МИА ФлешПакети

МИА Флеш

16 септември 2020

16 септември 2020

Сеул, 16 септември 2020 (МИА) – Северна Кореја наскоро би можела да го спроведе првиот тест за лансирање на подводни балистички ракети во оваа година, соопштија денеска јужнокорејски воени претставници.

Кандидатот за началник на Генералштабот на Јужна Кореја, Фон Ин Чоул, изјави дека Северна Кореја ја санира штетата предизвикана од неодамнешниот тајфун на нејзиното бродоградилиште Синпо на северозападот на земјата, местото каде што прави подморници.

Брисел, 16 септември 2020 (МИА) – Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето на преговорите со ЕУ се состои од шест страници со долги историски образложенија за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Меморандумот до кој дојде МИА се осврнува долго на историјата, Тито, Коминтерната и обвинува за „етнички и јазичен инженеринг“ во Северна Македонија.

Скопје, 16 септември 2020 (МИА) – Независната угостителска комора (НУК) денеска на состанокот на Кординативното тело што се одржа во Министерството за економија ги достави предлозите за краткорочни и долгорочни мерки.

На состанокот учествуваа претставници на сите комори, асоцијации и здруженија на туризмот во земјава.

Приштина, 16 септември 2020 (МИА) – Косовскиот претседател Хашим Тачи побара од републичкото Собрание итно да усвои резолуција со која ќе му се забрани на премиерот Авдулах Хоти да преговара за формирање Заедница на српски општини (ЗСО) во Косово, што е една од темите на актуелните косовско-српски преговори кои се водат во Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение од канцеларијата на Тачи се наведува дека Хоти треба да се спречи да преговара „за внатрешни работи на Косово и за теми кои го загрозуваат внатрешниот поредок на државата“.

Загреб, 16 септември 2020 (МИА) – Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска изјави дека во овој момент не гледа оправдана причина за ангажирање на хрватската војска во чувањето на границата од илегални преминувања на мигранти.

– Доколку се променат сегашните околности и работата на полицијата е од таков обем што не може да ги извршува самостојно, може да се разгледаат други опции, рече Пленковиќ. – Тоа, во моментов, не е случај, истакна тој во хрватскиот Парламент.

Даблин, 16 септември 2020 (МИА) – Целата ирска Влада е во самоизолација, а Парламентот е суспендиран откако министерот за здравство пријави дека не се чувствува добро.

– Сите сесии се одложени за, се надеваме, до следниот вторник или додека не добиеме упатства за повторно започнување на владината постапка, изјави претседавачот Шон О’Фиргејл.

Скопје, 16 септември 2020 (МИА) – Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е ставена на располагање со сиот свој капацитет да биде логистика во процесот на разговори кои синдикатите ќе ги водат со Владата и со соодветни анализи и практики да го аргументира барањето за помош кон најранливите категории граѓани.

Ова го посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешниот состанок со Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ).

Љубљана, 16 септември 2020 (МИА) – Во последните 24 часа, по направени 3.123 тестови, во Словенија се потврдени нови 123 случаи на коронавирус, што е рекорден број од почетокот на епидемијата, објави денеска словенечката Влада.

Во последниве недели, бројот на нови инфекции постојано се зголемува, а Владата соопшти дека поради зголемениот број хоспитализирани лица, очекува реорганизација на болниците и отворање на уште една, четврта, Ковид болница.

 

Back to top button
Close
Close