МИА ФлешПакети

МИА Флеш

18 септември 2020

18 септември 2020

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски упати порака до учесниците и организаторите на трката во планинско трчање Охрид Ултра-Треил, што ќе се одржи од 18 до 20 септември во Националниот парк „Галичица“ и охридско-преспанскиот регион.

Посакувајќи успех во реализацијата на трката, како што соопшти неговиот Кабинет, претседателот Пендаровски во пораката оцени дека нејзиното одржување, и покрај предизвиците поради пандемијата од Ковид-19, говори за истрајноста, за тимскиот дух и за солидарноста на учесниците и на организаторите на настанот.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје се изречени вкупно 513 санкции.

Санкционирани се 35 лица за возење без возачка дозвола, за пречекорување на дозволената брзина на движење се 148 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 39, додека 82 санкции се за мотоциклисти, а се одземени четири мотори.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Лозарството и винарството во земјава се едни од најпогодените гранки со кризата, но и со лошите временски услови. Винарниците се полни заради намалената продажба, додека состојбите со бербата 2020 не се ништо подобри. Лозовите насади во Тиквешкиот регион се во лоша здравствена состојба, а кај голем дел од нив, на повеќе локации, констатирано е присуство на болеста ботритис, што негативно влијае на квалитетот на грозјето.

Ова се наодите од истражувањето, што по иницијатива на Стопанската комора на Македонија го направи Земјоделскиот институт од Скопје за состојбата на лозовите насади на неколку локации со винови насади во тиквешкиот регион како најголем вински регион во земјата.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите на мажите и жените, кои во овој момент за иста вредност во работата се за 23 проценти пониски. Ова беше истакнато денес од Сојузот на стопански комори, Здружението на бизнис жени и Сојузот на синдикати на Македонија, по повод одбележувањето на првиот Меѓународен ден за родова еднаквост на платите – 18 септември.

Родовата еднаквост, се вели во соопштението од Сојузот на стопански комори, е основно човеково право и е камен-темелник на просперитетна и модерна економија што генерира одржлив инклузивен раст.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – За неносење лична заштита на лице регистрирани се 533 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Атина, 18 септември 2020 (МИА) – На најавената меѓувладина седница меѓу двете земји, го ставаат акцентот, онлајн изданијата на грчките медиуми во текстот преземен од грчката новинска агенција АНА-МПА, за интервјуто на премиерот Зоран Заев за МИА по средбите во Грција за време на дводневната работна посета, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА под наслов „Меѓувладина седница меѓу Грција и Северна Македонија, најави Заев“, пишува дека ќе биде потпишан договор за избегнување на двојното оданочување, објаснува дека тоа ќе биде втора седница по првата одржана во април 2019 во Скопје и ги пренесува ставовите на македонскиот премиер, како во однос на големите можности за соработка меѓу двете земји, така и за интересот за учество во проектот за снабдување со течен природен гас кај грчкиот град Александруполи.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Отворен е оглас за доделување стипендии за деца со попречесност кои во учебната 2020/2021 година ќе се запишат во прво одделение или ќе го продолжат своето образование во второ одделение, во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“.

Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а финансиски е поддржан од страна на Европската Унија.

Кавадарци, септември 2020 (МИА) – И покрај проблемите со Ковид-19 и лоши временски услови, од „Бор“ Кавадарци најавуваат навремена испорака на огревните дрва. Оваа нивна изјава за МИА доаѓа по реакциите на одделни тиквешани, дека подружницата на ,,Национални шуми“, од Кавадарци, се уште им го нема испорачано огревното дрво за грејната сезона што претстои, иако дрвата за огрев им биле платени уште пред четири-пет месеци.

-Во паника сме бидејќи зимата е на прагот што се вели, а ние се уште ги немаме добиено огревните дрва кои уредно си ги плативме. Никој не знае точно какво ќе биде времето во наредниот период. Ако есента помине со дождови и кал, стравуваме да не бидат тешко проодни шумските патишта. А ако проодноста биде доведена во прашање, под знак прашалник ќе се доведе и нашето греење за зимата што доаѓа, револтиран беше тој.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Општина Карпош започна со чистење на депонијата во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, што изминатава недела гореше во два наврати.

Oд утринава, како што соопштија од Општината, на терен, интензивно се работи со соодветна тешка механизација, (гасеничари, камиони и сл.) а во акцијата ќе се вклучат и комуналните служби на општината.

Струмица, 18 септември 2020 (МИА) – Зголемениот број заразени од Ковид-19 ги наполни сместувачките капацитети во струмичката болница, информира директорот д-р Наќе Гогов.

Според него, Инфективното одделение е веќе полно и таму се лекуваат 15 пациенти со полесна клиничка слика, додека тие со потешка се пренесуваат во Скопје.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Прес-конференција на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Државата ќе гарантира за фирмите полесно да можат да земат комерцијални кредити во банките. Државната гарантна шема треба да започне до крајот на годината, најави министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со стопанствениците во Economic Chamber of Macedonia Стопанска комора на Македонија.

Како што објави на ФС на Министерството за финансии со 10 милиони евра државна гаранција ќе се гарантираат неколкукратно повисока сума кредити, заеми за малите и средни претпријатија. Гарантната шема ќе оди преку Развојната банка, додека средствата ќе се пласираат преку комерцијалните банки.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Врховниот суд на Република Северна Македонија ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје и ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.

По предметите заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19, Врховниот суд одлучувал на 17 септември 2020 година.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Собраниската седница на 27 април 2017 по барање на СДСМ, била закажена да продолжи на следниот ден 28 април. Ова денеска на судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, го изјави сведокот Стојан Миланов, заменик претседавач на седницата, кој истакна дека тоа барање било прифатено од претседавачот Трајко Велјановски, сега обвинет како еден од организаторите на насилните настани во законодавниот дом.

– Одговорно тврдам дека не сум имал никаква информација за тоа што се случи на 27 април. Исто така немаше никаква организација од Кратово, од страна на Социјалистичка партија на Македонија, за 27 април, рече сведокот Миланов, кој е актуелен пратеник во Собранието. Во своето искуство како пратеник тој додаде дека не се сеќава некогаш да се прекине расправа за одредена точка во Собранието, и да се продолжи со друга точка на дневен ред.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ди Џовани, на која разговарале за досегашната долгогодишна соработка која ја имаат овие две институции, проектите кои се во тек и предизвиците со кои се соочуваме, а се во интерес пред се на децата.

– УНИЦЕФ е рамноправен партнер во носењето на значајни одлуки во нашата земја од областа на социјалната и детска заштита, преку учеството со екпертизи, анализи и истражувања, со цел унапредување на правата на децата во сите сегменти, истакна  Шахпаска.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – За еден месец извршени се вкупно 1.418 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од градскиот водоснабдителен систем. Пријавени и реализирани се 1.852 интервенции, ова се наведува во месечниот извештај за август 2020 година на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во месечен преглед на оперативни активности за август 2020 година се наведува дека во Секторот Водовод имало 1.036 интервенции. Од кои отстранети дефекти – 95 улични и 416 дефекти на шахти, поставени се 24 затворачи, 45 огрлици, 117 приклучни цефки, 21 хидранти, 26 нови приклучоци, променети 267 водомери, 26 изведби на водоводна мрежа.

Кичево, 18 септември 2020 (МИА) – Градинката „Олга Мицеска“ од Кичево деновиве е опремена со нови и модерни душеци за децата.

Како што информира директорот Садик Ахмети, градинката, поточно матичниот објект се опреми со нови душеци.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Киро Здравев денеска оствари средба со Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На средбата, како што информираат од Судскиот совет, било разговарано за ажурирање на постапката за избор на член на Судскиот совет од страна на Собранието, со што Судскиот совет на Република Северна Македонија целосно кадровски би се екипирал.

Куманово, 18 сепетември 2020 (МИА) – Скопјанка пријавила во кумановската полиција дека 20 годишник извршил обљуба врз ќерка на нејзиниoт вонбрачен сопруг, информираа денеска од СВР Куманово.

Според соопштението, вчера во 20:20 часот во СВР Куманово, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 11-ти јули годинава, М.И.(20) извршил обљуба врз ќерката на нејзиниот вонбрачен сопруг.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче во врска со враќањето на дел од хронично болните лица на работа изјави дека мерките се добро проценети и анализирани пред да се имплементираат.
– Не се враќаат сите на работа, туку лекар специјалист проценува кој ќе оди на работа, а кој не. Не само на кого му е влошена болеста, туку и пациент кој е во фаза на болеста и има тип на хронична дијагноза, со таква шифра, а треба да биде заштитен во следните шест месеци. За тоа ние го сменивме правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување. Тоа значи дека ги одделуваме хроничните болни коишто се во рамките на една категорија и имаат иста шифра на болеста. На пример дијагноза миокарден инфаркт на срце. Пациент имал инфаркт на срце пред пет години, човекот е рехабилитиран и сосема нормално ги извршува животните активности. Тој ја носи истата шифра како пациент кој имал инфаркт пред еден месец и треба да биде на боледување и дополнително заштитен. Таа проценка ја прават специјалистите, истакна Филипче во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон…/Rruga drejt…“ на Алсат М телевизија.
Крива Паланка, 18 септември 2020 (МИА) – Полициската станица од општина Кратово, во соработка со Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Куманово ја спроведоа кампањата „Безбедноста на прво место“.

-Активноста опфати неколку сегменти од едукативно-превентивен карактер, во коишто се вклучија средношколците од кратовската гимназија „Кочо Рацин“ и нивната училишна сообраќајна патрола. Припадниците на МВР и гимназијалците реализираа теренски активности низ улиците во Кратово, при што возачите беа предупредувани за безбедно и внимателно возење, им се делеа флаери за значењето на безбедно управување со возилата, а и на возачите и на останатите учесници во сообраќајот, како и на граѓаните присутни на најфреквентните локации во градот им се укажуваше за задолжително носење заштитна маска во времето на пандемија со Ковид-19, информираат од локалната самоуправа на Општина Кратово.

Струмица, 18 септември 2020 (МИА) – Преку заеднички проект со Oпштина Петрич, Бугарија, Oпштина Струмица ќе набави повеќенаменско возило за заштита од поплави и пожари, соопшти градоначалникот Коста Јаневски.

-Во проектот e предвидено набавка на модуларен систем за реакција при пожари и поплави, со цел подобрување на институционалната подготвеност на Територијалната противпожарна единица при Oпштина Струмица. Овој модуларен систем е всушност повеќенаменско возило со голема проодност, кое ќе има два независни модули, и тоа Модул „Поплави” и Модул „Шумски пожари”. Набавката на системот ќе овозможи зголемена безбедност и заштита на населението од Oпштина Струмица од поплави и пожари, како и подобрена институционална подготвеност за заштита и спречување на природни непогоди и катастрофи, рече Јаневски.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Министерот за локална самоуправа Горан Милевски оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер истакнувајќи ја важноста на континуитетот на зедничкиот проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“,  наменет за иновативни и инвестициски проекти со цел да се намалат диспаритетите во планските региони.

– Проектот е поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка, а министерството успешно го спроведува, рече Зутер.

Берово, 18 септември 2020 (МИА) – Прoектите кои се реализираат преку Програмата за прекугранична соработка се одлична можност да се придвижат работите за отворање на граничниот премин Клепало, е главната констатација од состанокот кој во Берово се одржа по тој повод и на кој претставници од Министерството за локална самоуправа и управникот на Царинска управа Штип со беровскиот градоначалник Звонко Пекевски разговараа околу придвижувањето на работите за отворање на граничниот премин Клепало.

-Има добра основа работите да се придвижат преку проект од Програмата за прекугранична соработка, Интерег ИПА Бугарија-Македонија, која што има компонента за стратешко одобрување, за финансирање на проекти од национален интерес во пограничниот регион. Во истиот идеално се вклопува проектот за реконструкција на постоечките објекти на граничниот премин Клепало. Разговарано е со сериозен пристап и план со динамика на реализација, изготвен е нацрт документ, кој е доставен до Европската комисија на прифаќање и разгледување, информираа надлежните.

Скопје,18 септември 2020 (МИА) – Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска за презентација на Националната платформа за онлајн учење.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка, а од суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот на проширување на Унијата со земјите од регионот на Западен Балкан, порача германската амбасадорка Анке Холштајн во интервју за Радио Слободна Европа.

Холштајн коментирајќи го бугарскиот меморандум испратен до земјите членки на Европската унија нагласи дека Германија и другите земји членки на Европската Унија сметаат дека билатералните проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека тие проблеми треба да се решаваат билатерално.

Куманово, 18 септември 2020 (МИА) – Кумановец (86) бил потенцијална жртва на изманик кој му барал пари за неговиот зет да не оди во затвор, поради наводна сообраќајна несреќа, информираше денеска СВР Куманово.

Изманикот му барал 35.000 евра за да не оди зет му во затвор, бидејќи во наводната сообраќајка животот го загубил малолетен мигрант. Осумдесет и шестгодишниот кумановец се согласил да плати 10.000 евра, но се јавил на ќерка си која го информирала дека лицето, се обидува да го измами.

Делчево, 18 септември 2020 (МИА) – По вчерашниот тежок ден во Делчево каде тројца пациенти починаа од Ковид-19 во едно деноноќие, од делечвскиот здравствен дом најавуваат подобрување на ситуацијата со коронавирусот. Според директорката Марија Глигоровска, радува фактот што полека оздравуваат пациентите кои биле на болничко лекување откако на почетокот биле со лоша клиничка слика.

-Веќе неколку месеци разговараме на иста тема, последниот месец е многу тежок за нас како општина. За жал вчера имавме многу тежок ден, млади животи згаснаа, не не одмина таа тешка судбина што се случува во цел свет. Она што внесува малку светли моменти во целата ситуација е тоа што шоследната недела почнуваат да стигнуваат и оздравени. тоа е нешто што малку не ослободува, дури ме радува тоа што пациенти што беа во болница со потешки и полесни симптоми веќе се враќаат дома, вели Глигоровска.

Штип, 18 септември 2020 (МИА) – Фестивалот за музика „Макфест“ – Штип почнува вечерва на отворено на Градскиот плоштад „Слобода“, каде се поставени сцената и столчињата. Штип по 35-ти пат ќе живее во ритамот на нови макфестовски хитови.

Оваа вечер се слави 35-от роденден со ревијална вечер на којашто осум македонски познати пејачи и групи ќе ги испејат своите песни, но и евергрините на други познати пејачи и тимови. Уметничкиот директор на „Макфест“, Владимир Дојчиновски вели дека организаторите го прифатија предизвикот фестивалот и оваа година да се одржи, но на  отворено, наместо на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“, поради здравствените протоколи.

Атина, 18 септември 2020 (МИА) – Владата е подготвена да спроведе дополнителни мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот во Атика, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешниот редовен состанок со надлежните министри и епидемиолози за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Областа Атика, поширокиот регион на Атина, со околу пет милиони жители, поради зголемениот број нови случаи на коронавирусот беше во фокусот на денешниот состанок.

Загреб, 18 септември 2020 (МИА) – Хрватскиот Парламент денеска го укина имунитетот на пратениците Дарко Пуљашиќ и Винко Гргиќ од ХДЗ, односно СДП, како и на Дражен Баришиќ поради покренување истрага за „случајот Јанаф“.

УСКОК (Управа за сузбивање копција и организиран криминал) вчера почна истрага против директорот на компанијата Јанаф, Драган Ковачевиќ и уште десетмина осомничени за проневера со тендер.

Атина, 18 септември 2020 (МИА) – Процесот на сместување на бегалците и мигрантите во новиот, привремен камп Кара Тепе на Лезбос, продолжува со зголемен ритам и досега се згрижени над 5.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од вчера наутро започна и полициската акција, за сите оние кои се по улиците и на паркинзите пред големите супермаркети, да бидат префрлени во новиот камп, а од Атина на островот беа испратени и 70 жени полицајки за да помогнат.

Брисел, 18 септември 2020 (МИА) – Лидерите на ЕУ и на Западен Балкан ќе се сретнат на 10 ноември на самит во Софија, кога треба да биде усвоен планот за реализација на регионалната економска област.

Самитот во Софија се одржува во рамките на Берлинскиот процес, а со него претседаваат Бугарија и Северна Македонија.

Брисел, 18 септември 2020 (МИА) – Новите неделни случаи на новиот коронавирус во Европа го надминаа бројот на заразени од пикот во март, соопшти Светската здравствена организација.

Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге нагласи дека само минатата недела се регистрирани над 300.000 нови инфекции на стариот континент.

Лондон, 18 септември 2020 (МИА) – Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека се влошува епидемиолошката ситуација во земјата и оти бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 двојно се зголемува на секои осум дена.

Но, тој одби да одговори дали во текот на следниот месец ќе биде воведен карантин.

Лондон, 18 септември 2020 (МИА) – Зголемената побарувачка за средства за дезинфекција во борбата против коронавирусот може да ја зголеми употребата на присилен и детски труд на плантажите со шеќерна трска, предупредуваат британски истражувачи.

Од шеќерната трска се добива етанол кој се користи во гелови врз база на алкохол, а во седум водечки светски производители на шеќерна трска, вклучувајќи ги Бразил, Мексико и Тајланд, има високи до екстремни ризици од присилна и детска работа, соопшти компанијата за аналитика Вериск Мејплкрофт (Verisk Maplecroft).

Вашингтон, 18 септември 2020 (МИА) – „Антифа“ е идеологија, а не организација, изјави директорот на Федералното биро за истраги на САД (ФБИ), Крис Реј, во сведочењето пред комитетот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, изнесувајќи став спротивен на американскиот претседател Доналд Трамп кој најави дека „Антифа“ ќе биде официјално окарактеризирана како терористичка група.

Сведочејќи пред Комитетот за домашна безбедност, основан по терористичките напади врз САД на 11 септември 2001 година, Реј не негираше дека активистите на „Антифа“ се сериозна причина за загриженост и реална опасност.

Ерусалим, 18 септември 2020 (МИА) – Израел од денеска воведува тринеделен карантин поради тоа што бројот на заразени со новиот коронавирус не се намалува со месеци.

Новите мерки подразбираат затворање на многу фирми, строго ограничување на јавните собири, додека луѓето ќе можат да се движат на еден километар од нивните домови.

Сеул, 18 септември 2020 (МИА) – Локалната власт на главниот град на Јужна Кореја, Сеул денеска побара отштета од четири милиони долари од Презбитеријанската црква поради предизвикување на нов бран на епидемијата и попречување на тестирањата за Ковид-19.

Сеул стана жариште на новиот коронавирус откако верници од Презбитеријанската црква во средината на август одржаа протест. Оттогаш во градот дневно се пријавуваат по трицифрени заболени лица.

Њујорк, 18 септември 2020 (МИА) – Речиси половина од Американците, или 49 отсто, изјавија дека нема да примат вакцина против новиот коронавирус ако беше достапна денес, додека 51 отсо се со став дека „дефинитивно или веројатно“  ќе го направат тоа, според истражувањето на Центарот за истражување Пју спроведено на почетокот на овој месец.

Четириесет и девет отсто изјавиле „нема“ да ја примат вакцината поради загриженост од несакани ефекти.

Вашингтон, 18 септември 2020 (МИА) – Поранешната советничка на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, Оливија Трој, го критикуваше одговорот на Трамп на пандемијата и рече дека планира да гласа за Џо Бајден.

Републиканката Оливија Трој беше главен координатор на активностите на кризниот штаб за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, предводена од Пенс, а Белата куќа ја напушти во јули.

Преторија, 18 септември 2020 (МИА) – Невообичаените дождови и поплави што го погодија африканскиот регион Сахел се уште еден предизвик за локалните власти, покрај недостигот на храна и пандемијата со новиот коронавирус.

Од поплавите во Судан, што се најголеми од 1912 година досега, погодени се 650.000 луѓе, а во надојдената вода загинаа најмалку 114 лица, а повредени се 54. Суданските власти на почетокот од месецот прогласија тримесечна вонредна состојба.

Бразил, 18 септември 2020 (МИА) – Бразил и неколку други земји од Латинска Америка ја информираа Светската здравствена организација дека им треба повеќе време да го потпишат планот Ковакс, осмислен за да обезбеди еднаков пристап до вакцините против Ковид-19.

Земјите имаат намера да се посветат на напорите да обезбедат еднаков пристап до вакцините за коронавирусот, а планот Ковакс може да биде потпишан до петок на полноќ.

Вашингтон 18 септември 2020 (МИА) Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден синоќа се обрати до своите поддржувачи во Скрантон, Пенсилванија, и уште еднаш го искритикува претседателот Доналд Трамп за тоа како се справил со пандемијaта на коронавирус во САД. 

Критики имаше и од спротивниот табор, од Трамп, кој вчера митингуваше во Висконсин, денес е во посета на воената база „Ендрјус“ во Мериленд, а утре е во Минесота. 

Лондон, 18 септември 2020 (МИА) – Герет Бејл беше подложен на задолжителни лекарски прегледи пред да го финализира трансферот во Тотенхем.

Ова се случи вчера во Мадрид, а денес Велшанецот ќе патува со приватен авион до Лондон и ќе го иницира својот личен договор со „спарси“.

Мадрид, 18 септември 2020 (МИА) – Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино, кој последните неколку месеци беше поврзуван со голем број врвни клубови во Европа, а неодамна и Барселона, изјави дека не добил такви понуди. Само Бенфика и Монако излегоа со специфични понуди за Аргентинецот.

Почетино додаде дека не може да работи со сегашниот претседател на Каталонците, Пепе Марија Бартомеу и призна дека неговиот сон е еден ден да го води Реал Мадрид.

Милтон Кинс, 18 септември 2020 (МИА) – Поранешниот австриски возач на Формула 1, Александар Вурц е убеден дека Макс Верстапен може да ги сруши рекордите на шесткратниот светски шампион Луис Хамилтон и седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер.

Луис веќе подобри многу рекорди на легендата Шумахер, а се чини дека на крајот од оваа сезона ќе го изедначи и по бројот на титулите.

 

Back to top button
Close
Close