МИА ФлешПакети

МИА Флеш

9 септември 2020

9 септември 2020

Вашингтон 9 септември 2020 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп нема да контактираат до претседателските избори во САД закажани за 3 ноември, соопшти денеска Кремљ.

Американскиот ТВ канал Ен-Би-Си, повикувајќи се на свои извори, во средината на август соопшти дека Трамп во разговор со соработници изразил желба за лична средба со Путин до изборите во ноември.

-Засега не се планирани какви било разговори. Засега нема повод за тоа. Но знаете дека тие често општат, изјави денеска Димитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која на која се согласиле долгогодишната соработка да продолжи во повеќе различни области, како и дека преку таквата соработка ќе работат на унапредување на реформските процеси и обезбедување просперитет за граѓаните.

Како што информира владината Прес-служба, премиерот Заев со амбасадорот Која разговарал за состојбата во земјата по одржаните предвремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада.

– Заев изрази уверување и посочи дека вториот мандат е одлична можност, Владата во наредниот четиригодишен мандат да продолжи со имплементацијата на заедничките приоритети, членството во НАТО и Европската Унија како и унапредување на добрососедските односи, посветеноста за ефикасно владеење на правото и продолжување на севкупните реформи во земјата за подобрување на стандардот на граѓаните, се вели во соопштението.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Полицијата заштитник и партнер на граѓаните, на сите граѓани без разлика на нивната етничка и партиска припадност, пол, род, сексуална ориентација,социјално потекло, образование, на јазик, религија, имотен или општествен статус, политичко уверување, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прва негова прес-конференција откако се врати на оваа фуункција.

Најави дека продолжуваат со импелементација на стратегиите што ги подготвиле во изминатиот период и кои треба да придонесат за поефикасна работа на македонската полиција.

Вашингтон, 9 септември 2020 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир за 2021 година.

„Дејли Меил“ информира дека Трамп бил номиниран само неколку недели откако посредувал во постигнувањето договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Трамп го номинирал норвешкиот пратеник Кристијан Тибринг-Гједе, кој го пофали американскиот претседател за неговите напори во решавање на конфликтите во светот.

Љубљана, 9 септември 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа во Словенија се регистрирани 79 нови случаи на коронавирус од 2.560 тестирани лица, што е дневен рекорд од 4 март, кога се појави првиот случај на Ковид-19 во земјата, покажуваат најновите податоци на Владата.

Во моментов има 590 активни случаи.

Вкупно 33 пациенти се наоѓаат во болници, од кои четворица се на интензивна нега, според податоците на страницата covid-19. sledilnik.org.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Во следните денови, како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе продолжи периодот на претежно сончево и топло време со повремена мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Брисел, 9 септември 2020 (МИА) – Во споредба со февруари, последниот месец пред почетокот на пандемијата од Ковид-19, стапката на вработени лица во Белгија се зголемила за 4,2 отсто, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ова се податоците од анализата на фирмата за човечки ресурси Асерта објавени денеска.

На почетокот на кризата Белгија воведе привремен систем за лицата што останаа без работа поради вирусот, според Асерта системот се покажал ефикасен. Во јули е констатирано намалувања на барањата за социјална помош за невработените.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close