8 јули 2020

Скопје, 8 јули 2020 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната јавна седница ги отфрли наводите од приговорот и го затвори предметот доставен од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, а во кој се наведува дека ЈП Државни патишта и други државни инситуции односно Зоран Заев и Љупчо Николовски овозможиле партиски предизборен јавен настан за политичка промоција финансирана со буџетски средства, со што е направена повреда на Изборниот законик и Законот за спречување корупција. Според ВМРО – ДПМЕНЕ, настанот се случил 21 јуни при увид на изградба на експресен пат Штип-Кочани.

Велес, 8 јули 2020 (МИА) – Рибари вчера околу 13.30 часот во полиција пријавиле дека на место познато како „Грнчкишки лаки“, на брегот на реката Вардар кај поранешната Фабрика за вештачки ѓубрива „Хемиска индустрија Велес“, пронашле тело на починато машко лице.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, полицијата извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Тетово, 8 јули 2020 (МИА) – Тетовската полиција бара кои се сторителите што направија ископ со градежен шут и го запалија во атарот на селото Порој. Случајот во полицијата е пријавен вчера околу 13 часот.

– Во СВР Тетово вчера е пријавено е дека на нива покрај железничката пруга во Тетово, во атарот на Порој, непознати сторители со мeханизација направиле длабок ископ и во него депонирале разновиден градежен и друг отпад, кој потоа бил запален. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица, пожарот бил целосно локализиран, соопшти СВР Тетово.

Атина, 8 јули 2020 (МИА) – На островот Тасос и во приморското место Пангео во близина на Кавала регистрирани се шест случаи на Ковид-19 кај асимптоматски туристи, веројатно од Бугарија и Србија, а четворица од нив веќе се сместени во хотел-карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

Позитивните случаи ги потврдија градоначалниците на двете општини, кои објаснија дека на островот Тасос четворица туристи се во карантин, додека пак во Пангео двајцата позитивни туристи биле дојдени на еден ден и веќе се заминати од Грција.

Скопје, 8 јули 2020 (МИА) – Македонската репрезентација е дел од првиот шешир за претстојното извлекување на претквалификациските групи за женското ракометно Светско првенство во Шпанија што ќе се одржи во период од 1 до 19 декември 2021 година. Во првиот шешир се уште и: Австрија, Белорусија, Словачка и Турција.

Втор шешир: Украина, Италија, Исланд, Швајцарија и Португалија.

Трет шешир: Литванија, Фарски Острови, Косово, Израел и Финска.

Четврти шешир: Грција и Луксембург.

Берлин, 8 јули 2020 (МИА) – За четири години, Германија прими околу 10.000 мигранти од турските бегалски кампови согласно договорот склучен меѓу Европската унија и Турција, објави весникот „Велт“, повикувајќи се на одговорот на Министерството за внатрешни работи на прашање од Слободна демократска партија. Весникот нагласува дека Германија, со голема разлика, е лидер во ЕУ по бројот на мигранти примени од Турција.

Според податоците на Европската комисија, од 4 април 2016 година до 16 март 2020 година, 28.835 мигранти се преселиле во Европа, согласно договорот со Анкара, од кои 9.967 – во Германија. Ова значи дека Германија прими двојно повеќе мигранти од Франција, која е на второ место по приемот на мигрантите од турските бегалски кампови. Договорот со Турција беше склучен откако таа земја прифати околу 3,6 милиони сириски бегалци.

Back to top button
Close
Close