МИА ФлешПакети

МИА Флеш

7 септември 2020

7 септември 2020

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Најголем дел од децата се чувствуваат дека припаѓаат во своето училиште, но сметаат дека не се посветува многу внимание на училишната хигиена. Најбезбедни се дома, а најчести дискриминации кои ги почуствувале во одредена ситуација е поради нивниот изглед, телесна тежина и боја на кожа и местото на живеење.

Ова го покажува истражувањето на Првата детска амбасада во светот Меѓаши во кое се опфатени 1077 деца, на возраст од 12 до 17 години од 78 градови и села од сите региони во државата.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Владата ќе биде отворена за сите конструктивни предлози кои произлегуваат од бизнис секторот, порачал вицепремиерот за економски прашања и координација на економските сектори Фатмир Битиќи на денешната средба со делегација на Сојузот на стопански комори предводена од претседателката Данела Арсовска.

На средбата, како што соопшти неговиот Кабинет, Битиќи потенцирал дека во моментот во фокусот на Владата е креирањето на сеопфатен и квалитетен четврт сет на мерки за поддршка на граѓаните и на стопанството, кој најдобро ќе ги рефлектира потребите на најпогодените групи за надминување на кризата предизвикана од Ковид-19.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство ќе вложи жалба до Апелациониот суд Скопје, по приемот на пресудата по предметот за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечен ресторан за која е изречена условна казна.

Во јавноста изминатите неколку дена се отвори голема дебата, откако судијката Елена Илиевска Јосифовиќ од Основниот кривичен суд Скопје на 4 септември годинава, изрече условна осуда на предизвикувачот на сообраќајната несреќа во која на 12.10.2018 година животот го губи 32-годишен возач на мотоцикл, а неговата бремена сопруга е тешко повредена и како последица подоцна го губи бебето.

Лондон, 7 септември 2020 (МИА) – Во Лондон денеска продолжува постапката за екстрадиција против основачот на Викиликс Џулијан Асанаж кој доколку биде екстрадиран во САД, речиси сигурно ќе се соочи со доживотен затвор.

Во Лондон има најмалку осум затвори, а за британското правосудство за Асанаж го избра Белмарш. Затворот во источен Лондон со максимално ниво на безбедност е изграден за терористи и криминалци кои извршиле тешки кривични дела. Затворските услови важат за тешки. Дури и Википедија го опишува Белмарш како „британска верзија на Гвантанамо беј“, пишува Дојче Веле.

Приштина, 7 септември 2020 (МИА) – Косовскиот претседател Хашим Тачи го оцени минатонеделното потпишување во Вашингтон на договорот за економска стабилизација меѓу Косово и Србија како „најсериозно дипломатско дело во минатите две децении на Западен Балкан“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната прес-конференција Тачи изјави дека најзаслужни за постигнатиот договор, што во Белата куќа го потпишаа косовскиот премиер Авулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ, се претседателот на САД Доналд Трамп и неговиот специјален пратеник за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Ричард Гренел.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Враќање на работа на хронично болните лица, освен за оние кои

имаат извештај од специјалист за егзацербација на болеста, предложи изутрината Комисијата за заразни болести.
За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, соопшти Министерството за здравство, отсуството ќе трае до 31 декември 2020 година. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа.
За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Во најновиот извештај на агенцијата Standard & Poor’s се потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ- со стабилен изглед и помеѓу другото, се наведува дека банкарскиот систем останува стабилен. Ваквите констатации на оваа меѓународно реномирана агенција според Македонската банкарска асоцијација, недвосмислено ги потврдуваат веќе изнесените оценки за банкарскиот систем од МБА, Народната банка и други релевантни институции во нашата земја, како резултат на сите политики и реформи направени во последните две и пол децении.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – Паркот на ветерни електрани „Богданци“ до крајот на август испорачал над 87 гигавати електрична енергија со што го надмина планираното производство за тој период за 37,5 отсто.

Тоа значи дека на четири месеци до крајот на календарската година, овој производствен капацитет остварил над 91 проценти од годишниот производствен план предвиден во енергетскиот биланс.

– Производството на ВЕЦ Богданци во првата половина од 2020 година заклучно со 30-ти јуни е 68 452 мегавати или 43,5 отсто повеќе од планираните 47 712 мегавати. Ова е рекордно производство во првото полугодие од постоењето на ВЕЦ Богданци, информираа денеска од Електрани на Северна Македонија.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close