МИА ФлешПакети

МИА Флеш

21 октомври 2020

21 октомври 2020

Асунсион, 21 октомври 2020 (МИА) – Парагвајската полиција во пристаништето Терпорт откри и заплени околу 2,3 тони кокаин на брод што пловел кон Израел.

Дрогата вредна околу 500 милиони долари била скриена во шест контејнери до јаглен.

Крива Паланка, 21 октомври 2020 (МИА) – Владата и Министерството за транспорт и врски и во време на пандемија со Ковид-19 остануваат со силен фокус на капиталните инвестиции и подобрување на инфраструктурата. Ги отстрануваме пречките во проектната документација за изведувачите да можат да работат непречено, а мерките за поддршка на граѓаните од четвртиот сет, не ги загрозуваат капиталните проекти и продолжуваме да работиме со силен интензитет, порача министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска во работна посета на Крива Паланка.
Тој заедно со директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, вицепремиерот Љупчо Николовски и градоначалникот Борјанчо Мицевски извршија увид на завршените активности за асфалтирање на неколку регионални патишта финансиски поддржани од Платежната агенција.

 

Брисел, 21 октомври 2020 (МИА) –  Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на Алијансата. Во 2019 година, обемот на воени трошоци во Европа и Канада изнесуваше 301,38 милијарди долари, односно растот на нивното трошење по тековните цени е околу два отсто.

Велика Британија и Франција – двете најголеми воени сили на Европа – се очекува да ја достигнат целта од два проценти, заедно со Грција, Полска, Летонија, Литванија, Естонија, Полска, Романија и Норвешка. Но, неколку големи земји на ЕУ нема да успеат, вклучувајќи ги Германија со 1,57 отсто, Италија (1,43 отсто) и Шпанија (1,16 отсто). Најмногу заостануваат основачите на ЕУ, Белгија (1,10 проценти) и Луксембург (0,64 проценти), пишува Фајненшл тајмс.

Скопје, 21 октомври 2020 (МИА) – Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј.

Како што соопштија од МИОА, на средбата, министерот Шаќири изрази задоволство од успешната соработка меѓу Британската амбасада и Министерството за континуираната поддршка во процесот на реформа на јавната администрација, со оглед на тоа што британската експертиза и помош, се вели, се од исклучително значење.

Сараево, 21 октомври 2020 (МИА) – Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Ерик Нелсон ги повика граѓаните на државата да извршат притисок врз владејачките елити да ги извршат потребните политички, економски и социјални промени во општеството. Како прва прилика за тоа тој повика да се искористат претстојните локални избори закажани за 15. Ноември

– Малку ќе се промени ако вие, обични граѓани, не го сторите својот дел – ако не одбиете да платите мито, ако не посочите загуби, корупција, изборни нерегуларности, ако не зборувате гласно и јасно и што е најважно, ако не гласате да ги повикате своите водачи одговорни, наведе амбасадорот Нелсон во авторски текст на неговиот блог.

Москва, 21 октомври 2020 (МИА) – Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ откри повеќе од 80 мутации на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на тој центар, Ринат Маскјутов.

Тој истакна дека овие мутации не влијаат на ефикасноста на развиената вакцина, пренесува ТАС С.

Лондон, 21 октомври 2020 (МИА) – Маскиран напаѓач синоќа влегувал во ресторани и во продавници во предградие на градот Дадли и ги прскал случајните минувачи со непозната хемиска супстанца, поради што 15 луѓе имале серозни потешкотии со дишењето.

По инцидентот само едно лице е хоспитализирано, а на останатите им е пруженамедицинска нега на местата на инцидентот.

Лондон, 21 октомври 2020 (МИА) –  Економист му дава 93 проценти шанса на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден да победи на претседателските избори на 3 ноември.

Магазинот ја ажурираше својата прогноза дека Бајден има 93 отсто шанси да освои најмалку 270 гласови во Изборниот колеџ. Прогнозираат дека ќе добие 421 глас во Изборниот колеџ, што би значело победа во битката против претседателот Доналд Трамп.

Скопје, 21 октомври 2020 (МИА) – Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Стојко Пауновски ги повикува сите граѓани кои не добиле ваучер или не им се вратени парите од туристичките агенции за пропаднатите аранжмани поради пандемијата со коронавирусот веднаш да поднесат претставка до најблиското одделение на ДПИ до нивното место на живеење.

-До денеска нема претставка која не е решена за туристичките агенции. Нека поднесат претставка и ќе се потрудиме да им излезем во пресрет и да ја реализираме во корист на потрошувачите. Одговрно тврдам дека Државниот пазарен инспекторат им има излезено во пресрет на сите оние кои досега поднеле претставка против туристичките агенции. Тие или добиле ваучери или им се вратени парите било тоа да се детски екскурзии или, пак, поединечни патувања на одредени лица. До денес нови претставки немаме освен оние што веќе сме ги решиле, рече Пауновски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Back to top button
Close
Close