МИА ФлешПакети

МИА Флеш

27 март 2020

27 март 2020

Берлин, 27 март 2020 (МИА) – Пејачот на германската рок група Рамштајн, Тил Линдеман е заразен со новиот коронавирус и се наоѓа во болница на интензивна нега.

Според германскиот весник „Билд“, Линдеман бил во животна опасност, а сега состојбата му е подобрена.

По концертот во Русија, тој се вратил во Берлин каде што добил висока температура. Со Брза помош е префрлен на клиника каде што е тестиран и е потврдено дека е позитивен на коронавирусот. Исто така му е дијагностицирана и пневмонија.

Москва, 27 март 2020 (МИА) – Три лекови – умифеновир, ремдесивир и фавипиравир поминуваат низ клиничко тестирање на пациенти со коронавирус, според привремените препораки за превенција, дијагностицирање и лекување на пациенти, соопшти руското Министерство за здравство.

Според објавените податоци, овие лекови би можеле да се користат за лекување на пациенти со Ковид-19, објавија туските медиуми.

Сепак, се наведува дека податоците што се достапни денеска не се доволни за да се добие конечен заклучок за ефекасноста на лекувањето.

Атина, 27 март 2020 (МИА) – Бегалците и мигрантите, кои речиси еден месец беа насобрани на турска страна и насилно и нелегално се обидуваа да влезат на грчка територија, а доста често, во Грција, медиумите и официјалните лица тврдеа дека се помогнати од турските власти, во текот на ноќта го растурија импровизираниот камп и си заминаа од Еврос, јави дописничката на МИА од Атина.

Πред да започне отстранувањето на бегалците и мигрантите, според извори од Атина, турските власти ги запалиле шаторите во близина на границата со Турција.

Грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис денеска одржа состанокот со надлежните министри во однос на ситуацијата на границата со Турција, а на почетокот реле дека е констатирано дека „импровизираниот камп на границата, се чини дека се растури, а оние кои што беа на границата кај Еврос си заминаа оттаму“.

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Во овој момент е добро што имаме линеарно зголемување на бројот на случаите, приближно ист број секој ден, а не експоненцијално, но ние сме спремни да прифатиме и да третираме пациенти дури и да има раст. Целосно се мобилизирани здравствените работници, спремни се капацитетите. Имаме и излекувани пациенти и сме целосно во ситуација да се амортизира приемот на пациенти. Терапијата е веќе аплицирана кај пациенти кај кои е индицирана согласно анализите од нивното ЕКГ. Сосема добро стручно се справуваат колегите во сите јавно здравствени институции.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата на која рече дека еден од членовите на резервниот тим на Клиниката за кардиологија на работа пројавил симптоми.

Москва, 27 март 2020 (МИА) – Околу 10.000 до 15.000 регистрирани лица, кои биле во контакт со пациенти заразени со коронавирусот, се ставени под медицински надзор, изјави денеска шефицата на Руската санитарна служба, Ана Попова.

– Од 15.000 лица кои ги надгледувавме, 10.000 остануваат под надзор, додека 5.000 успешно го поминаа овој период. Тие се тестирани и се целосно здрави, рече Попова.

Таа додаде дека Русија го смени алгоритамот на откривање на вирусот и дека го зголеми бројот на лаборатории кои вршат тестови.

Њујорк, 27 март 2020 (МИА) – Преземените рестриктивни мерки низ светот во врска со борбата против новиот коронавирус ја зголемуваат опасноста од семејно насилство, изјави специјалниот известувач на ОН за насилство врз жените, Дубравка Шимоновиќ.

– Голема е веројатноста да се зголеми семејното насилство. За многу жени и деца домот може да биде место, во кое владее стравот и каде со нив се однесуваат сурово. Оваа состојба се продлабочува за време на изолација и целосен карантин, воведени поради Ковид-19, истакна Шимоновиќ.

 

Back to top button
Close
Close