МИА ФлешПакети

МИА Флеш

20 август 2020

20 август 2020

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Уметничка инсталација со четири лица, наречена „РЕ употреби го умот“ изработена од страна на луѓе кои употребуваат дроги денеска е поставена во стариот дел на Градскиот парк. Инсталацијата е дел од проектот „Креативна акција за општествени промени“ што го спроведува ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје.

Инсталацијата, како што појасни денеска на прес-конференција проектниот координатор Благородна Коцева Симјанов, е направена од реупотребени материјали и целосно изработена од луѓе кои користат дроги. Ова, нагласи таа, се заедници кои може да придонесат со квалитетна и интересна содржина за Градот и имаат вредност како и останатите.

– Една од страните на инсталацијата е „Заземи став“ што претставува зелен вертикален урбан простор кој овозможува изразување на позитивниот став на младите. Друга страна е „Биди зелен“ – тоа е тема која мислам дека не само скопјани, туку и целата држава и светот сме загрижени се повеќе за тоа како се однесуваме со природата и со она што ни дава живот, од друга страна комбинацијата со растенија и пластични шишиња покажува дека треба да најдеме начин како да се справиме со општествените проблеми, односно со отпадот, рече Коцева Симјанов.

Варшава, 20 август 2020 (МИА) – Полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович поднесе оставка, објави денеска неговото ресорно министерство.

Чапутович во јули навести дека е можно да се повлече од функцијата шеф на дипломатијата откако владеачката партија Право и правда ги соопшти плановите за кадровски промени во владата.

Оставката на Чапутович се случува два дена откако полскиот министер за здравство Лукаш Чумовски поднесе оставка, пренесуваат британските медиуми.

Приштина, 20 август 2020 (МИА) – Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави денеска дека од идниот месец ќе започне спроведувањето на план за изработка на нова стратегија за економско закрепнување на земјата од последиците на епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи се на состанокот на Националниот совет за економија и инвестиции, Хоти рече дека за таа цел ќе се изготви „петгодишна развојна стратегија во вредност до шест милијарди евра“.

– Ние и онака имавме во план во септември да го започнеме драфтувањето на новата развојна стратегија за Косово, но сега сме принудени да понудиме долгорочен план за економско закрепнување, бидејќи е повеќе од јасно дека ќе се соочиме со економски проблеми, не само во текот на оваа туку и наредната година. Ова подразбира петгодишна развојна стратегија во вредност до шест милијарди евра, го цитира „Коха.нет“ премиерот Хоти.

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Банкарскиот систем продолжи да обезбедува кредитна поддршка на домашната економија и во текот на вториот квартал од годината, со што придонесува за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза, соопшти Народната банка на Република Северна Македонија.

Во соопштение од Кабинетот на гувернерот на НБРСМ се наведува дека во второто тримесечје вкупниот обем на новите кредитни текови изнесува околу 9 милијарди денари, при што нешто над половина од овој износ се текови остварени во јуни 2020 година. Со тоа, годишната стапка на раст на кредитите на крајот на јуни изнесува 6,6 отсто и е над проекцијата на Народната банка.

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Просечна нето плата во јуни годинава изнесувала 26.867 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 6,6 отсто. Бруто платата, пак, била 40.107 денари што е раст за 7,1 процент.

Според Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната нето плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,7 проценти), Рударство и вадење на камен (15,2 отсто) и Образование (12,6 отсто).

Тирана, 20 август 2020 (МИА) – Албанскиото Министертво за образование, спорт и млади соопшти дека, врз основа на препораката на Националниот комитет на експерти за справување со коронавирусот, наставата во новата 2020/2021 учебна година ќе почне на 15 септември.

Се наведува, исто така, дека од 31 август до 11 септември ќе се одржат дополнителни часови само со оние ученици од прво до петто одделение основно образование кои немале пристап и можности да следат онлајн настава во периодот март-мај 2020 година.

„Регионалните дирекции за образование веќе ги идентификуваа училишта и учениците кои можат да бидат дел од оваа програма и кои главно се ученици кои припаѓаат на ранливите групи, Роми, Египќани или подалечни рурални подрачја. Наставните часови во овој и следниот период ќе се одвиваат според сите протоколи на хигиенско – санитарни услови, одржување на физичко растојание и заштита на здравјето на сите, стои во соопштението.

Вашингтон, 20 август 2020 (МИА) – Поранешниот американски претседател Барак Обама остро го искритикува неговиот наследник, републиканецот Доналд Трамп, оценувајќи го за несоодветен за функцијата шеф на државата, и ги повика гласачите да го изберат неговиот партиски колега Џо Бајден, со цел, како што кажа, да се обезбеди опстанокот на американската демократија.

На третата вечер од Националната конвенција на демократите, Обама кажа дека Трамп не покажа интерес кон функцијата претседател да се однесува како кон било што, освен уште како уште едно „реално шоу што може да го искористи за да го привлече вниманието по кое копнее“.

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Планинска тура на Шар Планина, со кампување во областа Лешница под мотото „Испоти се во природа“ организира претстојниот викенд на 22 и 23 август здружението I love hiking со поддршка на Алвоген О.Р.С.

Турата е отворена за сите кои сакаат да минат викенд надвор од градскиот асфалт и да уживаат во убавините на Шар Планина.

Претходно веќе се одржаа две од вкупно четири планирани тури – кампинг акцијата Рудока на падините на Шар Планина и кампингот на Големото Езеро на Пелистер.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close