од Лестер вчеравечер во 6. коло на англискиот шампионат против Лестер.

– Многу сум разочаран, во првото полувреме сè беше во наши раце, и не знам како ни беше поништен нашиот гол. Тешко е да се создаде простор кога ривалот е со 10 луѓе во одбрана, но моравме подобро да го завршиме натпреварот. Кога станува збор за вакви натпревари, шансите не смее да се пропуштаат, потенцира Артета.

Торино – Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар од 5. коло на италијанскиот шампионат против Верона (1:1).

– Нашето прво полувреме не беше доволно агресивно, но сепак создадовме шанси. Одлично одговоривме на начинот на кој поведоа, но не ни треба шлаканица за да се разбудиме и да започнеме интензивно да играме. Се обидовме да го избегнеме нивниот висок притисок, а во второто полувреме функционираше подобро. Тешко е со нив, можевме и подобро.

Торонто – Тренерот на Торонто репторс, Ник Нурс, рече дека нивото на НБА е толку високо што тимот, за да победи, мора да се претстави најдобро на секој натпревар.

– Во НБА, сите екипи се силни, сите се борат, секој е тешко да се победи. Најтешко е да се победат екипите кои се надвор од плејоф-зоната, бидејќи играчите се борат за своите договори. Мора да се докажувате на секој натпревар, бидејќи нивото на лигата е многу високо, изјави Нурс за порталот „Светот на кошарката“.

Скопје – Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Утринската температура в недела, на 1 ноември, ќе се спушти до 0 степени, а дневната ќе достигне 19 степени, информираат од УХМР.

В среда, особено во јужните делови, а в петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Back to top button
Close
Close