МИА ФлешПакети

МИА Флеш

10 септември 2020

10 септември 2020

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Неспорно е дека спроведувањето на наставата преку дигиталните платформи останува предизвик, посебно за држава со мали ресурси, како што сме ние, и за оние кои ја изведуваат наставата, но и за учениците и студентите, за родителите, за секој од нас. Генерално, дигитализацијата во образованието отвора извонредни можности за олеснување на образованието на сите граѓани и нашите досегашни искуства на овој план мора да се искористат и по завршувањето на кризата со Ковид-19.

Ова денеска го порача претседателот Стево Пендаровски, која ја отвори онлајн трибина „Дигитализација и образование“, во организација на „ДИГ-ЕД“.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со в.д. претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Фаик Арслани.

На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се дискутирало околу спроведувањето на реформите и состојбите во правосудството, како и воедначување и подобрување на судската пракса.

Министерот Маричиќ истакнал дека очекува активно учество на Врховниот суд на Република Северна Македонија како највисока судска инстанца во државата и нејзино вклучување во реформите во правосудството.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Општините издвоија од три до 21 процент од своите буџети за проектите кои ги побарале граѓаните на јавни дискусии. Дури 60 проценти од побараните проект од граѓаните, бизнис секторот и засегнатите страни од општините се капитални проекти, а 40 проценти се тековни. Доминираат проектите во делот на урбанизам, инфраструктура, објекти и услуги кои се бараат од општината, многу помалку се бараат проекти во делот на образование, социјала и култура, а животната средина е речиси занемарена.

Ова го покажуваат резултатите од мониторинг анализата на проектот „Мои пари моја одговорност“: Партиципативно буџетирање во општините, поддржан од Проектот за граѓанско учество на УСАИД, а имплементиран од мрежата Фискас во изминатите три години.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – На 21 септември со изнесување на докази од обвинителството, треба да продолжи судењето за предметот „Монструм“. На денешното рочиште сведочеа четврица вработени во Министерството за внатрешни работи. Тие ги објаснија процедурите како пристапиле кон извршување на здачите на 12 април 2012 година кога беа убиени момчињата и рибарот на брегот на езерото во близина на селото Смилковци, кога им било јавено за настанот.

Бидејќи се поминати осум години од убиството, сведоците за дел од настаните се сеќаваа, но за делот што обвинителите и судиите прашуваа за тоа кој пријавил за најдената „Опел Омега“, одговор неможеа да дадат.

Вашингтон, 10 септември 2020 (МИА) – Правната рамка за инвестирање во Северна Македонија во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди и странските инвеститори се третираат исто како и домашните. Земјата ја поедностави регулаторната рамка за странските инвеститори што работат во ТИРЗ, кои генерално имаат позитивни искуства и добра соработка со владините претставници. Допнолнителни позитивни фактори за поттикнување на странските директни инвестиции (СДСИ) и економскиот раст е што земјата влезе во НАТО, го реши спорот за името со Грција и ги почнува преговорите за членство во ЕУ.

Ова се наведува во извештајот за инвестициската клима во Северна Македонија за 2020 година, што го објави американскиот Стејт департмент.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Независната угостителска комора бара преку дијалог со надлежните институции да се носат одлуки и решенија кои ќе бидат применливи за да може да работат и да ги намалат загубите предизвикани од пандемијата. Проценките на Комората се дека годината ќе ја завршат едвај со третина од приходите, неминовна ќе биде и рационализација на вработените.

– Проблемот со кој се соочуваме е дека Комисијата за заразни болести носи одлуки и протоколи што треба да ги имплементираме, а истите не сме во можност да ги спроведеме, бидејќи не се примениливи во пракса. Од друга страна носат протоколи со кои се прават настани од големи размери со неколку илјади луѓе каде што не можат да се почитуваат протоколи, а истовремено немаме протоколи кои можеби ги засегаат угостителските објекти, како што се оние за правење свадби и оние кои работат како ноќни клубови, изјави Златко Јосифовски, претседател на Комората која денеска го организира форумот „На иста страна“.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, преку видео конференциска врска, се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, со која разговараа за економските приоритети на Владата во новиот мандат, тековната и идна економска соработка помеѓу двете земји, како и можностите за развој на истата.

Вицепремиерот Битиќи, соопштија од неговиот Кабинет, ги претстави економските приоритетети на Владата во наредниот четиригодишен мандат, при што посочи дека врвен приоритет е справувањето со кризата предизвикана од КОВИД-19, како и креирањето на новиот четврт пакет економски мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со евроамбасадорот Самуел Жбогар, при што му се заблагодари за неговиот ангажман и посветеност во процесот на приближување на нашата држава кон Европската Унија.

– Министерот Спасовски ја изрази посветеноста на реформската определба Министерството за внатрешни работи да стане ефикасен сервис на граѓаните и за имплементирањето на европските вредности во секојдневното работење. Во тој процес од особена важност е поддршката што ја добиваме преку ИПА фондовите и која придонесе кон зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал и за безбедноста на државните граници, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Брисел, 10 септември 2020 (МИА) – Европската комисија денеска повторно изрази голема загриженост во врска со планот на британскиот премиер Борис Џонсон неговата земја да го прекрши договорот за Брегзит, односно условите за напуштање на Европската унија.

-Добро знаете дека сме многу загрижени за предлог британскиот закон за внатрешен пазар и намерата на британската Влада да го наруши договорот за напуштање на ЕУ, изјави еден од портпаролите на ЕК на прес-конференција.

„Знаете дека од таа причина свикавме вонреден состанок на заедничкиот комитет на ЕУ и Велика Британија“, рече портпаролот, пренесуваат британските медиуми.

Бејрут, 10 септември 2020 (МИА) – Продавница за нафта и гуми се запали денеска во Бејрут, и засега нема информации за повредени во инцидентот.

Пожарот изби во бесцаринската зона на пристаништето, а потоа огромен столб од црн чад се издигна над главниот град на Либан, чии граѓани се уште се трауматизирани поради експлозијата на 4 август, во која загинаа околу 190 лица, а околу 6.000 беа повредени.

Војската соопшти дека сè уште не е позната причината за пожарот, наведувајќи дека испратила хеликоптери за да го стават огнот под контрола.

Ерусалим, 10 септември 2020 (МИА) – Владата на Израел сериозно размислува за повторно воведување на карантин во целата земја, а причината за тоа е фактот што властите неуспешно се борат со наглото зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот.

Министерството за здравство вчера соопшти за 3.904 нови заразени, со што беше соборен дневниот рекорд на бројот на новозаразени. Вкупниот број на заразени достигна 142.582. Пријавени се и единаесет смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Израел се искачи на 1.054.

Back to top button
Close
Close