МИА ФлешПакети

МИА Флеш

25 септември 2020

25 септември 2020

Скопје– Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе извршат увид во градежните работи на патот од село Бутел до село Љуботен.

На увидот на градежните работи ќе присуствуваат и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Скопје – Словенечкиот претседател Борут Пахор којн престојува во дводневна официјакна посета на Северна Македонија, претпладнево во вила „Водно“ беше пречекан од претседателот Стево Пендаровски, со официјална церемонија и највисоки државни и воени почести.

Церемонијата почна со интонирање на словенечката и македонската химна.

Скопје – Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција најави закон за вонредна и воена состојба, имајќи предвид, како што рече, дека не знаеме што не очекува во иднина со коронакризата.

Маричиќ рече дека поучени од сите недоречености по прогласувањето на вонредната состојба, која кај нас е регулирана само „со еден или два члена во Уставот“, смета дека е добра идеја набргу да се донесе закон за вонредна и воена состојба. Очекувам во многу скоро време да се формира работна група и да се направи консултација со експертите, опозицијата, претседателот на државата, владините претставници, кои беа вклучени во спробедување на вонредната состојба. Како што најави министерот, во консултациите ќе бидат вклучени сите надлежни институции.

Скопје – Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда, објави денеска премиерот Заев на Фејсбук.

– Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста, наведува Заев во објавата.

Скопје – Во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, со што почна неговата официјална дводневна посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Пахор, се одржува и пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација, како и заедничка прес конференција.

Скопје – Франција гледа капацитети во Северна Македонија за европските интеграции. Важно е нашата држава да го задржи курсот напред на евроатлантскиот пат, било посочено на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и францускиот амбасадор во заминување Кристиан Тимоние.

Премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, изразил благодарност до амбасадорот Тимоние, за неговата посветена и принципиелна работа во насока на развој на демократските и европските вредности во нашата држава.

Скопје – Увид во градежните работи од втора фаза за реконструкција на патот од село Бутел до село Љуботен, изврши денеска премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Заев, по завршување на увидот, рече дека ова е важен проект за поддршка на руралниот развој.

Скопје – Нема да има ново одложување на пописот, тој ќе се спроведе во април 2021 година, дециден е премиерот Зоран Заев.

– Пописот ќе се спроведе 2021 година. И точка. Го одложивме во 2020 година за 2021 по барање на опозицијата уште пред да се појави Ковид-19. Ние како држава спроведовме покомплексни, покомплицирани теренски активности, како што се изборите, пописот можеме да го спроведеме во април. Тој се работи според стандардите и раководството на Евростат. Него го спроведуваат институциите. Кај нас тоа е Државниот завод за статистика, потенцира премиерот Заев.

Приштина – Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС упадна претпладнево во канцелариите на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во косовската престолнинајави дописникот на МИА од Приштина.

Агенцијата Косовапрес објави дека вооружени припадници на полицијата го обезбедуваат објектот во кој се сместени ветераните и вршат претрес во нивните канцеларии.

Лондон – Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж внимателно го гледал самоубиството на поранешниот генерал на БиХ, Слободан Праљак, во Хашкиот трибунал пред три години и размислувал за самоубиство додека бил во еквадорската амбасада во Лондон, изјави д-р Сондра Крозби на сослушување во лондонскиот суд.

Таа кажа  дека за време на нејизните четири посети на еквадорската амбасада во Лондон забележала видливо влошување на неговата психичка и физичка состојба и дека за време на нејзината посета во февруари 2018 година, Асанж ги имал првите мисли за самоубиство и неколку пати го гледал самоубиството на Праљак, пренесуваат американските медиуми.

Осло – Норвешкиот крал Харалд Пети денеска е примен во универзитетската болница во Осло, соопшти кралската палата без да наведе повеќе детали.

Кралот е на боледување, додаде палатата, пренесува ДПА.

Вашингтон – Протестите против расизмот во Луисвил, Кентаки, продолжија синоќа, втора вечер по ред, откако тројца полицајци беа ослободени од обвиненијата за убиството на Афроамериканката Бријана Тејлор.

Откако стапи во сила полицискиот час и полицијата ги прогласи собирите за незаконски, група од 300 демонстранти маршираа низ градот и застанаа пред Првата унитаристичка црква. Некои демонстранти ги искршија прозорците на неколку локални бизниси и болници. Но, собирот пред црквата беше мирен во споредба со претходната вечер во најголемиот град во американската сојузна држава Кентаки.

Вашингтон – Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател Доналд Трамп ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што резултатот од претседателските избори не е „познат однапред“ и им порача на насобраните дека плановите на демократскиот кандидат Џо Бајден се опасни за американската економија.

– Ако сакате да ја спасите Америка, мора да гласате, им рече тој на илјадниците приврзаници собрани на аеродромот во Џексонвил, Флорида.

Торино – Јувентус успеа да се договори за раскин на договорот на друг играч, откако тоа го стори со Гонзало Игуаин и Блеиз Матуиди, кои веќе играат за американскиот Интер Мајами.

Станува збор за играчот за врска Сами Кедира. Според Фабрицио Романо, разделбата ќе се случи следната недела, а најверојатно ќе биде во понеделник. Така, поранешниот германски репрезентативец ќе го напушти тимот една година пред истекот на неговиот договор.

Милано – Ѕвездата на Милан – Златан Ибрахимовиќ, го даде првиот коментар откако стана јасно дека е заразен со КОВИД-19.

– Вчера дадов негативен тест за КОВИД, а денес – позитивен. Немам никакви симптоми. КОВИД имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја, напиша Златан на Твитер.

Back to top button
Close
Close