МИА ФлешПакети

МИА Флеш

26 октомври 2020

26 октомври 2020

Скопје – Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се закажани седници на неколку собраниски комисии.

Според информациите на веб-страницата на Собранието, најавени се седници на Комисијата за транспорт, врски и екологија, на Комисијата за финансирање и буџет, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.

Скопје – Ребалансот на Буџетот со кој практично треба да започне имплементацијата на четвртиот пакет мерки, ја помина амандманската расправа и сега се очекува негово усвојување на собраниска седница.

На веб страницата на Собранието, засега не е закажана собраниска седница за релабансот, кој е втор годинава заради справување со последиците од коронакризата.

Скопје – Македонско-бугарските односи и изминатиов продолжен викенд беа актуелна тема меѓу политичките чинители во државава. Од тоа дека Северна Македонија нема територијални претензии, дека борбата на македонските револуционери никогаш не била мотивирана ниту за територии, дека нема потреба од нов договор со Бугарија, но и со барање став од Владата за Гоце Делчев и за македонскиот јазик.

Премиерот Зоран Заев за Денот на македонската револуционерна борба порача дека борбата на македонските револуционери никогаш не била мотивирана ниту за територии, ниту пак за доминација на едни врз други и дека никогаш не била свртена кон минатото, туку кон иднината.

Скопје – Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи онлајн прес-конференција за еврокодовите како услов за поконкурентно македонско градежништво на европските пазари.

На прес-конференцијата, како што е најавено, ќе присуствуваат Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија, директорот на Институтот за стандардизација Џеват Кицара и раководителката на сектор Соња Черепналковска, како и претседателот на ИСРСМ ТК 40 – Еврокодови и Национални анекси Петар Цветановски  и претседателката на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ), Мери Цветковска.

Атина – Грчката Влада, до 8 ноември ги продолжи двете министерски одлуки што се однесуваат на ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на Грција со соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, како и на забраната за влез во земјата на државјани на трети земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходните две министерски одлуки беа во сила до вчера на полноќ, а по објавувањето во Службен весник на Грција, продолжени се за уште 13 дена.

Скопје – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без струја во различни временски периоди ќе останат корисниците во неколку населби во Скопје, информира ЕВН.

Во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Герника“ (општина Кисела Вода).

Скопје – Од ЈП Водовод и Канализација соопштија дека поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник Ф 150мм, на улица Црногорска бр 2, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците улиците: Црногорска, Кузман Шапкарев, ул.1223, Гостиварска, Кадињача, Андон Папрадишки, Александар Македонски, Андреј Зографски, Смилевска, Панајот Гиновски, Жеденска, Островска, Драговити и дел од Борис Сарафов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во време од 8:00 часот до завршување на дефектот.

Скопје – Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со Резидентниот координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија Росана Дуџиак денеска во холот на МНР ќе ја потпишат новата Рамка за соработка за одржлив развој  (UNSDCF) за периодот 2021-2025.

Потпишувањето на Рамката, како што посочија од МНР, симболички се совпаѓа и со Денот на ОН, 24 октомври и 75-годишнината од основањето на Организацијата на Обединетите Нации.

Москва – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска почнува турнеја низ регионов, при што ќе ги посети Грција, БиХ и Србија.

Лавров прво ќе допатува во работна посета на Атина, каде ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, премиерот Киријакос Мицотакис, како и со лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас.

Киев – Актуелниот градоначалник на Киев, Виталиј Кличко води на локалните избори со 45,93 отсто од гласовите и во вториот круг ќе се натпреварува со Александар Попов, кандидат на Опозициската платформа за живот, кој освоил 9,62 процента, покажуваат резултатите од излезните анкети.

Украинците вчера избираа општински собранија и градоначалници.

Франкфурт – Германската Влада постигна договор со синдикатите на вработените во јавниот сектор во врска со платите, со кој се опфатени околу 2,3 милиони работници во локалната и сојузната администрација.

Договорено е најниските плати да се зголемат за 4,5 отсто, а највисоките за 3,2 процента, соопшти синдикатот Верди.

Вашингтон – Во заедничкотосоопштение на Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан се наведува дека од денеска стапува во сила хуманитарно примирје во судирот помеѓу Ереван и Баку за Нагорно-Карабах.

Соопштението уследи по состанокот во петокот помеѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и министрите за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан.

Исламабад – Премиерот на Пакистан, Имран Кан исптари писмо до основачот на Фејсбук, Марк Закерберг во кое бара забрана на исламофобијата на социјалната мрежа.

Кан истакна дека растечката исламофобија го поттикнува екстремизмот и насилството во светот, посебно на Фејсбук.

Торино – Јувентус синоќа во натпревар од 5. коло на италијанскиот шампионат ремизираше со Верона со резултат 1:1.

Гостите дојдоа во водство преку Андреа Фавили по еден час игра, изедначи фудбалерот со македонско потекло Дејан Кулушевски во 78 минута.

Барселона – Управата на Барселона поднесе официјална жалба до Шпанската фудбалска федерација против судијата Хуан Мартинез Мануера кој јa делеше правдата во 7-то коло од Ла Лига против Реал Мадрид (1:3).

Според „Sport.es“ главната причина за незадоволството на каталонскиот клуб е досуден пенал поради тоа што дефанзивецот на каталонците Клемент Лангле го повлече играчот на Реал, Серхио Рамос за дресот во неговиот шеснаесетник. Арбитерот се консултирал со ВАР пред да донесе одлука.

Лондон – Главниот тренер на Лајпциг, Јулијан Нагелсман може да го предводи Манчестер сити, пренесува „Daily Mail“.

Според изворот, 33-годишниот Германец може да го замени Пеп Гвардиола ако Шпанецот одбие да го продолжи договорот со „граѓаните“.

Лондон – Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди ги сумираше резултатите од натпреварот од 6. коло во шампионатот на Англија против Арсенал (1:0).

– Ние ја издржавме бурата, одигравме добро и остваривме победа. Тоа е важно за нас, но тоа е само еден натпревар. Имавме неколку лоши резултати, сакавме да ги поправиме.
Успеав да влијаам на натпреварот, а дома однесовме три бода. Ова ќе ни даде малку поттик затоа што последните два натпревара не беа доволно добри, изјави Варди за „Sky Sports“.

Скопје – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со услови за магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Back to top button
Close
Close