МИА ФлешПакети

МИА ФЛЕШ

1 октомври 2020

1 октомври 2020

Скопје –  Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој.

Според најновите проекции на ЕБОР, како што наведува Аранитаси, ќе има пад на БДП  во државава од 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната година, што е слично со останатите земји од Западен Балкан Централна и Источна Еврипа со индустриска база. Откако имаше раст од близу нула проценти (0,2%) во првиот квартал, БДП се намали речиси за 13% (-12,7%) во вториот квартал, што значеше дека има големи нарушувања во економијата, преку значително намалување на приватната потрошувчка, инвестиции, извоз и увоз, посочува Аранитаси.

Скопје – На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а во соработка со професори при Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, вчеравечер во Кабинетот на претседателот се одржа настан „Три генерации македонска мода – пренесување на знаење“.

Целта на настанот беше да се промовираат младите дизајнери, да се даде поддршка на развивањето и унапредувањето на македонскиот дизајн, а преку него и на заштитата на културното наследство и да се промовира текстилната индустрија.

Скопје  – Актуелната здравствено-економска криза којашто го зафати целиот свет, вклучувајќи ги и Република Северна Македонија и Шпанија, наметнува активно следење на ситуацијата и навремени реакции од страна на владите. Во првата половина од годинава, пандемијата имаше поголемо негативно влијание отколку што се очекуваше, а закрепнувањето се предвидува да биде постепено. Со цел да се ублажи ударот врз економијата и животниот стандард на граѓаните, донесовме сет мерки што обезбедуваат ликвидност за компаниите кои понатаму, кога ќе се подобри ситуацијата, ќе можат да продолжат да работат, да бидат конкурентни и да дадат придонес кон економскиот раст.

Ова, како што соопшти Министерството за финансии, го порача министерот за финансии, Фатмир Бесими на средбата со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера.

Скопје– Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 890 прекршоци, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Скопје – Град Скопје информира дека во текот на изминатата недела, од 24 до 30 септември, со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 305 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 35 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 270  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

-Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 356 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 35 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето, информираат градските власти.

Скопје – Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека при носењето одлука за отворање на границите во регионот со или без ПЦР тестови, пред се прво треба да се води сметка на здравствениот, а потоа на економскиот аспект.

-Ќе треба да бидеме внимателни и во двата аспекта при отворање на границите и на здравствениот и на  економскиот аспект, и двата се подеднакво важни, секако најважниот преовладува тоа е здравјето на луѓето. Некојпат и економските ресори велат нека страда економијата ако здравствениот ризик е поголем, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на училиштето „Коменски“ во Општина Карпош.

Скопје – Како неодговорни и спротивни на интересите на граѓаните ги оцени премиерот Зоран Заев најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во Собранието нема да гласа за потврдување на вонредните состојби што поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19 ги потпиша претседателот на државата Стево Пендаровски, во услови кога Парламентот беше распуштен.

-Во услови на КОВИД, кога доаѓа сезона на грип, зима, некој вака несериозно да ги поставува работите е несериозно, но секој си ја носи својата одговорност, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ОУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош, по повод почетокот на учебната година.

Скопје, 1 октомври 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше видео обраќање до родителите, учениците и образовните работници по повод почетокот на учебната година.

– Пандемијата предизвикана од Ковид-19 донесе брза и тектонска промена во образованието каква што не се памети во историјата. Верувам дека за многу од вас, новиот начин на кој се почнува оваа учебна предизвикува чувство на неизвесност. Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и искрено сите ги разбирам. Но, како здравствен работник и прв одговорен во битката со пандемијата, барам разбирање и поддршка за сите здравствени одлуки кои ги донесовме во однос на образовниот процес. Секоја одлука е базирана на примарната и најважна цел, заштитата на јавното здравје, заштитата на здравствениот систем и пребродување на кризата. Секоја одлука која ја донесовме е донесена со цел да се обезбеди добар, но и безбеден образовен процес. И ова е единствениот исправен пристап во услови кога нема идеално решение, истакна министерот Филипче.

Скопје – Во повеќе од шестотини основни и средни училишта во земјава, денеска почна настава со физичко присуство со спроведување на здравствени протоколи.  Во најголем дел од училиштата, со физичко присуство настава следат учениците до трето одделение, а во повисоките одделенија ќе учат онлајн од дома.

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование Мила Царовска за почетокот на учебната 2020/2021 година го посетија скопското основно училиште „Јан Амос Коменски“ во Карпош од каде што упатија пораки за успешна настава за учениците и наставниците.

Скопје – Дел од населбите Драчево и Кисела Вода претпладнево ќе немаат вода, соопшти РЦУК.

На улицата „Киро Фетак“ бр. 1/22 во Драчево се реализира технички зафат поради што без вода се и корисниците од улиците „Малешевска“ и „Антон Димитров“.

Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче преку својот ФБ профил ги повика сите излекувани пациенти од Ковид-19 кои ги исполнуваат условите за дарување да се јават во Институтот за трансфузиона медицина.

– Да ја покажеме нашата човечност, да спасиме човечки живот, напиша Филипче.

Скопје – Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри.

Како што соопшти Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), повикот предвидува 15 милиони денари кои од денеска може и да се исплаќаат.

Скопје – Љупчо Петрески со ракописот „Лазарка“ и анонимен автор со „Мртвите знаат најдобро“ се победници на конкурсот за најдобар необјавен роман на годината „ПЕГАЗ“, кој веќе втора година по ред го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и фондацијата „Славко Јаневски“.

На повикот кој беше отворен во јуни годинава пристигна 61 ракопис, а делата ги оценуваше тричлена комисија составена од: проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска (Катедра за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“), писателот Давор Стојановски (добитник на награда „Роман на годината“ за 2016 година) и Бисера Бендевска (уредничка во „Арс Ламина“). Жирито одлучи да се доделат две први места, а во најтесниот избор за наградата „ПЕГАЗ“ за 2020 година беа разгледани и ракописите: „Албино трип“ од Александар Русјаков и „Деса“ од Ивана Трајаноска.

Скопје – Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација.

Актуелната ситуација предизвикана од пандемијата со Ковид-19, според Бесими, е сериозна за што најдобар показател се БДП и јавниот долг, чии проекции се полоши во однос на финансиската криза.

Скопје – Зголемувањето на економската соработка помеѓу двете земји и определбите за зголемување за трговската размена, како и условите за инвестирање во земјава, беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

Вицепремиерот Битиќи, истакнуваат од неговиот Кабинет,  му порача на амбасадорот Баздникин дека имаме одлични услови за реализација на нови инвестиции од странски компании, како и дека ќе се работи на унапредување на грижата на странските инвеститори за време на реализацијата на инвестицијата и целото време додека работат во земјава.

Скопје – Љупчо Петрески со ракописот „Лазарка“ и анонимен автор со „Мртвите знаат најдобро“ се победници на конкурсот за најдобар необјавен роман на годината „ПЕГАЗ“, кој веќе втора година по ред го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и фондацијата „Славко Јаневски“.

На повикот кој беше отворен во јуни годинава пристигна 61 ракопис, а делата ги оценуваше тричлена комисија составена од: проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска (Катедра за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“), писателот Давор Стојановски (добитник на награда „Роман на годината“ за 2016 година) и Бисера Бендевска (уредничка во „Арс Ламина“). Жирито одлучи да се доделат две први места, а во најтесниот избор за наградата „ПЕГАЗ“ за 2020 година беа разгледани и ракописите: „Албино трип“ од Александар Русјаков и „Деса“ од Ивана Трајаноска.

Белград – Туристичките агенции во Србија од денеска не продаваат аранжмани бидејќи осигурителните компании одбија да ги осигураат, со образложение дека ризикот е голем, поради пандемијата  на Ковид 19, изјави директорот на Националната асоцијација на туристички организации на Србија (ЈУТА) Александар Сеничиќ.

Тој појасни дека патниците кои платиле за аранжманите до денеска и во моментот ги користат или добиле заменски ваучери имаат осигурување се додека не ги искористат.

Белград -Во Србија и понатаму не стивнуваат реакциите по изјавата на членот на владиниот кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон, дека во периодот од март до јуни имало три пати повеќе починати од Ковид 19 откоку што официјално било соопштено, јави дописникот на МИА од Белград.

Денес реагираше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој изјави дека Србија ќе направи целосна ревизија на податоците за бројот на смртни случаи од ковид-19 и дека државата не крие ништо.

Берлин – Како никој да не сфаќа колку е тенка линијата меѓу воен конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во Бундестагот во врска со растечките тензии во источниот дел на Медитеранот меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.

Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да и оддаде признание на официјална Анкара за „спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земја во која има четири милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“.

Париз – На Франција и треба закон со кој ќе се бара осигурителните компании да ги покриваат загубите поврзани со идните пандемии. Со таков став е министерот за финансии Бруно Ле Мер.

„Државата нема секогаш да помага и да надоместува бизнис загуби на компании во идни пандемии, изјави Ле Мер за „Ле Монд“.

Париз – За само еден месец довербата на Французите во Претседателот Емануел Макрон падна за 6 поени, додека премиерот Жан Кастекс загуби 5 поени, јави дописникот на МИА.

Според испитувањето на институтот Кантар за неделникот Фигаро Магазин, во Емануел Макрон имаат доверба само 29 отсто од испитаниците, додека 68 немаат доверба. Премиерот Жан Кастекс ја уќива довербата на 28 отсто од Французите, додека 55 отсто немаат доверба.

Брисел – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објави дека Брисел презема правни активности против обидот на британската Влада да ги отфрли одредбите од договорот за брегзит.

– Утрово, Комисијата одлучи да испрати писмо со официјално известување до британската Влада. Ова е првиот чекор во постапката за повреда, изјави Фон дер Лајен.

Париз –  Франција   ја обвини Турција дека испраќа сириски платеници да се борат во конфликтот во Нагорно Карабах и соопшти дека работи со Русија за постигнување примирје меѓу Азербејџан и етничките ерменски сили. Турција негира дека испраќала платеници да учествуваат во конфликтот, јавија француски медиуми.

И руското Министерство за надворешни работи соопшти вчера дека сириски и либиски борци од нелегални вооружени групи се испраќаат во регионот Нагорно Карабах.

Париз – ИНСЕМ (францускиот национален институт за здравство и медицински испитувања) отвори платформа за проценка на кандидатите за вакцини. Планираните клинички испитувања се со невиден обем во Франција, бидејќи се бараат 25 000 волонтери за тестирање на вакцини против Ковид-19, јави дописникот на МИА.

-Станете волонтер за да ги тестирате вакцините Ковид! “, пишува на страницата Ковиреивак. За прв пат во Франција се распишува повик за волонтери за учество во клинички испитувања на кандидати за вакцини. За таа пригода дури беше создаден и хаштаг: #jetestelevaccincovid. Управувана од Националниот институт за здравство и медицински испитувања (Инсерм) на барање на министерствата за здравство и високо образование, платформата Ковиревак се потпира на мрежа од 24 центри за клинички истражувања, инсталирани во универзитетски болници низ целата земја.

Барселона – Претседателот на парламентот на Каталонија вели дека внатрешните несогласувања и неуспехот да се обедини целото каталонско општество ја попречиле каузата за независност од Шпанија. Но, тој верува дека сепаратистите би можеле за првпат да освојат повеќе од 50 проценти од гласовите на евентуални регионални избори, пишува „Гардијан“.

Богатиот регион во северна Шпанија најверојатно ќе одржи избори на почетокот на следната година, едногласно ја потврди минатогодишната пресуда на судот во Барселона, според која регионалниот лидер Ким Тора не смее да врши јавна функција во рок од 18 месеци поради кршење на изборниот закон.

Баку – Азербејџанските вооружени сили синоќа гранатираа ерменски позиции во Нагорно Карабах, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.

Според Министерството, силите извршиле „артилериски удари врз позициите на ерменските сили распоредени на окупираните територии“.

Ереван – Противвоздушните сили на самопрогласената република Нагорно Карабах погодија хеликоптер на азербејџанската воена авијација што летал во должина на линијата на конфронтација. Авионот подоцна се урна на територијата на соседен Иран, соопшти денеска претставничката на ерменското Министерство за одбрана Шушана Степанијан.

Министерството за одбрана на самопрогласената република Нагорно Карабах соопшти дека овој инцидент на соборување на авионот на територијата на Иран не бил намерен.

Минхен – Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер ја освои 27 титула во кариерата, откако Баварците синоќа ја победија Борусија Дортмунд во Суперкупот на Германија (3:2).

Тој стана најтрофеен Германец во историјата, пред Бастијан Швајнштајгер по бројот на освоени трофеи (26).

Скопје– Времето до недела ќе биде претежно стабилно. Во недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Утринските температури до вторник ќе бидат во постепено зголемување, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен дозасилен ветер претежно од јужен правец што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури.

Back to top button
Close
Close