МИА ФлешПакети

МИА Флеш

17 септември 2020

17 септември 2020

Москва, 17 септември 2020 (МИА) – Втората руска вакцина против Ковид-19, развиена од вирусолошко-биотехнолошки центар „Вектор“, не влијае на репродуктивната функција и ќе биде ефикасна и против мутирани форми на новиот коронавирус, изјави денеска Александар Рижиков, раководител на едно од одделенијата во тој центар.

Тој објасни дека пептидните вакцини, засновани на платформа слична на онаа на која се базира вакцината „Вектор“ против Ковид-19, биле тестирани на животни и оти е утврдено дека нема последици по репродуктивната функција.

Скопје, 17 септември 2020 (МИА) – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со австрискиот амбасадор Георг Вуцас на која биле високо пофалени политичките односи меѓу Северна Македонија и Австрија, а исто така и економската соработка.

Како што се наведува во соопштението од неговиот Кабинет, Груби го извести австрискиот амбасадор дека тој и неговиот тим ќе се грижат за кохезијата во владината коалиција и дека тој ќе биде координатор на политичките ресори во Владата, вклучувајќи и усогласувањето на позициите меѓу коалициските партнери и одржувањето на консензусот.

Скопје, 17 септември 2020 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Албанија, Бујар Османи и Гант Цакај по денешната средба во Скопје го коментираа случајот со говор на омраза на неодамнешниот фудбалски натпревар Вардар – Шкупи.

Министерот Османи вели дека Владата го осудила говорот на омраза, но отишла и чекор понапред повикувајќи го Обвинителството да преземе брзи мерки за гонење на сторителите.

Виена, 17 септември 2020 (МИА) – Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска истакна дека Австрија е на почетокот на вториот бран на епидемијата на коронавирусот, поради што Владата донела одлука за воведување дополнителни мерки, кои од понеделник ќе важат низ цела Австрија.

– Се соочуваме со експоненцијален раст. Сега мора да реагираме и да спречиме прекин на економскиот и социјалниот живот и да ги ублажиме негативните последици за економијата. Зголемениот број на новозаразени води кон предупредувања за патувања, а тоа е лошо за економскиот развој, бидејќи гастрономијата, туризмот, трговијата и други дејности се особено погодени, објасни Курц на прес-конференција.

Скопје, 17 септември 2020 (МИА) – Владата ги помага и ќе им помага на компаниите за вработување на сите невработени лица, преку еднаков пристап кон сите граѓани и компании, кои имаат потреба од таква поддршка.

Ова го потенцираат од Владата за МИА, која побара појаснување за тоа дали принципот за правична застапеност влегува и во приватниот сектор, нешто што претходно денеска го најави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Скопје, 17 септември 2020 (МИА) – Можностите за забрзување на активностите и на национално и на меѓународно ниво заради алармантната состојба со Преспанското Езеро биле разгледани на работната средба меѓу министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски.

Заеднички став, информираат од МЖСПП, е дека со оглед на спецификата на Преспанското Езеро чии води ги делиме со Грција и Албанија, како и неговата уникатна природа и поврзаност со Охридското Езеро и реката Црни Дрим, е потребен комплексен пристап заснован на научни сознанија.

Скопје, 17 септември 2020 (МИА) – Нема отворени политички прашања меѓу Северна Македонија и Албанија, но двете држави треба да работат на интензивирање на економската соработка и на реализација на конкретни проекти, констатираа министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Гент Цакар денеска во Скопје.

Договорено е да се формира технички секретаријат кој ќе биде институционална гаранција за имплементација на сите договори меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите на следната средба да биде развојот на конкретните проекти.

Атина, 17 септември 2020 (МИА) – Засега, не е планирано некое патување на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Скопје. Може такво нешто може да се случи во иднина, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на евентуална посета на Мицотакис на нашата земја.

– Постои можност за една следна средба на премиерот и со господинот Заев и со господинот Борисов, во рамките на „Thessaloniki Summit“ во Солун. Ова ќе го видиме подоцна, во ноември, рече Пецас.

Рим, 17 септември 2020 (МИА) – Околу 70 мигранти денеска скокнале во морето од шпанскиот спасувачки брод „Раширени раце“, во обид да допливаат до блиското италијанско пристаниште Палермо.

Мигрантите кои скокнале во морето се дел од група од околу 270 мигранти кои ги пронашла италијанската крајбрежна стража и полицијата.

Скопје, 17 септември 2020 – Законскиот претставник на Здружението „МАККАНАБИС“, Костадин Дуковски на прес-конференција истакна дека е време Владата да ги земе предвид потребите на здружението за производството на канабис и примената врз пациентите.

– Пациентите во државата не можат да чекаат, некои чекаа бидејќи знаат каков импакт имаше Ковид-19 врз здравството, сега е време да ги третираме пациентите и најважно од се е што побрзо да се донесе законот и сите подзаконски акти што ќе произлезат од законот, истакна Дуковски.

Копенхаген, 17 септември 2020 (МИА) – Ситуацијата во врска со коронавирусот во Европа е сериозна, бидејќи регистрираното неделно зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 сега е поголемо отколку во март, кога пандемијата го достигна првиот врв на тој континент, предупреди денеска Ханс Клуж, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа.

Минатата недела, вкупниот неделен број на регистрирани случаи во Европа надмина 300.000, а повеќе од половина од европските земји во изминатите две недели забележаа пораст на бројот на случаи од повеќе од 10 проценти, додека во седум од тие земји двојно се зголеми бројот на новозаразени, истакнува Клуге во официјално соопштение.

Скопје, 17 септември 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствaри работна средба со амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја, Сергеј Александрович Баздникин.

На средбата, информираат од Министерството, Спасовски и амбасадорот Баздникин, меѓудругото, разговарале за продолжување на веќе успешно воспоставената билатерална соработка помеѓу ресорните министерствата на двете земји, особено во поглед на борбата против организираниот криминал, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката во областа на борбата против сајбер криминалот преку пружање на експерти за поддршка.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close