МИА ФлешПакети

МИА Флеш

11 август 2020

11 август 2020

Лондон, 11 август 2020 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон го спречи планот да се покани шкотската премиерка Никола Старџен на седница на неговиот кабинет, објави лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Предлогот да се покани шкотската премиерка на седницата на британската Влада го даде генералниот секретар на Владата, Мајкл Гов, со цел да се намали растечката поддршка на шкотската јавност за идејата за шкотска независност, но и да ѝ се даде на шкотската премиерка можност да зборува.

Сепак, на Џонсон не му се допаднала идејата „Никола Старџен да биде на исто ниво на политичко значење како него“, изјавил доверлив извор.

Скопје, 11 август 2020 (МИА) – Од вчера повторно е отворено за публика Летното кино, кое беше затворено поради неколкудневниот период на силни дождови и променливо време што ги зафатија Скопје и поголемиот дел од државата, информираат од Кинотека.

Дождовите не само што ја одложија филмската програма на неколку денови, туку го одложија и свеченото именување на ова летно кино, кое во минатата среда (на 5 август) требаше и официјално да го добие името „Мирно лето“, според играниот првенец на филмската режисерска легенда Димитрие Рули Османли.

Стокхолм, 11 август 2020 (МИА) – Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека од почетокот на јули дошло до забрзан пад на бројот на заразени лица со коронавирусот.

– Но, зошто се случи точно во тоа време и зошто беше толку ненадејно, мислам дека е малку тешко тоа целосно да го сфатиме, рече Тегнел во интервју за шведскиот портал „Локал“.

Тој додаде дека падот на бројот на новозаразените изгледа дека не е поврзан со празниците или некоја мерка преземена од здравствените власти.

– Веруваме дека зголемувањето на бројот на имуните луѓе кај населението има врска со тоа, но навистина не знаеме точно, рече Тегнел.

Велингтон, 11 август 2020 (МИА) – Еден комплекс за нега на стари лица во Крајстчрч е под вонредни мерки на строга изолација откако некои од штитениците покажале симптоми на респираторни заболувања.

Раководството на институцијата денеска писмено ги известила членовите на семејствата на своите штитеници, јави дневниот весник „Гласот на Нов Зеланд“.

Во Нов Зеланд повеќе 100 дена нема внатрешни случаи на зараза со коронавирусот.

Скопје, 11 август 2020 (МИА) – Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2020 година, во однос на второто тримесечје од 2019 година, е намалено за 5.0 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.

Дизелдорф, 11 август 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Интер, Диего Годин изрази задоволство по триумфот (2:1) над Баер Леверкузен синоќа во четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа.

– После толку години играње на поинаков начин, ми требаше време да разберам што сака тренерот од мене. Тоа е сосема различен стил на игра, многу голем притисок. Сега сум во добра форма и можам да му помогнам на тимот, вклучително и со моето искуство, бидејќи стигнавме до првото полуфинале на Интер во европска конкуренција по десетгодишна пауза.

Сараево, 11 август 2020 (МИА) – Најмалку 32.000 луѓе во Босна и Херцеговина се отпуштени од работа од почетокот на епидемијата на коронавирус, а работодавците најавуваат дека слична судбина ги чека уште десетици илјади повеќе кои сè уште имаат работа, пренесува дневник.ба.

Според збирните податоци на Агенцијата за статистика на БиХ, повеќе од 23 илјади работници биле отпуштени во Федерацијата БиХ од средината на март до 20 јули, додека повеќе од девет илјади ги загубиле своите работни места во Република Српска.

Сепак, овие податоци се показател за само дел од проблемот, затоа што работодавците во БиХ не регистрираат голем број работници, ниту пак им плаќаат придонеси, а се претпоставува дека најголем број од оние кои ги загубиле своите работни се токму меѓу нив.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close