МИА ФлешПакети

МИА Флеш

12 август 2020

12 август 2020

Лондон, 12 август 2020 (МИА) – Фудбалерот на Арсенал, Александар Лаказет може да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува „Football Italia“.

Според изворот, 29-годишниот Французин може да се пресели во Јувентус, лондонскиот клуб е заинтересиран да го размени за напаѓачот Даглас Коста.

Претходно беше објавено дека Арсенал е подготвен да се раздели со играчот за 35 милиони евра.

Атина, 12 август 2020 (МИА) – Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји е продолжена до 31 август 2020 година, согласно заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи, објавена во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходната, идентична одлука е во сила до 14 август, а новата претставува продолжување и стапува во сила во сабота.

Мерката предвидува „привремена забрана за влез во земјата на сите државјани на трети земји од која било влезна точка во земјата и на кој било начин или со кое било средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и копнените поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“.

Гелзенкирхен, 12 август 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Шахтјор, Тајсон постави нов рекорд во Лигата на Европа.

Триесет и двегодишниот Бразилец постигна гол синоќа во четвртфиналето против Базел (4:1) и седмата сезона од второто по квалитет континентално фудбалско натпреварување се запиша во листата на стрелците.

Претходно, тројца играчи успеаја да постигнат гол во шест сезони – Александар Лаказет, Џермејн Ленс и Ари.

Анкара, 12 август 2020 (МИА) – Истанбул, Анкара, Дијарбакир, Шанлиурфа и Конја се петте најголеми градови во Турција со најголема стапка на раст на инфекции со коронавирус во изминатите три дена, посочи турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Нови 1183 позитивни случаи на коронавирус се регистрирани во текот на изминатите 24 часа со извршени 61.716 тестови. Бројот на заразени достигна 243.180.

Според министерот, има 15 смрни случаи, со што вкупниот број во Турција достигна 5.873.

Преторија, 12 август 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа повеќе од 10.000 луѓе се заразени во Африка, така што вкупниот број на заболени од коронавирусот на тој континент е над еден милион, објави регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка.

Досега починале над 23.000 луѓе додека 745.000 се опоравиле.

Најголем број заразени лица е регистриран во Јужна Африка, над половина милион, како и 10.000 смртни случаи.

Египет, Алжир, Нигерија и Гана следат по број на заразени.

Монтреал, 12 август 2020 (МИА) – Едно од 10 работни места што постоеше минатата година во канадската провинција Квебек, е затворено за време на пандемијата на новиот коронавирус.

Според статистичките податоци кризата особено ја погоди помладата популација на Квебек.

За лицата на возраст од 15 до 24 години, скоро 25 проценти од работните места што постоеја на пазарот помеѓу март и јуни 2019 година исчезнаа во истиот период оваа година, покажуваат податоците објавени од Бирото за статистика на Квебек.

Според податоците презентирани во неодамнешното истражување, жените биле повеќе погодени од падот на обемот на работа во Квебек. Од речиси 450.000 работни места изгубени меѓу март и јуни, 238.100 изгубија жени, наспроти 209.100 изгубени од мажи.

Сараево, 12 август 2020 (МИА) – Од јануари до јули 2020 година, Босна и Херцеговина извезе вкупно стоки во вредност од пет милијарди и 96 милиони конвертибилни марки (КМ), што е за една милијарда КМ помалку отколку во истиот период минатата година.

Во исто време, увезела стока во вредност од вкупно осум милијарди и 192 милиони КМ, според Комората за надворешна трговија на БиХ.

Увозот во истиот период во 2019 година беше 11 милијарди и 524 милиони КМ.

Берлин, 12 август 2020 (МИА) – Бруто месечната заработка на работниците со полно работно време или скратено работно време во Германија во просек е 2,2 проценти пониска во вториот квартал во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика.

Падот на приходите најмногу се должи на скратено работно време за време на ограничувањата воведени поради пандемијата на коронавирусот. Најпогодени сектори се хотелскиот и угостителскиот како и автомобилската индустрија.

„Широката употреба на работа со скратено работно време поради пандемијата на коронавирусот има негативно влијание врз нивото на бруто месечен приход и бројот на работните часа“, се вели во соопштението на Министерството.

 

Back to top button
Close
Close