МИА ФлешПакети

МИА Флеш

19 октомври 2020

19 октомври 2020

Скопје – Организирањето на првата Меѓувладина конференција до крајот на годината ќе претставува единствен логичен исход и валоризација на сите реформски напори на Владата на Северна Македонија и на нејзината конструктивна политика во односите со соседите, порача денеска министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар по средбата со својот македонски колега, министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На заедничката прес-конференција по средбата во Љубљана, Логар уште еднаш ја реафирмираше силната поддршка на Словенија за македонските евроинтеграции.

Скопје– Почнува официјалната посета на Словенија. На средба со колегата Логар, претседателот Пахор и претседателот на Парламентот, Игор Зорчич сакаме да ја реафирмираме поддршката на Словенија за финализација на преговарачката рамка и одржувањето на Меѓувладината конференција до крајот на годинава. Со тоа би ги почнале преговорите и формално во текот на германското претседателство, вели во видео изјавата на својот фејсбук-профил министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Османи денеска е во официјална посета на Словенија, каде ќе има средба со министерот за надворешни работи, Анже Логар, претседателот на државата Борут Пахор и со претседателот на словенечкиот парламент, Игор Зорчич. 

Софија – Се надевам дека нема да дојде до блокада на стартот на преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со ЕУ, бидејќи доколку Бугарија ја блокира земјата, тоа би имало поразителен ефект за нашите односи, смета долгогодишниот дописник на Бугарското национално радио од Скопје, Мартин Минков.

– Во моментов сме во деликатен период, бидејќи се чека тешката одлука за почеток на процесот на пристапни преговори, изјави Минков при гостување во емисија на БНР.

Тирана – Македонското друштво „Илинден“ – Тирана упати честитка до г. Партениј, епископ Антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, до Свештената бигорска обител и до сите православни верници, по повод големиот јубилеј 1000 години од основањето на манастирот.

-Во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден”-Тирана и на сте Македонци во Албанија дозволите да го честитам 1000 – годиншниот јубилеј од основањето на Бигорскиот манастир „Св Јован Крстител”. Овој 1000-годишен македонски духовен дом на многу генерации православни верници ни останал како завештание од основачот, поглаварот Охридски Јован Дебранин и со вековното постоење стана нераскинлив дел на секој православен Македонец, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Скопје – По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски кој се сомничи за сторено кривично дело перење пари со кои купиле плацеви на Водно. Тој веќе е изнесен пред судија на претходна постапка.

Од Кривичниот суд информираат дека ќе испратат соопштение по завршувањето на процедурата пред судијата на претходна постапка.

Скопје – Германското стопанство во Северна Македонија преку кое се спроведува програмата за дуално стручно образование денеска во Тетово ќе потпише меморандум за соработка со средното стручно училиште „Моше Пијаде“.

Девет ученици четири години ќе се обучуваат во струката „техничар за производно машинство“ во соработка со германската компанија „Киел“.

Скопје – Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер, а сега обвинет во процесот ,,Титаник”, е позитивен на Ковид-19, поради што е одложено денешното рочиште за овој случај.

Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека и сопругата на обвинетиот е позитивна на коронавирусот. Според протоколите, тој ќе биде спречен да присуствува на главните расправи во следните 20 дена, односно во тој период нема да се одржат главните расправи.

Скопје – Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција покрена истражна постапка против шест лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот кум Ристо Новачевски за кои постои основано смнение дека сториле кривично дело „перење пари“ со кои купиле плацеви на Водно.

Како што информираат од Обвинителството, по повеќемесечна предистражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик“ .

Брисел – Откако го реши прашањето за името со Грција, која со години го блокираше стартот на преговорите за членство на земјата, Северна Македонија сега се соочува со уште еден спор, со нејзиниот сосед Бугарија, за јазикот и историјата, посочува „Брисел Тајмс“.

Изданието наведува дела за Европската комисија добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи во процесот на проширување, па затоа Брисел „ги охрабрува двете страни да ги удвојат своите напори да најдат решение за проблемите“.

Скопје – Пазарната инспекција и Министерството за внатрешни работи во заедничка акција синоќа во ресторан во Глумово затекнале околу 300 гости кои присуствувале на свадба, што е спротивно на здравствените протоколи за спречување на ширењето на Ковид-19.

Според првичните информации, акцијата е спроведена пред 21 часот, а свадбата по упадот на полицијата е прекината.

Скопје – Централниот регистар на Република Северна Македонија го пушти во употреба новиот веб портал (https://youtu.be/zaGpHvz5x1g).

Како што посочуваат од Централниот регистар, концептот на порталот е внимателно дизајниран да се прилагоди на потребите како на професионалните корисници (адвокати, нотари, сметководители, комори, новинари, општини) така и на потребите на деловната заедница и граѓаните како корисници на услугите.

Скопје – Во пресрет на изборот на нов народен правобранител, Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието на оваа значајна функција да избере стручно и независно лице, со цел да се овозможат реформи во работењето на оваа институција, која со години наназад не успева да обезбеди ефикасна и ефективна заштита на правата на граѓаните.

Од Мрежата за заштита од дискриминација  потсетуваат дека вториот мандат на Народниот правобранител Иџет Мемети истекува на крајот од 2020 година, а согласно Законот за Народниот правобранител, Собранието е надлежно да покрене постапка за избор на нов Народен правобранител преку објавување оглас најдоцна три месеци пред истекот на сегашниот мандат.

Москва – Пожар избувна денеска во фабриката „Усоjецимпром“ во градот Усоље-Сибирское во регионот Иркутск каде се запалил растворувач за деконтаминација на загадена област, објави Федералната агенција за атомска енергија (Росатом).

“Мерките преземени за отстранување на штетата врз животната средина во областа продолжуваат. Во неделата, експертите отстранија 2.000 растворувачи кои беа истурени врз цистерните во кругот на фабриката, пренесува TАСС.

Братислава – Шефот на словачката дипломатија Иван Корчок е во картантин поради сомневање дека е инфициран со новиот коронавирус.

Но, словачкото Министерство за надворешни работи не прецизира од кога Корчок е во домашна изолација и кога ќе биде тестиран на Ковид-19.

Лондон – Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, бројни студии покажаа дека Ковид 19 се пренесува во затворени простории, а најновото истражување покажа дека од сите случаи, шест проценти од пациентите го добиле вирусот на отворено, претежно на концерти и спортски настани, објави денеска Хина.

Во студија на 25.000 случаи, околу шест проценти од случаите се поврзани со инфекции на отворено, како што се спортски настани или концерти.

Лондон – Премиерот на Велика Британија,Борис Џонсон изјави дека сака Европска Унија да направи мали отстапки за Брегзит додека „се уште има време“, а во спротивно нема да има трговски договор.

– Би било разумно од нивна страна во овој момент да го направт тој исчекор, да се доближат до нашите ставови, додека има простор за дискусија. Тоа уште не го направија и некако е разочарувачки, истакна Џонсон.

Москва – Рускиот одбранбен систем С-400 Триумф пристигна на Урал, каде што денеска, првпат по извршената модификација на оружјето, се одржаа проби, соопшти прес-службата на локалните власти.

Производителот Алмаз-Антеј неодамна го измени системот за ПВО С-400 по третпат, една година пред крајниот рок, објави агенцијата ТАСС.

Париз – Претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард изјави дека Европа не треба да ја одложува распределбата на 750 милијарди евра од фондот за санирање на економијата погодена од пандемијата.

– Европска комисија планира да ги распредели средствата на почетокот од 2021 година и треба да се придржува до рокот, истакна Лагард за францускито весник Монд.

Сантијаго – Десетици илјади граѓани излегоа на улиците на главниот град на Чиле, Сантијаго да ја одбележат годишнината од масовните демонстрации во кои минатата години загинаа над 30 луѓе, а повредени беа илјадници лица.

Голем број од демонстрантите носеа транспаренти на кои пиушуваше „ДА“, со што ги повикуваат  граѓаните в сабота на референдум да гласаат за измени на Уставот, кој датира уште од ерата на диктатурата на Пиноче.

Женева– Бројот на заразени со коронавирус во светот денеска надмина 40 милиони луѓе. Евиденцијата е заснована на податоци објавени од одделни земји, но експертите сметаат дека стапката на смртност и заразеност е далеку поголема од официјалната поради недоволно тестирање и пријавување.

Рекорден дневен број на заразени се случи кон крајот на минатата недела кога тој број се искачи над 400.000 за првпат во светот.

Лос Анџелес – Полицијата во Лос Анџелес побара од населението да се оддалечи од авенијата Мелроуз поради полициската акција која моментно се спроведува.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за настанот.

Лос Анџелес – Суперѕвездата на НБА шампионот Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постигна договор со произведувачот на спортска опрема „Најк“ да му го даде својот број 23 на соиграчот Ентони Дејвис. Самиот Леброн ќе се врати на бројот 6 под кој настапуваше во Мајами.

Откако Дејвис се пресели во Лејкерс, Леброн реши да направи убав гест и да му го отстапи својот број на нов тимски колега.

Буенос Аирес – Претседателот на Бока јуниорс, Амор Амел објави дека е поведена судска постапка против Барселона, поради трансферот на дефанзивецот Сантијаго Рамос Минго.

Трансферот на 18-годишниот Аргентинец се случи во февруари 2020 година.

Париз – Играчот за врска на ПСЖ, Леандро Паредес се повреди во 7. коло од францускиот шампионат против Нимс. Дваесет и шестгодишниот Аргентинец го повреди десниот бутен мускул и беше заменет веќе во 11-та минута.

Според „Л’Екип“, Паредес нема да може да учествува на утрешниот натпревар со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.

Лондон – Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон зборуваше за употребата на дводневен формат во етапите на Формула 1.

Годинава, Формула 1 веќе го тестираше овој формат. Петочните тренинзи на Нирбургринг беа откажани поради лошите временски услови. Исто така и во Имола ќе има трки само во сабота и недела.

 

 

Back to top button
Close
Close