МИА ФлешПакети

МИА Флеш

21 август 2020

21 август 2020

Омск, 21 август 2020 (МИА) – Портпаролката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Кира Јармиш, изјави денеска дека сибирската болница во Омск, каде тој се наоѓа, одбила да му дозволи да биде транспортиран во подобро опремена установа, каде може да добие подобра грижа.

Таа изјави дека шефот на лекарите кажал дека состојбата на Навални е нестабилна и дека желбата на неговото семејство да се пресели во друга установа е недоволна за да ја оправда таквата акција, пренесуваат британските медиуми.

„Забраната за транспорт на Навални е обид да се нападне неговиот живот од страна на лекарите и надлежните органи“, напиша Јармиш на социјалните медиуми, додавајќи дека амбулантски тим од Германија треба да слета во Омск во текот на денот.

Лисабон, 21 август 2020 (МИА) – Како што веќе знаеме, во недела Баерн Минхен ќе се соочи со Пари Сен Жермен во годинашното финале во Лигата на шампионите. Парижаните во полуфиналето го елиминираа РБ Лајпциг по победата од 3:0, додека баварските гиганти го совладаа Олимпик Лион по победата со истиот резултат.

Рангирањето на германскиот и францускиот првак беше добра вест за неколку други европски клубови. Ќе започнеме со Ајакс, кој беше прогласен за шампион на Холандија, откако сезоната беше прекината во Ередивизи на почетокот на оваа година. Елиминацијата на Олимпик Лион значи дека холандскиот гигант се квалификува директно во групите од следното издание на Лигата на шампиони.

Мексико Сити, 21 август 2020 (МИА) – Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека треба да се вратат парите украдени од корумпираните функционери, еден ден откако се појави клучен сведок во неговата борба против корупцијата, кој обвини поранешни претседатели, министри и пратеници за злоупотреби.

Барањето на претседателот следеше откако завчера на мексиканските медиуми почна да се „врти“ фотокопија од изјавата на Емилио Лозоја, поранешен извршен директор на националната нафтена компанија „Петролеос Мексиконос“ (Пемек).

Струмица, 21 август 2020 (МИА) – Украинскиот баптистички свештеник од градот Черкаси, Јуриј Бобкин, две недели е гостин во конаците на храмот „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“ во Струмица. Неговите браќа од Струмичката епархија на МПЦ-ОА, со благослов на владиката Јаков, го примиле откако пред 14 денови бил вратен од грчката граница заради забраната на Грција, со која не им се дозволува влез на граѓани кои не се од земјите членки на Европската унија до крајот на овој месец.

Бобкин има намера да престојува во руски манастир на Света Гора, а потоа со брод да продолжи за Ерусалим. На аџилак тргнал со велосипед во мај од родниот град и по патешествјата низ Молдавија, Романија и Бугарија, во државата влегол пред три недели на граничниот премин Ново Село и останал неколку денови во тамошниот манастир во истоименото село.

Лос Анџелес, 21 август 2020 (МИА) – Хајди Клум побара да ги однесе своите четири деца во Германија по итна постапка, откако нивниот татко, пејачот Сил не даде дозвола за тоа.

Германската супермоделка во барањето до судските инстанци наведува дека нејзиниот поранешен сопруг Хенри Семјуел – Сил не ѝ дозволува да ги земе децата во нејзината родна земја поради загриженост околу коронавирусот. Тие двајца имаат четири сина: Лени (16), Хенри (14), Јохан (13) и Лу (10).

Њујорк, 21 август 2020 (МИА) – За време на првото рочиште пред судија во Менхетен, поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон, се изјасни за невин и беше ослободен со кауција, во која се вклучени обврзници од пет милиони долари, што ќе бидат обезбедени во износ од 1, 75 милиони долари во готовина или недвижен имот.

Во рамки на условното ослободување на Бенон му е забрането да патува со приватни авиони, јахти или бродови без судско одобрение, пренесува Си-Ен-Ен.

Вашингтон, 21 август 2020 (МИА) – Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан, изјави денеска дека американските власти се многу загрижени за состојбата со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во одделот за интензивна нега во болницата во Омск.

Во интервју за „Фокс њуз“, тој кажа дека е многу загрижувачко доколку Русија навистина стои зад ова и дека односот кон Русија во иднина ќе зависи токму од тоа.

Њујорк, 21 август 2020 (МИА) – Русија синоќа побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за Иран, откако го отфрли барањето на САД повторно да и се воведат санкции на оваа земја, што беа суспендирани врз основа на нуклеарниот договор од 2015 година.

Москва бара да се одржи јавна виртуелна сесија „во врска со денешниот развој на ситуацијата“, се наведува во писмото на руската мисија во ОН, пренесуваат британските медиуми.

Брисел, 21 август 2020 (МИА) – Европската унија негира дека изградбата на жичаната ограда на границата меѓу Србија и Северна Македонија е дел од некој договор со Белград.

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонро, изјави дека Брисел им дава значителна финансиска и техничка помош на партнерите од Западен Балкан кога станува збор за управување со миграциите, а за таа цел во 2015 година издвои повеќе од 100 милиони евра за Србија.

Back to top button
Close
Close