МИА ФлешПакети

МИА Флеш

18 септември 2020

18 септември 2020

Мајами, 18 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот Гонзало Игуаин официјално стана играч на тимот на Интер Мајами. Клубот од МЛС потпиша договор со 32-годишниот Аргентинец, се наведува на веб-страницата на тимот.

Игуаин претходно играше за Јувентус од 2016 година, со прекини на позајмица во Милан и Челси. Со Јувентус, тој го освои италијанскиот шампион трипати и Купот на земјата двапати.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Во Моска деновиве излезе од печат романот „Дива лига“ на Влада Урошевиќ. Руската книга е насловена „Бараjте го гавранот!“.

Тоа е четврто дело од македонски автор обjавено во превод на руски од Олга Панкина во рамките на проектот „Сто словенски романи“.

Атина, 18 септември 2020 (МИА) – За оперативната соработка со Европската унија во новиот постојан центар за бегалци и мигранти што ќе се изгради на Лезбос, преку видео конференција, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на разговорот, Мицотакис им презентирал и видео од новиот, привремен камп во Кара Тепе, споредувајќи ја со ситуацијата во Мориа.

Москва, 18 септември 2020 (МИА) – Руското оружје е пред странските модели и според некои карактеристики е единствено, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој го пофали успехот на руските производители на оружје на седницата на комисијата за воена индустрија.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Државата нема веќе можност и време да чека. На оваа генерација треба да и покажеме решителност и одлучност дека сме спремни во овие четири години да ги промениме работите дома, од начинот на размислување, од менталитетот, дека не треба све преку врски и протекции да биде, туку граѓаните да ги научиме но и да им овозможиме порегуларен пат низ институциите, без главоболки да си ги остварат свите права.

Ова денеска на брифинг со новинарите го најави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Во наредниот период ќе формираме заеднички комитет на лозарите и на винарските визби за да направиме долгорочна стратегија за да не не затекнуваат секоја година проблемите со откупот на грозјето, порача од Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа.

-Ќе разговараме во тој дел и ќе се обидеме да најдеме најдобро можно решение, рече Хоџа во одговор на прашање по денешната прес-конференција во Кавадарци заедно со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на Ковид-19, починати се осум лица, а оздравени 97.

Од новозаразените 144 нови случаи во Скопје се 27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2.

Лондон, 18 септември 2020 (МИА) – Според последните податоци, Аргентина регистрира 13.000 нови случаи на Ковид-19, што е рекордно дневно зголемување на бројот на заразени во земјата, која станува ново жариште на заразата во Латинска Америка.

Карантинските мерки во Аргентина, кои сè уште се во сила во поблага форма, првично дадоа резултати, но на 5 септември беа потврдени повеќе од 12.000 новозаразени.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша дека со конкретни мерки се грижат за лозарите, посочувајќи дека ќе одвојат дополнителни четири денари за килограм предадено грозје наменето за преработка од средства обезбедени од Програмата на Владата за справување со последиците од кризата со Ковид-19.

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа ги извести нашите лозари дека на владиниот Економски совет договоривме дополнителна мерка за интервентен откуп на грозје, кое ќе биде преработено во вински дестилат и гроздов сок, напиша Заев.

Париз, 18 септември 2020 (МИА)- Франција останува и понатаму против сегашниот нацрт-трговски договор меѓу Европската унија и земјите од Меркосур, соопшти денеска Владата, посочувајќи го „големиот“ проблем на уништувањето на шумите, по објавувањето на критичкиот извештај за еколошките ризици, јави дописникот на МИА.

Француската влада формулира три „барања“ за продолжување на преговорите со овие земји (Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај), вклучувајќи го и суштинското почитување на Парискиот договор за климата и усогласувањето на увозот со здравствените стандарди и еколошки политики утврдени од ЕУ.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче, денеска оствари средба со Амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија Кеико Ханеда, по повод реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи.

Со овој грант, соопштија денеска од Министерството за здравство, дополнително ќе се зајакнат капацитетите во установите. Процесот на реализација е во тек, а, како што се најавува, ќе се финишира во наредниот период.

Ханој, 18 септември 2020 (МИА) – Едно лице го загуби животот во невремето предизвикано од тропска бура што денеска го погоди централниот дел на Виетнам, додека седум лица загинаа од гром во соседна Камбоџа.

Откако го погоди Виетнам, тропската бура Ноул ослабна, но донесе силни дождови и силен ветер во неколку крајбрежни провинции на земјата, соборувајќи дрвја и оставајќи куќи без покриви.

 

Back to top button
Close
Close