МИА ФлешПакети

МИА Флеш

21 октомври 2020

21 октомври 2020

Скопје – Онлајн дебата на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер во време на Ковид-19“ ќе се одржи денеска во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Дебатата ќе се одржи на преку платформата Zoom, а говорници ќе бидат новинарките Христина Беловска и Маја Јовановска и претставник од Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Скопје – Предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација во второ читање денеска е на дневен ред на две комисии во Собранието.

Предлог-законот прво ќе биде разгледуван на втора седница на собраниската Комисија за европски прашања, а потоа и на 11-та седница на Законодавно-правна комисија.

Скопје – Во Валандово денеска ќе се одржи завршна конференција на проектот „Свеста за своето Валандово 2020“, што го спроведуваше Институтoт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје, со цел развивање на свеста кај младите, наставниците и локалното население за културното наследство и традицијата на Општина Валандово.

Проектот „Иднината на Валандово – младите ја развиваат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство,традиција и богатство – Свеста за своето Валандово II“ е поддржан од Министерството за култура на Северна Македонија, во соработка со Општина Валандово и е од национален интерес за културата во 2020 година, соопштија организаторите.

Скопје – Во организација на Мрежата за спречување на одлив на мозоци денеска ќе се одржи конференцијата: „Како институциите се справија со одливот на мозоци 2013-2020?“.

Организаторите информираат дека на конференцијата ќе биде презентирана Анализата на спроведување на Националната стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020.

Скопје – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на потпоручници и заклетвата на питомци од Воената академија. Настанот ќе се одржи во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Од Министерството информираат дека на свеченоста, заклетва ќе дадат 40 питомци од 24. класа на Академијата кои ќе го започнат военото образование. Од нив, 25 се од Северна Македонија, 8 од Црна Гора, 6 од Босна и Херцеговина и 1 од Косово.

Скопје – Во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија денеска ќе се одржи онлајн настанот на проектот: „Промовирање на заеднички вредности низ Европа”.

Целта на овој проект, информираат организаторите, е да се охрабри активното граѓанско учество, да се запознаат граѓаните со нивните права и обврски кои произлегуваат од ЕУ членството, ЕУ вредностите и да се дискутира за иднината на ЕУ и евроскептицизмот.

Скопје– Во рамки на Втората сесија на Работната група 4 (Правда, слободи и безбедност– Поглавје 24) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе се одржи видео-конференција на тема „Пандемијата и безбедноста. Како понатаму?“.

Од оваа сесија, информираат од НКЕУ-МК, се очекува да бидат разгледани одредени витални прашања кои претставуваат безбедносен предизвик за целото општество, кави што се на пример слободното движење на луѓе и неопходните ограничувања, миграциските текови во услови на пандемија и заштита на границите и други прашања од интер-дисциплинарен карактер.

Скопје – Угостителските објекти ќе работат до 23 часот, државната администрација треба да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз ќе се ограничи за 50 отсто. Ова се дел од препораките на Комисијата за заразни болести со цел заштита од Ковид-19, кои Владата вчера ги усвои и истите веднаш стапија на сила.

Сите угостителски објекти ќе работат до 23 часот, освен оние кои вршат испорака, а целата државна и јавна администрација, општините и судовите треба да ја организираат работата во смени, онлајн од дома или пак редуцирано со систем на ротации.

Скопје – Хрватските власти изразија поддршка за членство на Северна Македонија во ЕУ и очекуваат првата Меѓувалдина конференција меѓу земјава и Унијата да се одржи до крајот на годинава, додека во исто време од Скопје упатени пораки дека се очекува Бугарија и во иднина да продолжи да биде голем поддржувач за нашите евроатлантски интеграции, а ЕУ во односот кон земјава да покаже дека е заедница на вредности и принципи.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој вчера престојуваше во посета на Загреб, порача дека Хрватска цврсто го поддржува пристапувањето на земјава во Унијата и очекува до крајот на годината да се одржи Меѓувладината конференција Северна Македонија – ЕУ, што ќе означи старт на преговорите за членство.

Скопје – Изречени се вкупно  509 санкции во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје во рамки на засилените полициски контроли во областа на сообраќајот.

Од МВР денеска соопштија дека за пречекорување на дозволената брзина на движење регистрирани се 75 прекршоци, изречени се 66 мерки за технички неисправни возила, 41 за некористење на сигурносен појас.

Љубљана – Синоќа во 21 часот, првпат во историјата на независна Словенија, стапи во сила полицискиот час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро, а властите ги повикуваат граѓаните да останат дома.

Од полноќ, дружењето е ограничено на најмногу шест лица, а постои и забрана за движење меѓу регионите.

Рејкјавик – Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин Јакобсдотир за американски „Вашингтон пост“.

Јакобсдотир зборуваше за влијанието на пандемијата врз туризмот, кога нејзината куќа почна да се тресе, што видно ја потресе премиерката на Исланд, пренесува Си-Ен-Ен.

Москва – Четиринаесетгодишно дете загина во експлозија на бомба од Втората светска војна во воено-патриотскиот центар Лобња, недалеку од Москва, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на извор од службите за итни случаи.

Според тој извор, детето се обидело да ја демонтира бомбата во детскиот воено-патриотски центар, кога уредот експлодирал.

Прага – Во Чешка, 11.984 нови случаи на коронавирус се потврдени во последните 24 часа, што е повторно највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.

За еден ден починаа 106 лица, покажуваат денеска податоците на Министерството за здравство.

Вашингтон – Американскиот Сенат во понеделник, на 26 октомври, осум дена пред претседателските избори, ќе се изјасни за кандидатурата на Ејми Кони Берет, која беше предложена за судија на Врховниот суд од претседателот Доналд Трамп, изјави претседавачот на Горниот дом на Конгресот, Мич Меконел.

– Ќе гласаме следниот понеделник за потврдување на судијата Берет, рече републиканскиот сенатор Меконел на прес-конференција.

Ерусалим – Израелската армија соопшти дека милитантите во Појасот Газа ископале тунел длабок неколку десетици метри, кој минувал под безбедносната ограда околу таа палестинска територија, кој бил откриен со помош на подземни сензори.

Неколку часа откако беше објавено, израелските сили за противракетна одбрана пресретнаа ракета истр

Лондон – Американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер изјави дека е „многу задоволен“ од напредокот на трговските преговори со Велика Британија и најави дека наскоро ќе се постигне договор.

Вашингтон и Лондон започнаа разговори за слободна трговија во мај и најавија дека ќе се постигне договор кога Велика Британија ќе го заврши процесот за напуштање на Европската унија.

Вашингтон– Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека има сметка во кинеска банка, објави Њујорк Тајмс.

Сметката е во сопственост на компанијата „Трамп Интернешнл хотелс Менаџмент“ и е отворена за плаќање на локален данок меѓу 2013 и 2015 година.

Њујорк – Обединетите нации соопштија дека им биле ветени повеќе од 1,7 милијарди американски долари за финансирање на напорите за помош на Буркини Фасо, Мали и Нигер до крајот на 2020 и 2021 година, а шефот на Одделот за хуманитарни работи на ООН, Марк Лукук предупреди дека во регионот Сахел „претстои трагедија“, но посочи дека може да се спречи.

На виртуелна конференција за собирање помош, Лукук рече дека околу 13 милиони луѓе, од кои пет милиони се деца, имаат потреба од итна хуманитарна помош за да преживеат.

Абуџа – Речиси 2.000 затвореници избегаа откако големи групи луѓе нападнаа два затвора во Нигерија, во време кога властите најавија воведување 24-часовен полициски час во Лагос, во обид да се смират немирите кои избувнаа за време на двонеделните протести против полициската бруталност.

Генералниот инспектор на полицијата распореди припадници на полицијата низ целата земја и им нареди на силите да ја зголемат безбедноста околу поправните установи.

Вашингтон – Лаптопот со електронски писма на украински бизнисмени, што наводно му припаѓал на Хантер Бајден, син на претседателскиот кандидат Џо Бајден, е прегледан од Федералното биро за истраги (ФБИ) кое заклучи дека Русија не е поврзана со објавата на писмата минатата недела од весникот Њујорк пост.

Педесетмина нивни колеги, поранешни високи официјални службеници на разузнавачката заедница, пак го тврдат обратното, дека објавата на писмата е обид на Русија да влијае врз уште едни избори во САД.

Париз – Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд го сподели своето мислење за победата над ПСЖ (2:1) во мечот од 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

– Игравме одлично, но има уште простор за напредок. Важно е за нас, фудбалерите, да веруваме во системот со кој главниот тренер ни вели да играме. Беше тешко на моменти, особено пред крајот на натпреварот, но сепак го одржувавме интензитетот висок. Понекогаш моравме да се браниме многу длабоко, бидејќи неверојатни играчи играат во ПСЖ.

Индијанаполис – НБА лигашот Индијана пејсерс го назначи Нејт Бјоркгрен за нов главен тренер на тимот.

Четириесет и петгодишниот кошаркарски стручњак претходно беше дел од стручниот штаб на Феникс санс и Торонто репторс, а во 2019 година стана шампион во НБА, заедно со канадскиот клуб како асистент на тренерот.

Барселона – Шпанскиот фудбалски гигант, Барселона, на својата  официјална веб-страница објави продолжување на договорите со четворица играчи.

Новите договори ги потпишаа: голманот Марк-Андре тер Штеген (до 30 јуни 2025 година), дефанзивците Жерар Пике (до 30 јуни 2024 година) и Клеман Лангле (до 30 јуни 2026 година) како и играчот за врска Френки де Јонг (до 30 јуни 2026 година).

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close