МИА ФлешПакети

МИА Флеш

30 јули 2020

30 јули 2020

Скопје, 30 јули 2020 (МИА) – Пандемијата на Ковид-19 ја засили детската сиромаштија во Северна Македонија. Семејното насилство се зголеми за време на пандемијата, при што
децата претставуваа речиси десет проценти од жртвите. Регистрирана е и зголемена појава на врсничко насилство меѓу згрижените деца во облиците на згрижување во системот на социјална заштита. Како резултат на рестрикциите и ограничувањата во движењето, зголемена е повредата на правото на видување на децата со родителот со кој не живеат.

Белград, 30 јули 2020 (МИА)Програмската директорка на Фридом Хаус за Европа и Евроазија Софија Орлоски, изјави за Гласот на Америка (ВоА) дека таа организација е длабоко загрижена за настаните во Србија, особено откако им претходеа години на прогон на независните медиуми и на невладините организации спроведени од српските власти.

Тирана, 30 јули 2020 (МИА) – Со мнозинство гласови, албанскиот Парламентот го усвои постигнатиот договор меѓу мнозинството и парламентарната, но не и вонпарламентарната опозиција за измена на членовите 64 и 68 од Уставот на Републиката, со што се укинуваат изборни коалиции.

Како што и се очекуваше, немаше изненадување во гласањето. За измените гласаа 106 пратеници, против беа 10 додека шест пратеници не присутвуваа на седницата.

Букурешт, 30 јули 2020 (МИА) – Во Романија во последните 24 часа од новиот коронавирус се заразиле 1.356 лица, што е нов рекорд по бројот на нови случаи за еден ден, соопштија денеска властите.

Како што се наведува, станува збор за случаи кои претходно немале позитивен тест, пренесува агенцијата Агерпрес.

Од последниот пресек, починале уште 35 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 2.304.

Будимпешта, 30 јули 2020 (МИА) – Унгарија ќе продолжи да ги вложува сите напори со цел унапредување на доближувањето на земјите од Западен Балкан до Европската унија, што е во економски, стратешки и безбедносен интерес на Унгарија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто.

Тој ова го напиша на својот профил на Фејсбук, а по разговорот со неговиот црногорски колега Срѓа Дармановиќ.

Скопје, 30 јули 2020 (МИА) – Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи пад од 15,1 отсто, додека за период јануари – јуни годинава во однос на тој период лани има намалување од 14,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање од 12,5 отсто, во секторот пеработувачка индустрија опаѓање од 14,6 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 22 отсто.

 

 

Back to top button
Close
Close