МИА ФлешПакети

МИА Флеш

31 март 2020

31 март 2020

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Во овие тешки денови за граѓаните на нашата држава и за човештвото во целина, судството докажа дека може да одговори на секој предизвик, напиша претседател на
Судскиот совет на Република Северна Македонија, Киро Здравев во честитката по повод 31 март – Денот на правосудството,

-Судиите и судските службеници останаа истрајни во ревноста да ја повратат довербата на граѓаните преку непристрасно применување на правото, не селективна правда, заштита на човековите права и основни слободи, еднаквост, рамноправност, недискриминација по кој било основи и обезбедување на правна сигурност врз основа на владеење на правото, истакнува Здравев.

Њујорк, 31 март 2020 (МИА) – Советот за безбедност на Обединети нации првпат во историјата воведува гласање преку електорнска пошта за време на пандемијата со новиот коронавирус.

Заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански изјави дека СБ не сакал да воведе гласање по пат на видео врка, бидејќи тоа не е дефинирано со Повелбата на ОН, а исто така има и правни, безбедноснии и технички проблеми.

Тој додаде дека Русија била против гласање преку видео врска.

Од 16 март речиси сите кои работат во седиштето на ОН во Њујорк комуницираат од далечина, додека СБ не одржува состаноци во живо.

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска преку соопштение го коригираше датумот до кога ќе трае суспензијата на летови од и до аеродоромот во Скопје и информира дека суспензијата ќе трае до 16 април, а не до 30 април како што соопшти вчера.Суспензијата е поради пролонгираните забрани за патување на сите летови од и до Република Северна Македонија.

Ресен, 31 март 2020 (МИА) – Јавната општинска установа Дом на култура „Драги Тозија“-Ресен објави јавен повик за учество на натпревар „Избор на најубава онлајн шеговита маска“.

Акцијата се организира во соработката со „Кловн Заги“ и во пресрет на Меѓународниот ден на шегата 1 Април.

-Сакаме да внесеме позитивна енергија и барем малку да го отргнеме вниманието во овие тешки моменти на борба против КОВИД-19. Изборот на „Онлајн маска“ почнува денеска, а децата имаат задача да изработат маска од материјали што ги имаат дома. Порачуваме да бидат креативни и да се чувствуваат забавно. Потоа родителот треба да ја постави фотографијата од изработената маска на својата фејсбук-страница, а гласањето за објавените шеговити маски или „лајкување“ ќе се врши до 3 април, до 17 часот, појаснуваат организаторите.

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Врвен приоритет, како Влада, ни е здравјето и животот на граѓаните и на основа на тоа ги моделираме мерките што ги преземаме. Јасно е дека има и ќе има импликации по економијата, но донесовме еден, сега ќе следува и втор сет економски мерки, кои, заедно со мерките во заштитата на здравјето на граѓаните, имаат за цел максимално можно обезбедување на граѓаните и од двата аспекта во овие моменти, истакнал премиерот Оливер Спасовски на состанокот на Економско-социјалниот совет.
На состанокот, на кој присуствувале претставници и од синдикатите и од работодавачите, Спасовски порачал дека се носат внимателни одлуки и повикал на единство и сплотеност од сите.

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Просечната цена на квадратен метар станбена површина поевтинела за 4,3 отсто во втората половина од минатата година во однос на првата половина, при што во Скопје намалувањето изнесува 2,8 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Минатата година просечната цена на квадратен метар станбена површина изнесувала 44.994 денари, што е за 4,3 проценти повеќе во однос на 2018.

Во Скопје, квадратен метар станбена површина во просек се продавал за 48.204 денари што е за 3,1 отсто повеќе во споредба со 2018 година, додека во останатите населени места во државата просечната цена изнесувала 35.255 денари, или за 6,3 проценти повеќе во однос на 2018.

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Намален број на говеда, овци, кози, звињи и живина, бележи Државниот завод за статистика (ДЗС) минатата година во споредба со 2018-та. Намалување, како што соопшти, е евидентирано и во производството на млеко (кравјо, овчо и козјо). Зголемување има само кај месото.

-Во 2019 година во споредба со 2018-та, вкупниот број на говеда е намален за 15 отсто. Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 15,1, додека кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) за 10,4 проценти. Бројот на свињите кај деловните субјекти е намален за 59,5 отсто, додека кај индивидуалните стопанства за 14,6. Намалување на бројот на овците е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства за 4,9 отсто, а кај деловните субјекти за 42,6. Бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е намален за 25,1 отсто, а кај деловните субјекти за 44,2. Бројот на живината во 2019 година во споредба со претходната година, е намален за 14,6 проценти, соопшти ДЗС.

Љубљана, 31 март 2020 (МИА) – Бројот на заразени лица со коронавирусот во Словенија се зголеми на 802, откако вчера тестирањата потврдиле уште 46 случаи, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Портпаролот на Владата Јелко Кацин, објави дека изминатите 24 часа се направени вкупно 1.125 тестови.

Бројот на умрените од Ковид-19 се зголеми од 11 на 15, откако починаа уште четири пациенти кои според лекарите имале и други хронични болести.

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Секторите со економска активност во земјава во текот на 2018 година создале 1143 илјади тони отпад, од нив 98,21 отсто е неопасен,а 1,79 отсто опасен отпад, објави Државниот завод за статистика.

Податоците укажуваат дека најмногу отпад создава преработувачката индустрија – 531 илјади тони или 46,54 отсто.

Во оваа година вкупно се третирани 1 142 илјади тони отпад. Количеството на рециклиран отпад изнесува 524 илјади тони. Најмногу с реиклирале отпаоци од железен метал, необоени метали, отпадоци од хартија и картон и отпадоци од пластика.

Од создадениот отпад, 1 145 тони се складиран отпад.

Back to top button
Close
Close