МИА ФлешПакети

МИА Флеш

19 август 2020

19 август 2020

Осло, 19 август 2020 (МИА) – Норвешка денеска објави дека протера еден руски дипломат, откако пред неколку дена во Осло беше уапсен Норвежанец осомничен за шпионажа во корист на Русија.

Норвешката разузнавачка служба (ПСТ) во понеделникот соопшти дека пред два дена уапсила Норвежанец осомничен дека предал чувствителни информации на лице идентификувано како агент на руските разузнавачки служби.

– Го известивме амбасадорот на Русија дека еден службеник од Амбасадата е непожелен како дипломат и оти ќе биде замолен да ја напушти Норвешка, изјави портпаролката на норвешкото Министерство за надворешни работи, Сири Свендсен.

Газа, 19 август 2020 (МИА) – Стотици Палестинци во Појасот Газа протестираа денеска поради договорот, склучен со посредство на САД, за нормализирање на односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Демонстрантите палеја израелски и американски знамиња и ги газеа фотографии на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп, извикувајќи дека „нормализацијата е предавство на Ерусалим и Палестина“.

За разлика од палестинските демонстранти, кои минатиот петок палеа фотографии од престонаследникот на Емиратите во близина на џамијата „Ал Акса“ во ерусалимскиот Стар град, демонстрантите во Газа не ги палеја симболи на ОАЕ, веројатно за да не се замерат на таа заливска земја, каде што работат и живеат десетици илјади Палестинци.

Манчестер, 19 август 2020 (МИА) – Клаудио Браво, голманот на репрезентацијата на Чиле, ги напушти редовите на Манчестер Сити по четири години.

Браво дојде во Сити од Барселона во 2016 година, а од „Етихад“ заминува по истекот на неговиот договор.

Тој беше меѓу првите играчи што тренерот Пеп Гвардиола ги донесе во Сити. Со клубот, тој освои две титули во Премиер Лигата, два Лига Купови и два трофеи од „Комјунити Шилд“.

Прага, 19 август 2020 (МИА) – Чешкиот министер за здравство Адам Војтех изјави денеска дека земјата нема да учествува во планот на СЗО за развој и дистрибуција на вакцина против коронавирус – Ковакс.

– Ние нема да се приклучиме на иницијативата на СЗО од неколку причини – правилата за нас се понеповолнис отколку да сме дел од европска иницијатива. Ние ја поддржуваме иницијативата на Европската комисија, која преговара со произведувачите и тие преговори се многу напредн“, рече Војтех.

Тој најави дека Чешка наскоро ќе учествува во договорот со производителот АстраЗенек.

Брисел, 19 август 2020 (МИА) – Преговарачите на ЕУ и на Велика Британија денеска го започнаа седмиот круг преговори за постигнување договор, со кој ќе се одредат сите аспекти на односите по Брегзит.

Главниот британски преговарач Дејвид Фрост и неговиот европски колега Мишел Барние вчера имаа работна вечера пред денешните преговори, кои ќе се фокусираат на прашањата за риболвните права во британските води и обезбедување дека државната помош нема влијае на фер конкуренцијата.

– Дел за државната помош во рамноправни услови и риболовот остануваат главните пречки. Ако се договори ова, остатокот ќе си дојде на свое место, рече дипломат на ЕУ. – Оваа рунда нема да донесе голем напредок, повеќе се очекува од последната рунда во септември, рече тој.

Минск, 19 август 2020 (МИА) – Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека издал наредна Министерството за внатрешни работи да стави крај на немирите во Минск, што избувнаа по претседателските избори одржани на 9 август.

Според белоруската новинска агенција БЕЛТА, Лукашенко истакнал дека групата медиумски работници кои се придружија на протестите не треба да им се дозволи да се вратат на работа.

Исто така, Лукашенко нареди зајакнување на безбедноста на границата со цел да се спречи влез на „борци и оружје“ во земјата.

Скопје, 19 август 2020 (МИА) – Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-45, Куманово-18, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-4, Велес-4, Гостивар-9, Струмица-2, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од: Скопје- 32, Дебар-1, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-4, Велес-3, Битола-5, Гостивар-11, Кочани-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-8, Свети Николе-9, Кичево-12.

Неготино, 19 август 2020 (МИА) – Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини и градоначалникот на Неготино Тони Делков, реализираа посета на оваа општина, за време на која извшрија увид во активностите кои се спроведуват во рамките на потпроектот „Вински, aпи и еко туризам во Неготино и околината“. Станува збор за дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, финансисиран со средства од Владата на Република Северна Македонија, општина Неготино и Делегацијата на Европска Унија, а кој се спроведува во соработа со канцеларијата на Светска банка.

Рим, 19 август 2020 (МИА) – Папата Френциск денеска истакна дека е против секоја можност богатите да добијат приоритет при вакцинирањето против коронавирус.

– Пандемијата е криза. Ние мора да излеземе од неа како подобри луѓе, рече папата.

Говорејќи за време на својата седмична јавна аудиенција, тој рече дека по пандемијата на Ковид-19, животот нема да се врати во нормалност ако таа нормалност значи социјална неправда и деградација на природната средина.

Загреб, 19 август 2020 (МИА) – Пандемијата на коронавирусот ја втурна Хрватска во, веројатно, најдлабоката економска криза од осамостојувањето и закрепнувањето нема да биде ниту брзо ниту лесно. Ова произлегува од проценките на експертите од Хрватската народна банка (ХНБ), кои го анализираа влијанието на кризата врз хрватската економија во новиот број на публикацијата Финансиска стабилност.

Според нивните проценки, Хрватска годинава очекува пад на бруто-домашниот производ (БДП) од 9,7 проценти, што ќе биде, како што посочуваат, најголемото намалување на економската активност од независноста на Хрватска, пренесува порталот „Индекс“.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close