МИА ФлешПакети

МИА Флеш

11 август 2020

11 август 2020

Лондон, 11 август 2020 (МИА) – Бројот на вработени во Велика Британија за три месеци, заклучно со јуни, падна најмногу од 2009 година затоа што кризата со коронавирус силно го погоди пазарот на трудот, иако владината програма за субвенционирање плати сè уште е во сила со цел зачувување на работните места.

Националното биро за статистика (ОНС) денеска објави дека бројот на вработените паднал за 220 илјади лица во вториот квартал, најмногу меѓу самовработените.

Одделните даночни податоци за јули покажуваат дека бројот на вработени на платниот список на компаниите е помал за 730.000 лица од март, што е сигнал што предупредува на потенцијално значително зголемување на невработеноста.

Москва, 11 август 2020 (МИА) – Три руски воени авиони МиГ-31 се алармирани да пресретнат дрон на американските воздухопловни сили „Глобален сокол“, што се приближува до руската државна граница, соопшти денеска контролниот центар на руската Национална одбрана.

Руската служба за контрола на воздушниот простор денеска детектираше цел во воздушниот простор како се приближува до руската граница и нареди итна интервенција на руското воено воздухопловство.

Три авиони МиГ-31 набрзо ја идентификуваа целта – американскиот дрон РК-4Б (RQ-4B) „Глобален сокол“.

Скопје, 11 август 2020 (МИА) – Реформите на образовниот систем со цел решавање на нееднаквостите, мора да започнат со препознавање на постојните проблеми и предизвици со кои се соочувале учениците со попреченост од посебните основни и средни училишта за време на онлајн наставата, при што треба да се изнајдат начини истите итно и ефективно да се решат.

Ова се наведува меѓу другото во посебниот Извештај на Народниот равобранител за предизвиците, проблемите и предностите на реализираната онлајн настава за учениците со попреченост, кој е доставен до Министерството за образование и наука.

Охрид, 11 август 2020 (МИА) – Во Охрид овој викенд првпат ќе се одржува летно авто кино, со проекција на познати филмови што вљубениците во седмата уметност ќе можат да ги следат од своите автомобили.

Тридневната проекција што ќе се одржува од 14 до 16 август ќе се изведува на паркиралиштето кај плажата Горица 3, со почеток од 21 часот.

За да бидат избегнати гужви паркингот ќе биде отворен од 19:30 часот со „Pre-movie Warm Up“ програма со настапи на ди-џеи и други изненадувања.

Скопје, 11 август 2020 (МИА) – Родители преку онлајн петиција, која досега ја потпишале 2000 граѓани, бараат учебната година од 1 септември да се одвива со далечинско учење, а ова барање особено се однесува на учениците од прво до петто одделение.

Авторите на петицијата веќе упатиле и официјално барање до институциите за онлајн настава од 1 септември.

Во петицијата се бара да се донесе одлука за далечинко учење за сите ученици, а посебно да бидат опфатени децата од прво до петто одделение, имајќи ја предвид возраста и неможноста за самостојно почитување на здравствените протоколи.

Атина, 11 август 2020 (МИА) – Во повеќе делови на Грција, меѓу кои и дел од острови што се популарни туристички дестинации, од денеска се воведува ново, ограничено работно време на угостителските објекти, кафулињата, баровите, ноќните клубови и слично, односно ќе треба да затвораат на полноќ, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерката денеска стапува во сила и ќе важи до 23 август, а се однесува на регионот источна Македонија и Тракија, на градовите Солун, Лариса, Волос, Катерини, на Халкидики, како и на островите Крит, Крф, Миконос, Парос, Санторини, Родос, Андипарос, Закинтос и Кос.

Скопје, 11 август 2020 (МИА) – Ниту еден од 157 патниците кои со авион од Скопје во саботата заминале за финскиот град Турку, немал решение за изолација како позитивен на Ковид-19, соопшти Министертсвото за здравство.

– Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, посочуваат од МЗ по извршените проверки за сите патници од авионот.

Финските власти вчера соопштија дека 24 од 157 патници кои пристигнаа во Турку од Скопје по направените доброволни тестирања биле позитивни на Ковид-19.

Скопје, 11 август 2020 (МИА) – Од утре следува период кога во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.

Минималната температура во следните три дена ќе биде од 12 до 22 степена, а максималната од 27 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8, односно 7.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Back to top button
Close
Close