МИА ФлешПакети

МИА Флеш

13 август 2020

13 август 2020

Турку, 13 август 2020 (МИА) – Петмина од 146 патници кои во вторникот вечерта со авион на Визер од Скопје пристигнаа во финскиот град Турку се позитивни на Ковид-19.

Мико Пиетила, шеф на регионалната болница на југозападна Финска, соопшти дека двајца од заразените се фински државјани, а тројца се по потекло од Балканот кои живеат во Финска. Тој информира дека сите петмина се хоспитализирани, но не посочи детали за нивната здравствена состојба.

Тестирани биле 129 патници од авионот, а 17 одбиле да направат тест. Локалните власти во Турку во вторникот соопштија дека сите патници од летот од Скопје се ставени во карантин и ќе бидат тестирани.

Белград, 13 август 2020 (МИА) – Слободан Тешиќ, финансиер на Српската напредна странка (СНС), извезувал оружје во Еремија преку даночниот рај Маршалски Острови, објави неделникот НИН.

Во неделникот се наведува дека „Застава Оружје, според министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ, во 2019 година им била издадена лиценца за извоз на оружје во Ерменија според договор вреден 120.000 евра, додека компаниите на Тешиќ – Вектура транс и Партизан, ги добиле останатите 18 дозволи за извоз на оружје од 2017 година до денес во оваа земја според договори вредни скоро 33 милиони евра“.

Лондон, 13 август 2020 (МИА) – Последната деценија беше најтопла од мерењето на температурите на воздухот, потврдија научниците.

Извештајот, во кој се предупредува на последиците од глобалното затоплување, го направија 520 научници од 60 држави, и покажува дека секоја декада од 1980 година е потопла од претходната, пишува британскиот Гардијан.

Најтопол период е од 2010 до 2019 година, а температурата значително се зголеми од 2014 до 2019 година, кога беа поставени и рекорди.

Женева, 13 август 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа во светот се регистрирани околу 214.000 нови случаи на заразени со Ковид-19, така што вкупниот број денеска е 20,16 милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Досега од Ковид-19 починале 737.417 луѓе во светот, 4.835 само во последните 24 часа.

Најголем број потврдени случаи се уште во Северна и Јужна Америка, 10.799.062, од кои 101.230 се новозаразени во последните 24 часа.

Досега во Европа се потврдени 3.641.603 заразени и 217.716 смрти случаи, а 2.757.822 заразени и 55.564 жртви во Југоисточна Азија.

Њујорк, 13 август 2020 (МИА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека конфликтите во светот мора итно да запрат, затоа што пандемијата не само што е закана за напредок во борбата против гладот ​​и сиромаштијата во светот, туку исто така се заканува дека ќе ги продлабочи постојните конфликти и ќе го охрабри избувнувањето на нови.

На состанокот на Советот за безбедност на ОН синоќа тој изјави дека неговата последен апел на 23 март за итен прекин на огнот во сите конфликти на планетата со цел човештвото да се бори против пандемијата на коронавирус, резултираше со бројни примери на намалување на конфликтот и прекинување на вооружените операции.

Мадрид, 13 август 2020 (МИА) – Галиција, провинција во северозападна Шпанија, забрани пушење на улици и јавни места како што се кафе-тераси за да го спречи ширењето на коронавирусот, а мерката може да се прошири и во остатокот од Шпанија.

Мерката стапува на сила денеска и се однесува на местата каде нема меѓусебно растојание од најмалку два метра меѓу луѓето, се вели во официјалниот документ објавен од регионалната влада.

Галиција, провинција со 2,7 милиони жители, во моментов има 827 заразени лица, што е повеќе за 87 во однос на претходниот ден.

Буенос Аирес, 13 август 2020 (МИА) – Аргентина и Мексико ќе произведуваат и дистрибуираат во Јужна Америка, освен во Бразил, идна вакцина против коронавирусот на лабораторијата АстраЗенека и Универзитетот Оксфорф, изјави аргентинскиот претседател Алберто Фернандес.

– Лабораторијата на АстраЗенека има потпишано договор со Фондацијата Слим за производство на меѓу 150 и 250 милиони вакцини со цела Јужна Америка, освен Бразил, и ќе биде достапна во првите шест месеци од 2021 година и рамномерно распоредена во земјите што го бараат тоа, нагласи Фернандес.

Според него, Аргентина и Мексико го преземаат јужноамериканското производство на вакцина против коронавирусот, што ќе овозможи побрз и поефикасен пристап за целиот регион.

Back to top button
Close
Close