МИА ФлешПакети

МИА Флеш

4 септември 2020

4 септември 2020

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Потребно е интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа меѓу С.Макеоднија и Бугарија во претстојниот период, се согласиле во денешниот телефонски разговор министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Екатерина Захариева.

Захариева, како што соопшти МНР, му упати честитки на Османи за изборот за шеф на дипломатијата и му посака успех во вршењето на должноста.

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми (АЗНПМ) изразува жалење што во последно време носители на функции на јавни установи се пресметуваат јавно со медиуми кои критички ја опсервираат нивната работа.

Од Асоцијацијата посочуваат дека последниот таков пример е со директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) Скендер Асани, кој за напис во весникот „Коха“ за спомен плочата на Мајка Тереза, го обвини весникот за поттикнување на говор на омраза, односно антисемитизам.

Атина, 4 септември 2020 (МИА) – Ширењето на коронавирусот меѓу младите продолжува да предизвикува особена загриженост и поради зголемениот број случаи на возраст под 40 години и поради тешките случаи и приклучувањата на апарати кај релативно млади групи граѓани, а просечната возраст на заразените е 39 години, пишува во седмичниот извештај за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, за периодот од 27 август до 2 септември.

Согласно објавените податоци во извештајот, се забележува мало зголемување на дневниот број случаи што во просек достигнуваат до 220, наспроти 216 во претходните седум дена.

Париз, 4 септември 2020 (МИА) – Правото на карикатура и потсмев, дури и на религија, претставува суштински дел од францускиот идентитет, рече претседателот на Франција, Емануел Макрон на церемонијата за натурализација, два дена по почетокот на судењето на обвинетите за вмешаност во нападот на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“.

Во Пантеон во Париз, Макрон свечено предаде документи за петмина нови државјани на Франција, на церемонијата по повод 150-годишнината од Третата Република.

Тирана, 4 септември 2020 (МИА) – Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократската партија, Љузљим Баша, по средбата со претседателот Илир Мета, изјави дека повеќето Албанци сакаат избори денес, а не утре, бидејќи според него, тие се заморени од пропагандата, неуспесите и измамите на владата.

Додава дека на албанските граѓани итно им се потребни работни места, деловни активности, лекари, на земјоделците им е потребен пласман, а на производите, на младите образование и вработување, на пензионерите реални зголемувања на пензиите.

Брисел, 4 септември 2020 (МИА) –Генералниот секретар на НАТО се обрати пред новинарите по денешната средба на Северноатлантскиот совет во Брисел и порача дека Русија должи убедливи одговори околу обидот за убиство врз опозиционерот Алексеј Навални, јави дописничката на МИА од Брисел.

Амбасадорите на 30-те земји членки на Алијансата денеска одржаа состанок посветен главно на труењето на Навални. Германскиот амбасадор ги брифирал своите колеги за наодите на германските лекари под чија нега се наоѓа Навални откако беше отруен во авион.

Брисел, 4 септември 2020 (МИА) – Европската Комисија бара од земјите членки подобра координација на боите на зони погодени од Ковид-19 за да се избегнат рестрикциите врз слободата на движење во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија (ЕК) смета дека земјите членки не се доволно координирани во однос на рестриктивните мерки што негативно се одразува врз слободното движење како и врз довербата на граѓаните и на бизнисите, објаснија попладнево еврокомесарите за правда и за внатрешни работи, Дидие Рејндерс и Илва Јохансон.

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Во последните 24 часа се направени 1.486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-10, Штип-3, Прилеп-12, Тетово-6, Струга-4, Битола-6, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-2, Крива Паланка-2, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1. Починати се тројца пациенти од кои еден од Кичево (64 г.), еден од Скопје (61 г.) и еден од Македонски Брод (70 г.). Сите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациент од: Скопје-29, Куманово-13, Дебар-2, Штип-4, Тетово-4, Велес-1, Битола-2, Гостивар-13, Струмица-1, Радовиш-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-4, Кичево-6.

Струмица, 4 септември 2020 (МИА) – Клубот „Аватар“, кој беше затворен во јули на еден месец, се пререгистрирал во Централниот регистар како кафе бар, а по објави на социјални мрежи дека таму се одржуваат забави, инспектори на Пазарниот инспекторат извршиле контрола минатиот петок, но не констатирале неправилности.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски за МИА потврди дека „Аватар“ кон крајот на минатиот месец објектот бил пререгистриран во кафе бар.

Белград, 4 септември 2020 (МИА) – Претседателите на САД и Србија, Доналд Трамп и Александар Вучиќ, ќе се сретнат попладнево, во 17 часот по средноевропско време, објавено е на веб-страницата на американската амбасада во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Според агендата, американскиот претседател, Доналд Трамп ќе ги прими Вучиќ и Авдулах Хоти во 17 часот, зад затворени врати во Овалната соба, а потоа ќе присуствува на церемонијата на потпишување во Рузвелтовата соба, додека трилатералната средба ќе се одржи повторно во Овалната соба, со ограничен број новинари.

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, денеска во неговиот кабинет се сретна со амбасадорот на ЕУ во нашата земја, Самуел Жбогар, при што му се заблагодари за неговиот придонес на патот на Република Северна Македонија кон европската интеграција.

Реформите, Охридскиот Рамковен Договор и безкомромисната борба против корупцијата во земјата, биле темите на кои разговарале вицепремиерот Груби и евроамбасадорот Жбогар, соопштија од Секторот за односи со јавноста во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Москва, 4 септември 2020 (МИА) – Во текот на есента може да дојде до комплицирање на епидемиолошката состојба во Москва, пред се, поради почетокот на учебната година и враќањето на граѓаните од одмор, предупреди денеска градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

„Пандемијата на коронавирусот се уште не е завршена, туку, уште повеќе, есенва може да се соочиме со влошување на состојбата. Децата тргнаа на училиште, студентите на универзитети и многу луѓе се вратија од своите колиби, и сето тоа ќе создаде услови за одредено зголемување на бројот на заразени “, напиша Собјанин на Интернет за градот што го раководи, а во кој епидемиолошката состојба во последните неколку недели значително се подобри.

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Фондот за осигурување на депозити информира дека обештетувањето на депозитите до 30.000 евра за физичките лица во „Еуростандард банка“ ќе се исплаќа еднократно, а ќе биде достапно од денот кога ќе почне исплатата.

Депонентот за обештетување ќе има на располагање 36 месеци, односно три години од денот на почеток на исплатата. По истекот на овој период, депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат правото на обесштетување, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити.

Рим, 4 септември 2020 (МИА) – Папата Франциск денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот ги урна и онака разнишаните столбови на светскиот економски модел изграден врз идолопоклонството кон парите и доминацијата на богатите.

Во пораката до учесниците на годишната европска работилница „Хаус-Амбросети“, на која учествуваат околу 200 врвни менаџери, економисти и политичари од целиот свет, тој повика на усвојување на нови модели кои ќе бидат поинклузивни и ќе ја намалат социјалната нееднаквост, пренесуваат британските медиуми.

 

Back to top button
Close
Close