МИА ФлешПакети

МИА Флеш

14 август 2020

14 август 2020

Лисабон, 14 август 2020 (МИА) – Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, тешко го проголта поразот од 1:2 против РБ Лајпциг синоќа и елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Јорганџиите“ имаа многу поголеми амбиции на турнирот, особено по отстранувањето на шампионот Ливерпул.

Тренерот рече дека неговиот тим дал се од себе, но противникот бил подобар и заслужено е елиминацијата на тимот од Мадрид.

Лос Анџелес, 14 август 2020 (МИА) – Британската пејачка и глумица Кели Озборн вчера е забележана како излегува од аптека во Лос Анџелес, САД, повторно покажувајќи му ја на светот својата нова фигура…

Имено, според многумина, луѓето би ја препознале ќерката на познатиот рокер Ози Озборн само по карактеристичната фризура, розовата боја на косата и мачка-очилата. Но, тоа не само поради маската за заштита од Ковид-19, туку и затоа што таа последниов период загубила, според нејзините кажувања – скоро 40 килограми и е горда на тоа.

Каракас, 14 август 2020 (МИА) – Градоначалникот на Каракас, Дарио Вивас почина од последици од новиот коронавирус, објави на Твитер венецуелскиот обвинител Тарек Вилијам Саб.

– Многу ни е жал што замина нашиот добар пријател и посветен револуционер Дарио Вивас, со кој се боревме на улиците на Каракас од 80-тите години да го одбраниме нашиот народ и нашата земја, напиша Саб на Твитер.

Блискиот пријател на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, 70-годишниот Вивас уште на 19 јули објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој е првиот висок венецуелски претставник кој почина од последици со новиот коронавирус.

Вашингтон, 13 август 2020 (МИА) – Министерството за правда на САД соопшти дека се запленети милиони долари од криптовалутните налози во странство што екстремистичките организации, помеѓу кои и Ал Каеда и Исламска држава ги користеле за финансирање на насилни операции.

Екстремистичките групи ги користеле налозите за донации, а некои од нив и мамеле дека продаваат заштитна опрема за Ковид-19.

Тоа е најголема операција за заплена на средства во облик на дигитална валута поврзана со тероризмот.
Криптовалутите, како биткоинот, често се користат за недозволени трансакции бидејќи се верува дека потешко им се влегува во трага.

Лондон, 14 август 2020 (МИА) – Речиси 300 вработени во британска фабрика која произведува сендвичи за трговскиот синџир „Маркс енд Спенсер“ се позитивни на Ковид-19.

Фабриката „Гринкор“ од Нортемптон, каде се вработени 2.100 луѓе соопшти дека дел од работниците се во самоизолација.

„Гринкор“ наведе дека 79 работници биле позитивни на Ковид-19, поради што компанијата вовела приватна програма за тестирање, при што се откриени уште 213 слуачи односно вкупни 292.

Лос Анџелес, 14 август 2020 (МИА) – Британскиот принц Хари и Меган Маркл тајно се преселиле во нова куќа во Санта Барбара, монденско гратче во близина на Лос Анџелес.

Според неименуван извор, двојката се решила на овој потег затоа што папараците не им даваат мир, ним и на нивниот син Арчи во куќата што ја изнајмиле во Лос Анџелес, родниот град на Меган. Наводите говорат дека тие се преселиле во новиот дом пред неколку недели.

Женева, 14 август 2020 (МИА) – Интернет-страницата „Ворлдметер“ објави дека во светот со новиот коронавирус заразени се 21.030.489 луѓе.

Еден милион луѓе се инфицирани само за три дена, бидејќи дваесетиот милион е забележан на 10 август.

Од почетокот на пандемијата од последици од Ковид-19 починаа над 750.000 луѓе, а оздравеле речиси 14 милиони луѓе. Во моментот активни случаи се околу 6,5 милиони, а 64.000 се во критична состојба.

Back to top button
Close
Close