МИА ФлешПакети

МИА Флеш

11 септември 2020

11 септември 2020

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Собраниската Комисија за прашања на изборите и менувањата денеска ја усвои Предлог – одлукатс за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија.

За усвојување на одлуката гласаа и пратениците од опозицијата, кои претходно имаа забелешка дека Комисијата не може да дава предлози за персонален состав на другите собраниски комисии бидејќи, како што посочија, Собранието претходно на парламентарна седница не донело одлука за нивно основање и за дефинирање на надлежностите. Заради оваа забелешка беше побарана едночасовна седница по која Комисијата продолжи со работа и ја усвои одлуката.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Македонската банкарска асоцијација ги потсетува граѓаните кои имаат потреба од втор период на одложена отплата на кредитните обврски да пристапат до својата банка и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата.

Граѓаните, како што наведуваат, треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата по што барањата ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука за која тие ќе бидат известени.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси воопшто не се коси со Државната комисија за спречување на корупцијата, туку напротив таа е воведена за да се подобри соработката меѓу извршната власт и ДКСК.

Ова во интервју за МИА го посочи вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, кој е всушниот првиот човек, што презема ваква функција, со оглед на тоа што таа се воведе сега во новиот состав на Владата на Зоран Заев.

Битола, 11 септември 2020 (МИА) – Со градоначалниците сакаме да ги пресретнуваме проблемите и да ги отстраниме пред тие да се случат, односно да нема застој во работите, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за време на денешната посета на Општина Битола.

Министерот Бочварски нагласи дека заедничка цел е да се придвижат сите проекти и да се фокусираат на капиталните проекти што ќе ја раздвижат целата економија и ќе дадат сериозен импакт на Битола и регионот.

Кавадарци, 11 септември 2020 (МИА) – После 30 години Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие потполно нова слика. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) целосно реконструира две трибини (јужна и источна), а целосно покриена со кровна конструкција ќе биде јужната трибина.

Веќе се набавени и 2.000 нови столчиња за стадионот на ФК Тиквеш, а општина Кавадарци потоа целосно ќе ги обнови и модернизира соблекувалните и останатите простории во рамки на стадионот.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини вели дека за кратко време е поминат патот од идеја до реализација на проектот.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска оствари средба со албанскиот амбасадор Фатос Река.

Поаѓајќи од мартовската одлука на ЕУ за почетокот на преговорите за двете земји, министерот Маричиќ истакнал дека двете држави треба да ја продолжат и зајакнат соработката во пресрет на отворањето на Поглавје 23: Правосудство и темелни права.

Од Министерството за правда информираат дека министерот посочил дека ЕУ има вистинска трансформативна моќ и дека процесот на евроинтеграција е клучен за развојот на регионот и ширењето на европските вредности за владеење на правото и почитувањето на човековите права.

Атина, 11 септември 2020 (МИА) – Грчката Влада обезбеди 200.000 брзи тестови за антигени за коронавирусот (Covid-19 Ag Rapid Test), од кои првиот дел ќе се искористат на грчкиот остров Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштуваат дека брзите тестови ќе бидат искористени согласно упатствата од надлежната Комисија на епидемиолози.

Брзите тестови беа набавени со помош на донација во висина од еден милион евра од грчки бродосопственик, а со специјален лет ќе бидат доставени прво на Лезбос, а потоа во Атина.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со постојаната координаторка на Обединетите Нации во Република Северна Македонија Росана Дуџак, на која како што информираше неговиот кабинет, биле разменети информации и идеи за тоа како да се продлабочи соработката помеѓу органите на ООН и Владата на Република Северна Македонија.

-Дуџак ја поздрави добрата соработка меѓу ООН и Северна Македонија, оценувајќи дека земјата, во најважните моменти, покажала коректни односи со сите важни прашања, кои се во фокусот на Европската Унија и истовремено на ООН. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците на овој состанок и рече на Дуџак дека добрата и правилна соработка со органите на ООН постојано се зајакнува и дека ова темпо ќе се задржи и во иднина, се вели во соопштението.

Анкара, 11 септември 2020 (МИА) – Турција денеска го отфрли соопштението на медитеранските држави од Европската унија за спорот во Средоземното Море, велејќи дека коментарите се пристрасни и немаат врска со реалноста, но и дека Анкара останува отворена за разговори без предуслови со Грција.

Во вчерашното заедничко соопштение на, седум медитерански држави од ЕУ се наведува дека европскиот блок ќе состави листа со нови санкции против Турција кон крајот на септември, освен ако Анкара не преговара со Грција и Кипар за решавање на спорот.

Атина, 11 септември 2020 (МИА) – Бегалците и мигрантите од кампот Мориа, на грчкиот остров Лезбос, веќе трет ден се на улиците на островот, откако по двата пожари останаа без кров над глава и сега се обидуваат да изнајдат начини и простори за да постават регуларни, но и импровизирани шатори, јави дописничката на МИА од Атина.

Во близина на постоечкиот прифатен центар Кара Тепе, според локалните медиуми од островот, денеска со хеликоптер се пренесуваат шатори за да се создаде нов, привремен камп.

 

 

Back to top button
Close
Close