МИА ФлешПакети

МИА Флеш

13 август 2020

13 август 2020

Скопје, 13 јули 2020 (МИА) – Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека клиентите на „Еуростандард банка“, кои имаат парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства, доколку имаат трансакциска сметка во друга банка да се обратат во таа банка или да отворат нова трасакциска сметка со цел да ги добијат средствата.

– Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства кои биле клиенти на „Еуростандард банка“ АД Скопје и средствата ги добивале на картичка, ги подигнувале на шалтерите на Банката, или ги добивале во својот дом, како и оние што ги подигнувале на шалтерите на „АД Пошта на Северна Македониј“, заради продолжување на навремена и редовна исплата потребно е доколку покрај трансакциската сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје корисникот има трансакциска сметка и во друга банка (освен „Охриска банка АД Скопје“), да се обратат во таа банка заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка, наведоа од МТСП.

Скопје, 13 август 2020 (МИА) – Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му го честиташе мандатот за состав на нова влада, кој претходно му го додели претседателот на државата, Стево Пендаровски.

– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана, напиша Брнз во твитот.

Москва, 13 август 2020 (МИА) – Секој шести сопственик на фирма односно 16 проценти од нив обрнуваат внимание на хороскопските знаци на кандидатите за работа, додека тоа го прават само пет отсто од вработените во службите за човечки ресурси, покажуваат резултатите од студијата изработена во Русија.

Според истражувањето, 75 проценти од работодавачите го земаат во предвид хороскопскиот знак при вработување на кандидатите за раководни места, 50 отсто при вработување на менаџери во канцеларија, а 45 проценти при вработување во секторите за продажба и услуги.

Тетово, 13 август 2020 (МИА) – Во приколка од камион во кругот на тетовскиот царински терминал биле најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш денес околу 12 часот, информираат од СВР Тетово. Возачот и мигрантите се приведени за соодветната постапка.

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, од Царинска управа на Република Северна Македонија било пријавено дека мигрантите се најдени дека во приколката во товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од А.С.(25) од село Горно Седларце, тетовско.

Минск, 13 август 2020 (МИА) – Белоруското Министерство за внатрешни работи соопшти дека синоќа се уапсени уште 700 демонстранти, на четвртиот ден од пост-изборните протести, кои беа насилно задушени. Со тоа, вкупниот број на уапсени се искачи на 6.700 од почетокот на протестите.

Министерството оцени дека немирите „го изгубиле масовниот карактер“, но дека „нивото на агресија кон безбедносните сили е сè уште високо“.

Во соопштението од белоруското МВР уште се наведува дека изминатата седмица повредени се 103 полицајци, од кои 28 се во болница.

Љубљана, 13 август 2020 (МИА) – Американскиот државен секретар денеска ја посети Словенија во рамките на мини европската турнеја, при што повтори дека плимата се свртува кон Комунистичката партија на Кина која се обидува да ги контролира луѓето и другите економии, додека словенечкиот премиер Јанез Јанша посочи дека земјата немаше да се ослободи од комунистичкиот режим без помош на САД.

Помпео на прес-конференцијата по потпишувањето на заедничката декларација за безбедност на 5Г мрежата, истакна дека лидерите во Европа и ширум светот сакаат слободно да живеат без оглед дали се во Белорусија, Либан, Хонг Конг или на друго место.

Скопје, 13 август 2020 (МИА) – Министeрот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска се сретна со заменик – шефот на мисијата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Доминик Отвеј.

На средбата, соопшти МВР, се разговараше за соработката во голем број области од заемен интерес.

Истовремено соговорниците разговараа и за улогата на МВР во спроведувањето на парламентарните избори во државава и огромниот придонес во спроведувањето мирни избори без поголеми инциденти. Воедно се посочија и активностите кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија на Ковид – 19, како и останати предизвици од безбедносен карактер.

Скопје, 13 август 2020 (МИА) – Во хуманитарната акција „Со срце за Цобе“ се вклуи и хип-хоп ди-џејот Матс. Тој подготви специјална кутија за донации за Слободан Попов – Цобе, која што ќе ја носи насекаде на неговите настапи во следниот период.

Идејата е секој од присутните на неговите настапи, да донира со срце за Цобе.

За операцијата на Цобе се потребни 50.000 евра, а со заеднички сили сите заедно ќе се потрудиме да ги собереме.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close