МИА ФлешПакети

МИА Флеш

26 август 2020

26 август 2020

Скопје, 26 август 2020 (МИА) – Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието продолжува на 4 септември со сослушување на сведоци предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, откако на денешното рочиште заврши со презентирање на материјалните докази.

На 4 септември треба да бидат сослушани 15 пратеници, меѓу кои Трајчо Димков, Иван Стоилковиќ, Љупчо Димковски, Љиљана Кузмановска, Драган Данев, Панче Минов, Благоја Деспотовски и други.

На предлог на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, на денешното рочиште беше презентиран видео запис од продолжението на конститутивната седница на Собранието на 27 април 2017 година.

Скопје, 26 август 2020 (МИА) – Борба за секое работно место, зачувување на потенцијалот и капацитетот на компаниите и задружување на платите и пензиите со тенденција за нивен раст штом помине кризата со Ковид 19, вети мандатарот Зоран Заев кој денеска до Собранието ги поднесе составот и програмата на новата влада.

Паралелно со ова најави и воспоставување на комисиите кои ќе работат на прочистување на правосудството и проверка на имотот и парите на функционерите, како и подготовка на процесот на преговори со Европската унија. Очекувањата се дека кон крајот на октомври или почетокот на ноември ќе се одржи првата меѓувладина конференција.

Скопје, 26 август 2020 (МИА) – Мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска до Собранието достави предлог-состав и програма за работа на новата Влада.

-На изборите на 15 јули граѓаните на фер, слободни и демократски избори го потврдија правецот, го кажаа свјот став кој денеска го преточуваме во програма, изјави Заев.

Тој рече дека рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефиканса и одговорноа влада која ќе ги гарантира стратешките определби односно членство во НАТО и ЕУ, добри меѓусосетски односи, справување со корона кризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава, модерно образование и стабилни институции.

Скопје, 26 август 2020 (МИА) – Учебната година ќе почне на 1 октомври, соопшти денеска мандатарот Зоран Заев во изјава пред Собранието откако достави предлог-состав и програма на новата влада. Посочи дека онлајн-наставата ќе биде концепт за сите ученици освен за првите одделенија во кои учениците, како што рече, треба да бидат описменети, како и во училишта според проценките на самите општини.

Се остава време за да се земат предвид сите аспекти на оваа, како што рече, комплексна проблематика, како подготовка на онлајн-платформата, безбедносните протоколи за децата, прашањето за чување на децата до 10 години итн., и тие ќе бидат на дневен ред на првата сеница на новата Влада.

Скопје, 26 август 2020 (МИА) – Со 62 пратеника се формира стабилна Влада, која е подготвена за многу сериозни и храбри одлуки, изјави денеска мандатарот Зоран Заев по поднесувањето на предлогот за состав на новата Влада во Собранието. Заев вели дека приоритетите на новата Влада ќе бидат домашни, бидејќи оние на меѓународне план се завршени, потенцирајќи посветеност на кризата со Ковид-19, економијата, правосудството, преговорите со ЕУ…

-Меѓународното, но и домашното искуство покажа дека со 62 пратеници се формира стабилна Влада, и не само стабилна, подготвена за многу сериозни и храбри одлуки во интерес на граѓаните. Во многу други земји парламентарното мнзоинство не е огромно, туку дека е парлментарно мнозинство кое ги отсликува мнозинството граѓани, преку мнозинството пратеници во Парламентот кои ја преземаат најголемата одговорност, рече Заев.

Тирана, 26 август 2020 (МИА) – Уште еден лекар во Албанија почина како последица на опасниот коронавирус, јави дописничката на МИА.

Станува збор за еден од најпознатите албански епидемиолози, Вилсон Топули, со бројни научни трудови а кој се соочил со повеќе епидемии кои владееле во земјата.

Веста ја објави Силва Бино, началник на одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје во Тирана, емотивно простувајќи се од својот долгогодишен колега.

Минск, 26 август 2020 (МИА) – На антивладините протести во Белорусија, на кои вчера присуствуваа околу 4.800 демонстранти, уапсени се 51 лице, соопшти Министерството за внатрешни работи на Белорусија.

„Најголем број демонстранти беа во Минск, Брест и Молодечно“, се наведува во соопштението.

Во исто време, во Белорусија се одржаа неколку митинзи за поддршка на мирот и безбедноста, на кои присуствуваа околу 16.750 луѓе, јави агенцијата ТАСС.

Дубаи, 26 август 2020 (МИА) – Бројот на смртни случаи во Иран од последици од коронавирусот надмина 21.000, откако во последните 24 часа починаа уште 119 лица, објави денеска Министерството за здравство.

Портпаролката на Министерството за здравство Сима Садат Лари изјави дека во истиот период се регистрирани 2.203 новозаразени.

Во Иран од почетокот на епидемијата се заразени вкупно 385.606 лица.

Њу Орлеанс, 26 август 2020 (МИА) – На повеќе од половина милион жители на американскиот брег во Мексиканскиот залив им е наредено да се евакуираат поради ураганот Лора што може да ги погоди Тексас и Луизијана.

Ураганот, проследен со силен ветер, се очекува да предизвика поплави и големи бранови.

Повеќе од 385.000 луѓе треба да бидат евакуирани од градовите Бомонт, Галвестон и Порт Артур во Тексас, а наложена е евакуација и на 200.000 жители од пониските области во југозападна Луизијана, каде бранови високи речиси четири метри би можеле да поплават цели места.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close