МИА ФлешПакети

МИА Флеш

1 април 2020

1 април 2020

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Како што се жртвуваат превозниците, тоа треба да го направат сите, со преземање максимални мерки на безбедност, а сите оние кои се со високи профити нека ја покажат својата хуманост и совесност и нека бидат опшествено одговорни, порачува во интервју за МИА Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцикацијата на камионски превозници Макамтранс.

Таа истакнува дека на превозниците им требаат свежи пари, затоа што коронакризата ги десеткуваше нивните капацитети, а покрај бројните проблеми на терен нивните жени и деца се отфрлаат од општеството единствено затоа што сопругот, односно таткото е возач и потенционален преносник на вирус. Со воведување зелен коридор и исполнување на условите за побрз проток на граничните премини се надева на зголемување на бројот на превози што ќе овозможи обезбедувања средства за одржување дневна ликвидност и опстанок на превозните трговски друштва во државата.

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Откако Владата вчера го објави вториот сет мерки за справување со корона кризата, и по нивното објавување во Службен весник, Стопанската комора на Македонија, ќе направи анкетирање на своите компании членки, исто како што беше случај и со првиот сет мерки, и тогаш ќе може да ги сумира оценките за новите економски мерки, изјави денеска Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања.

– Во моментов можат да се дадат само некои принципиелни согледувања за вчера објавениот втор сет мерки. Јасно е дека неповолните економски случувања поврзани со коронавирус-кризата негативно се одразуваат на буџетот на државата. Оттаму, станува јасно дека во моментов Владата располага со ограничени финансиски ресурси и тоа е факт што влијае на дизајнот на мерките. Имајќи го предвид овој ограничувачки елемент, споредбите со други земји кои имаат поголем финансиски капацитет, тековен или потенцијален, во суштина не помагаат, смета Јовановски.

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – На Клиниката за инфективни болести се примени девет нови заболени од коронавирус, со што вкупниот број хоспитализирани е 59, 12 се со потешка клиничка слика од кои пет се поставени на механичка вентилација, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека од Клиниката за инфективни болести се испишани пет пациенти на кои им се направени два контролни тестови кои се негативни, тие се во добра здравствена состојба и ќе се упатат на домашно лекување. Од 28 пациенти во Дебар кои се на домашно лекување, појасни, на 11 од денеска, па во следните денови се земаат контролни брисеви и тие се во добра здравствена состојба.

Рим, 1 април 2020 (МИА) – Лекарите од одделот за реанимација во болницата во Торино извршиле досега неизведена операција на пациент заразен со коронавирус.

Млад човек, заразен со Ковид-19, побарал итна помош поради акутна респираторна слабост, пренесува весникот „Ла Стампа“. Поради неговата сериозна состојба, тој веднаш бил испратен во болницата „Џовани Боско“ во Торино. Лекарите решиле итно да го интубираат, но со медицинските тестови откриле дека човекот имал околу 2 см тумор на душникот, што всушност му го блокирало дишењето.

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во објава на Фејсбук апелира земјоделците да бидат приоритет при носење на одлуките на Владата во време на пандемија, укажувајќи дека над 19.000 тутунари ги чекаат субвенциите по предаден килограм тутун и дека тие треба да им се исплатат веднаш.

-Тутунарите кои едвај го продадоа својот тутун сега си ги чекаат заслужените субвенции, тоа се пари кои насушно им се потребни во овој период на криза, како би можеле нормално да функционираат и да ја продолжат својата дејност. Власта не смее да крати од земјоделецот, од народот. Наместо кратење на субвенициите, нека скрати од луксузите. Наместо градење и поправка на згради, парите мора да завршат кај земјоделецот. Во овие тешки времиња инвестицијата во луѓето, а не во материјалните добра е суштинска. Субвенциите за предаден килограм тутун да се исплатат веднаш, напиша Трипуновски на Фејсбук.

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре на покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет (НАК) во формат на шефови на дипломатии, што ќе биде прво учество на Република Северна Македонија на едно заседание на Алијансата како полноправна земја членка на Северноатлантскиот пакт.

Како што соопшти Министерството за надворени работи, заради рестриктивните мерки воведени по пандемијата на коронавирусот, состанокот ќе се одржи преку електронски систем на видеоконференција.

Нион, 1 април 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) се уште планира да ги одржи заврши турнирите на евро-куповите оваа сезона пред почетокот на ждрепката за следната сезона.

Разгледана е опцијата за одржување на финалните натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа без навивачи.

Денес, на 1 април, УЕФА, преку видео конференција, ќе разговара за прашања од договори за фудбалери и времето за трансфер прозорците.

Исто така, ќе се дискутира за календарската состојба за остатокот од сезоната. УЕФА има иста позиција како и во англиската Премиер лига – првенствата мора да се доиграат.

Белград, 1 април 2020 (МИА) – Денеска почина државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија, Бранислав Блажиќ кој беше позитивен на коронавирусот.

Ова за „Блиц“ го потврдиле и претставници на српското Министерство за животна средина.

Блажиќ е од Кикинда, град кој е едно од жариштата на епидемијата на коронавирусот во Србија, но со години живее и работи во Белград. Тој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Белград.

Тој е еден од основачите на Српската напредна партија и член на претседателството на СНС.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close