МИА ФлешПакети

МИА Флеш

10 септември 2020

10 септември 2020

Париз, 10 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Франција Емануел Макрон во следните неколку недлеи сака да даде видливост на борбата против коронавирусот во земјата, откако епидемијата почна повторно да се распалува, јави дописникот на МИА.

На Корзика, каде учествува на самитот на земјите од југот на Европска унија, Емануел Макрон вети дека утре ќе има одлуки во врска со Ковид-19.

-Она што мора да го направиме е да се прилагодиме на еволуцијата на вирусот (…) Ние ќе мора да донесеме одлуки, но еве, мислам дека мора да продолжиме да бидеме строги, реални, без да попуштиме на било каква паника, изјави тој.

Скопје, 10 сепгтември 2020 (МИА) – Писмо од кинескиот премиер Ли Кечијанг, со честитки до премиерот Зоран Заев за изборот на новата Влада му беше предадено денеска од кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо на средбата.

Заев на средбата со Џанг упати благодарност до кинескиот премиер Кечијанг, на амбасадорот Ѕуо и до кинескиот народ за навремената помош и поддршка од НР Кина, на нашата држава, за време на пандемијата, што е потврда за добрите билатерални односи помеѓу двете држави.

Тирана, 10 септември 2020 (МИА) – Американскиот Стејт департмент го објави извештајот за инвестициската клима во Албанија за 2020 година, во кој се наведени низа проблематични прашања.

„И покрај здравата законска рамка и напредокот во е-реформата, странските инвеститори ја перцепираат Албанија како неповолно место за бизнис. Тие, како тековните проблеми во Албанија, ги наведуваат корупцијата, особено во судството, недостигот на транспарентност во јавните набавки и лошото спроведување на договорите, се наведува во последниот извештај за бизнис климата во Албанија, пренесуваат медумите во Тирана.

Мелбурн, 10 септември 2020 (МИА) – Додека корона-пандемијата на многумина им носи грижи, нервози и главоболки, на Натали и Кану од Австралија им донесе четири нови членови на семејството…

Со четворката бебиња, брачната двојка го зголеми своето семејство од три на седум члена преку ноќ. Досега, тие ја имаа двегодишната ќерка Кијана, која сакала да има брат или сестра.

Но, тие во меѓувреме се бореле и со неплодноста… Добрата вест дошла кога светот се затвори дома поради корона-кризата.

Лондон, 10 септември 2020 (МИА) – Извршниот директор на АстраЗенека, Паскал Сорио, денеска изјави дека до крајот на годината ќе се знае дали нивната експериментална вакцина ќе ги заштити луѓето од Ковид-19, доколку на британскиот производител на лекови му биде дозволено да продолжи со тестирање.
АстраЗенека ги суспендираше испитувањата на вакцината откако еден учесник во студијата, наводно, добил трансверзален миелитис.

Говорејќи за вакцината, која Светската здравствена организација ја смета за најперспективна во борбата против коронавирусот, Сорио рече дека тестирањето на вакцините многу често се прекинува, но разликата е во тоа што целиот свет сега следи што се случува.

Москва, 10 септември 2020 (МИА) – Белоруската опозиционерка Марија Колесникова тврди дека безбедносните службеници и ставиле ќесе врз главата и и се заканиле дека ќе ја убијат кога неделава насилно се обиделе да ја депортираат во Украина, се наведува во изјавата што денеска ја поднел нејзиниот адвокат.

Британските медиуми пренесуваат дека Колесникова изјавила дека е искрено се исплашила за својот живот.

„Особено ми беше нагласено дека доколку не ја напуштам Република Белорусија доброволно, тие сигурно ќе ме протераат, жива или во делови. Имаше закани дека ќе ме стават во затвор до 25 години”, напишала Колесникова во изјавата.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Во јули годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски 0,2 проценти на месечно ниво, а за 0,4 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јули во споредба со јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 2,2 процент,и а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,4 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3 проценти.

Во јули годинава во споредба со јули минатата година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11,4 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,8 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,6 проценти.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по жалбите на обвинетиот и на обвинителството во предметот со сообраќајната несреќа кај Универзална сала, во која животот го загуби Фросина Цековска, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот ја одби како неоснована, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи во делот на кривичната санкција. Со ова Врховниот суд ја преиначи пресудата на Апелациониот суд Скопје и обвинетиот го осуди на казна затвор во траење од 4 години, додека во останатиот дел второстепената пресуда ја потврди.

Претходно, Апелационот суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина со која обвинетиот го огласи виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик и го осуди на казна затвор во траење од 3 години, а на обвинетиот му изрече и забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од една година.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Успешната имплементација на Стратегијата за реформи за правосудството и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и човекови права претставува вистински предизвик за земјава, оцени министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата се дискутираше и околу зајакнувањето на одговорноста на судиите и обвинителите и најавениот ЕУ мониторинг на судските случаи од висок профил.

– Министерот Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка на Мисијата на ОБСЕ во клучните реформски области и експертската поддршка во изработката на Законот за кривична постапка, Кривичниот законик, Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела сторени со насилство, а секако и Изборниот законик, се наведува во соопштението.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Чаура од куршум испукан на 12 април 2012 година како доказ била допишана во вкупниот збир на докази на 17 април, односно четири дена после првиот записник во кој биле запишани 20 чаури најдени на местото на убиството кај Смилковско езеро. Дали со тоа се „мести“ обвинетиот Фазли Азири, беше прашан денешниот сведок В.М. на судењето за предметот „Монструм” од адвокатот Насер Рауфи.

Сведокот, кој бил началник во МВР во Единицата за истраги, рече дека во неговата кариера никогаш не се случила таква работа и дека за сите нови докази најдени за громорозното убиство, биле изготвувани нови записници. Судечкиот совет и обвинителите реагираа на ваквото прашање на адвокатот.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close