МИА ФлешПакети

МИА Флеш

12 август 2020

12 август 2020

Охрид, 12 август 2020 (МИА) – Уметникот и хуманист со македонско потекло Мајкл Клос денеска подари дваесеттина свои уметнички дела за Општата болница во Охрид, како признание за активностите што здравствените институции и работници ги спроведуваат во справувањето со епидемијата на коронавирусот.

Клос живее и твори во Канада, околностите диктираа тој да не може лично да го предаде подарокот така што во негово име тоа го стори Злата Змејкоска Гашпаревиќ, медицинска сестра во пензија од охридската болница.

Атина, 12 август 2020 – Од денеска, сите оние кои од Малта ќе пристигнат во Грција, потребно е да имаат негативен молекуларен ПЦР тест за Ковид-19, направен 72 часа пред патувањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката, според издаденото и соодветно упатство од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, е во сила до 15 август 2020 година.

Од понеделник, негативен тест е задолжителен за летовите од Шведска, Чешка, Белгија, Шпанија и Холандија, како и за влез во Грција преку копнените граници за оние категории за кои не постои забрана.

Скопје, 12 август 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски до петок, кога истекува десетдневниот рок, ќе го додели мандатот за составување на нова влада на оној кој ќе има мнозинство. Шефот на државата, како што соопштуваат од неговиот кабинет се консултирал со еминентни експерти, при што заклучил дека Собранието е конституирано на 4 август и оти оттогаш течат уставните рокови за доделување на мандатот.

-Претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен: За да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор. Претседателот Пендаровски, иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став кој впрочем го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни политички опции, се вели во реакцијата на кабинетот на претседателот на државата.

Сараево, 12 август 2020 (МИА) – Во Сараево се уапсени 17 сообраќајни полицајци под сомнение дека примале мито. Тие се осомничени дека во последните неколку месеци извршиле над стотина кривични дела како што се Примање подарок и други облици на корист, како и Злоупотреба на положбата или овластувањата.

Припадниците на управата на полицијата на Сараевската и Зеничко-добојската жупанија, како и полицијата на Република Српска, во утринските часови почнаа акција во станиците на сообраќајната полиција каде имало сомнение за вакви дела. На 17 локации извршен е претрес во обид да се најдат докази за тоа дека сообраќајните полицајци за паричен надомест на прекршителите на сообраќајните правила им ги „средувале“ казните, со што ги ослободиле од одговорност.

Операцијата е почната откако се забележани и пријавени во Обвинителството на Сараевската жупанија неправилности при обработката на прекршочните налози и сообраќајни казни.

Берлин, 12 август 2020 (МИА) – Повеќе од половина од луѓето од Западен Балкан кои доаѓаат во Германија да работат според посебните правила за тој регион – работат како квалификувана работна сила. Ова го покажува студијата на Институтот за истражување на пазарот на трудот (ИАБ).

Дури 54 отсто од работните односи што се склучуваат во Германија преку прописите кои важат за регионот на Западен Балкан се однесуваат на квалификувана работна сила. На следното, повисоко ниво на квалификации – „специјалистите“ и „експертите“ сочинуваат околу четири проценти, а 42 проценти се помошна работна сила, објави Дојче веле (ДВ).

Скопје, 12 август 2020 (МИА) – Полицијата во текот на вчерашниот ден во два одвоени случаи пронашла вкупно 148 лица мигранти сокриени во товарни возила. Во близина на Прждевски споменик, Демир Капија, биле откриени 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и Сирија, а на место викано „Врело“ во село Ваксинце, Липково, 45 мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и палестинските територии.

Од МВР денеска информираа дека од полициски службеници од Полициската станица Неготино, во близина на Прждевски споменик вчера во 08.50 часот било сопрено патничко возило „Ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. (35) од Скопје, а веднаш по него и товарно возило „Мерцедес“, со битолски регистарски ознаки.

Скопје, 12 август 2020 (МИА) – Оптимизмот во поглед на иднината, како и задоволството од животот, се повисоки од загриженоста за КОВИД-19, кај сите групи испитаници, во моментот на истражувањето. Мажите се пооптимистични и помалку загрижени од жените, додека, задоволството од животот го делат еднакво. Најмалку задоволни и најпесимистични се најмладите..

Ова се наведува во Истражувањето на, Центарот за психосоцијална и кризна акција (ЦПКА) – Малинска за животот во услови на пандемија на граѓаните на Северна Македонија од иницијалната фаза на соочување со пандемијата спроведено ред три месеци. Податоците се добиени на примерок од 2093 возрасни испитаници (18 +) кои се одѕвале на повикот за учество во истражувањето, спроведено по електронски пат.

Атина, 12 август 2020 (МИА) – Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас в петок, во Виена ќе се sретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, а од австрискиот главен град, истиот ден, ќе учествува и на вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ што ќе се одржи преку видеоконференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Министерството за надворешни работи на Грција, разговорите на Дендиас и Помпео ќе се фокусираат на случувањата во Источниот Медитеран, под призмата на ескалацијата на турските прекршувања.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close