МИА ФлешПакети

МИА Флеш

1 април 2020

1 април 2020

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Со оглед на фактот што во некои општини е зголемено времето на чекање за земање на брис материјалите за испитување, во план сме да го зголемиме капацитетот на пунктовите за тестирање во сите општини каде тоа е потребно, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Министерот додаде дека со отворање на четвртиот пункт денеска, дуплиран е капацитетот во Скопје, а исто така ќе се отворат и уште пунктови.

-До минатата недела во Скопје работеа два пункта, а денеска се отвори и четвртиот. Денеска не известија дека е подготвен и ставен во функција и пунктот во Млин Балкан поликлиниката и мобилната екипа за постарите граѓани согласно укажувањето од матичните лекари.Со оглед на тоа што во одредени делови во одредени општини навистина се зголеми времето на чекање за зимање на брис материјал за испитување, во план сме да се отвориме уште повеќе пунктови и во оние општини каде е потребно, додаде министерот.

Приштина, 1 април 2020 (МИА) – Претседателот на Косово, Хашим Тачи, по денешните одделни средби со премиерот во оставка и лидер на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти и претседателите на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и на Демократската партија на Косово (ПДК), Иса Мустафа и Кадри Весели, изјави дека наредните чекори за излез од ситуацијата создадена со изгласувањето недоверба на владата на Курти, ќе ги презема согласно Уставот и досегашната пракса.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тачи во неговото обраќање пред новинарите рече дека консултациите со парламентарните политички партии ги врши со цел да создаде база на мислења и да ги оформи натамошните дејствија кои треба да ги преземе како претседател на државата по разрешувањето на владата.

Скопје, 1 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе 38 предлози за казнени налози против вкупно 43 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Предложени се и казни од по 2.000 евра за секој од нив.

Од ЈО соопштија дека сите обвинети во различни периоди и на различни локации во Скопје биле затекнати додека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и превенција на заразната болест Ковид 19.

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Може слободно да се каже дека здравствениот систем е подготвен да прими и многу поголем број на пациенти отколку што сега се третираат во болниците и мислам дека сме спремни и за пикот кој го очекуваме и според проценките би требало да биде на крајот на месец април, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање како ќе се справи нашиот здравствен систем кога ќе биде пикот со коронавирусот, посочи дека имајќи ја предвид целокупната поставеност на здравствениот систем, бројот на лекари специјалисти, бројот на матични лекари, пристапот на пациентите кон зравствената заштита кон институциите е сосем солидна.

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – За јануари, феврури и март годинава на граѓаните кои скенирале фискални сметки во текот на следниот месец ќе им бидат исплатени 343.803.953 денари или 5,59 милиони евра. Во овој период се скенирани 49.946.278 фискални сметки, остварен е промет од 21.957.355.689 денари, со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари, соопшти денеска Управата за јавни приходи.

Заклучно со вчера УЈП го заокружи третото тримесечје од проектот Мој ДДВ. Споредбено со првите два квартала зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15 проценти ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186.215.194 денари односно 3.028.000 евра, а за второто тримесечје 233.176.601 денар или 3.791.000 евра.

Брисел, 1 април 2020 (МИА) – Европската комисија денеска најави програма за скратено работно време, за која ќе гарантираат земјите-членки, а која ќе им помогне на фирмите во најтешко погодените држави да ги задржат работниците. Инструментот детално ќе биде претставен до крајот на неделата, а е осмислен со цел да ги обесхрабри фирмите да отпуштаат работници.

– Ова е европската солидарност на дело. За Италија, Шпанија и другите. Тоа е за иднината на Европа, рече претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен за новиот инструмент наречен Шур (Sure).

Атина, 1 април 2020 (МИА) – Април ќе биде клучен месец, и покрај фактот што засега, се справуваме подобро од другите земји, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на ситуацијата со коронавирусот во земјата на почетокот на состанокот со надлежните за програма од општините за помош на ранливите групи граѓани, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис ја истакна важноста од спроведувањето на досегашните мерки, нагласувајќи дека е потребно и оние кои не ги почитуваат „да сфатат дека на тој начин го ставаат во опасност не само нивното здравје, туку и здравјето на луѓето кои ги сакаат“,

Приштина, 1 април 2020 (МИА) – Лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) Кадри Весели, по денешната средба со претседателот на државата, Хашим Тачи изјави дека е „хипокризија да се зборува за вонредни избори“ во време на пандемија на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Весели по средбата им изјави на новинарите дека единственото што ПДК го бара е да се почитува Уставот и да се заштити волјата на граѓаните. Тој нагласи дека неговата партија и во иднина ќе остане во опозиција.

Back to top button
Close
Close