МИА ФлешПакети

МИА Флеш

10 јули 2020

10 јули 2020

Нион, 10 јули 2020 (МИА) – Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите беше извлечена денес во Нион.

Натпреварите од оваа фаза, вклучувајќи го и финалето, ќе се играат во Португалија без публика. Се оформија две половини до финалето – едната со гиганти и другата со навидум полесни ривали.

Ждрепката за четвртфиналето го собра парот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити со оној од Лион и Јувентус.

Скопје, 10 јули 2020 (МИА) – Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во мај годинава се повисоки за 8,1 отсто на месечно ниво и пониско за 50,1 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, увозната цена на моторниот бензин е повисока за 39,4 отсто на месечно ниво, а понсика за 59,3 отсто на годишно ниво, додека на дизелот е повисока за 9,5 отсто на месечно ниво и пониска за 56,1 отсто на годишно ниво.

Прага, 10 јули 2020 (МИА) – Властите во Чешката Република веќе трети ден по ред имаат регистрирано повеќе од 100 нови заразени со коронавирус, а вкупниот број изнесува 12.919, соопшти денеска Министерството за здравство во Прага.

Бројот на активни случаи во земјата во моментот е 4.439. Од почетокот на пандемијата излекувани се 8.128 пациенти, а починале 352.

Коронавирусот е најраспространет во северо-источниот дел на Чешка, а најмалку во јужните региони.

Токио, 10 јули 2020 (МИА) – Во Токио во последните 24 часа се регистрирани 244 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд во јапонскиот главен град, соопштија локалните власти.

Повеќето од новозаразените во Токио се на возраст меѓу 22 и 40 години, а се работи за млади луѓе кои неодамна посетиле ноќни клубови.

Вкупниот број на заразени со коронавирусот во Јапонија надмина 21.000, а околу 1.000 луѓе починале.

Скопје, 10 јули 2020 (МИА) – Во Општина Бутел се гради најголемата социјална зграда со 312 станови која ќе овозможи покрив на глава на голем дел од социјално ранливите категори. Градежните работи почнаа во март годинава, а ќе завршат во март 2023 година. Вредноста на објектот изнесува 441,5 милиони денари, информираше денеска премиерот Оливер Спасовски при увидот на градежните работи на терен.

За лицата со попречености се предвидени прилагодливи станови со соодветен пристап пред влезовите, како и посебни паркинг места.

Back to top button
Close
Close