МИА ФлешПакети

МИА Флеш

2 април 2020

2 април 2020

Вашингтон, 2 април 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува во следните неколку дена Саудиска Арабија и Русија да постигнат договор за производството на нафта и со тоа да ја прекинат војната со цените на нафтата што ја „уништи“ нафтената индустрија ширум светот.

-Мислам дека во текот на следните неколку дена ќе можат да постигнат договор. И двете земји знаат што треба да направат, рече Трамп синоќа на прес-конференција во Белата куќа, без да ги образложи причините за неговиот оптимизам, пренесуваат британските медиуми.

„Нафтената индустрија ширум светот е опустошена“, додаде тој, укажувајќи на поплавата од понуда на нафтениот пазар околу битката за пазарниот удел меѓу Саудиска Арабија и Русија, што ги урна цените на „црното злато“ на 18-годишниот минимум.

Канбера, 2 април 2020 (МИА) – Врховниот суд на Австралија следната недела ќе ја соопшти својата одлука на жалбата за ослободување на кардиналот Џорџ Пел, кој е осуден за сексуална злоупотреба на деца, јави ДПА.

„Пресудата ќе биде изречена во вторник во Бризбејн“, се наведува во соопштение на судот.

Многу судски постапки се прекинати поради појавата на коронавирусот, што значи дека во судската сала нема да бидат присутни сите што се засегнати во случајот, јавува германската агенција.

Струмица, 2 април 2020 (МИА) – Во Лозана, Швајцарија денеска ќе бидат погребани таткото Наум Колев (47) и синот Андон (23) од селото Мокриево, струмичко, кои беа убиени на 26 минатиот месец во местото Соренс, во кантонот Фрибург, а нивните тела беа пронајдени наредниот ден на фарма за коњи покриени со арско ѓубре, соопштија од Македонската православна црковна општина „Собор на сите македонски светители“.

Според информации од Швајцарија, тие ќе бидат погребани таму поради пандемијата од коронавирус и неможноста да бидат донесени дома.

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Најмногу снег во текот на изминатите 24 часа наврнало во Битола 55 сантиметри, 47 сантиметри се измерени во Крушево, 45 во Тополчани, 40 во Маврови Анови, 39 во Ѓуриште, 37 во Лазарополе, 32 во Попова Шапка, 31 во Пожаране, 30 во Прилеп и Дебар, 23 во Скопје Петровец, 19 во Скопје Зајчев Рид, 18 во Тетово и Берово, 14 во Претор, 11 во Охрид и Куманово, 10 во Виница, 9 во Штип, 6 во Демир Капија, 4 во Крива Паланка и 1 сантиметар во Струмица.

Како што соопшти УХМР, минималната температура ноќеска се движеше од -7 во Маврово, Лазарополе, -5 во Крушево, -4 во Охрид, Куманово и Дебар, -3 во Претор, -2 во Прилеп, Крива Паланка, Тетово и Берово, -1 во Скопје-Петровец, Битола и Штип, 0 во Скопје-З.Рид, Демир Капија, Струмица и Виница и 1 степен во Дојран.

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 937.941 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 47.273, а оздравеле 195.188луѓе.

– Во САД има најголем број на заразени со новиот корнавирус – 215.344 од кои починале 5.112 луѓе, а оздравеле 8.878.

– По бројот на заболени, Италија е на второ место, каде се инфицирани 110.574 луѓе, од кои смртни случаи 13.155 и 16.847 оздравени лица.

– Во Шпанија пријавени се 104.118 пациенти, од кои 9.387 починале, а оздравеле 22.647 луѓе.

– Во Франција регистриани се 56.989 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои 4.032 починале, а оздравеле 10.935.

– Во Германија во изминатото деноноќие починале 140 луѓе од последици на Ковид-19, со што вкупнито број сега изнесува 931. Во земјата регистрирани се 77.981 случаи, додека 19.175 луѓе оздравеле.

Back to top button
Close
Close